Почина мажот кој имаше 38 жени, 89 деца и 36 внуци


 

Во индиската држава Мизорам почина 76-годишникот за кој се верува дека е глава на најбројното семејство на светот.

Зион Чана, поглавар на верската секта која практицираше полигамија, почина во неделата, а зад себе остави 38 сопруги, 89 деца и 36 внуци.

Веста ја потврди главниот министер на Мизорама, Зорамтанга, кој на Твитер изрази сочувство. Чана наводно страдал од дијабетес и хипертензија.

Лекарите за новинската агенција Пи-ти-ај рекоа дека неговата состојба се влошила дом во неговото село Бактанг Тлангнуам. Во неделата навечер пренесен е во болница, каде по доаѓањето бил прогласен за мртов.

Тешко е да се каже дека Чана навистина бил глава на најголемото светско семејство, бидејќи постојат и други кои полагаат право на таа титула, пишува Би-би-си.

Исто така, тешко е да се процени точната големина на неговото семејство. Најмалку еден извештај тврди дека имал 39 сопруги, 94 деца, 33 внуци и еден правнук, што изнесува 181 човек.

Иако по локалните медиуми го нарекуваа „светски рекорд“ за толку големо земејство, нејасно е за колку глобален рекорд се работи. Но, без разлика дали бил или не светски рекорд, Чана и неговото семејство се вид локална сензација која ги привлекува туристите во селото на североистокот на Индија.