Прашања кои го уништуваат првиот состанок – На овие две теми не треба да разговарате
Дали се подготвувате за првиот состанок? Исто како и на интервју за работа, постојат неколку грешки што можете да ги направите овде.
Сузан Тромбети е експерт за врски и сопственик на ексклузивна услуга за пронаоѓање на идеален партнер. Еве ги нејзините два совети за разговор на првиот состанок.
Избегнувајте две теми, и кога поставувате прашања и кога зборувате за себе!
- Премногу детали за работата
Во ред е да прашате некого со што се занимава, но не треба да навлегувате во многу детали на првиот состанок. Според Тромбети, прашањата за работната средина може да имаат невообичаен контра-ефект.
Замислете дека некој ве нервира на работа, имате колега од кој што ви паѓа мрак на очите? Сигурно не сакате да се присетувате на нив додека седите со некоја нова љубов, тоа целосно ќе ја уништи енергијата на разговорот. Држете се до заедничката основа и во прашањата и во одговорите. Се разбира, се подразбира дека е грубо да прашате некого колку заработува.
2. Премногу прашања во врска со поранешните врски “Мислам дека прашањето за поранешно момче или девојка е втората најлоша работа што можете да ја направите на состанок. Првото е да не го пуштите телефонот и да не обрнувате внимание на личноста со која разговарате”, наведува таа. Дури и ако имате луда забавна приказна за нешто што сте го доживеале во поранешна врска, оставете ја за некој следен состанок. Премногу приказни за минатото, или прашања за истото, доведуваат до заклучок дека живеете во минатото. Дека сте фокусирани на неа и можеби не сакате да се откажете од неа.