26. Златна Бубамара на 16 март во „Борис Трајковски“


Годишната 26. Златна бубамара на популарноста ќе се одржи на 16 март во арената „Борис Трајковски“ . Под мотото „Да наполниме батерии во скапа тарифа“омилената манифестација ќе направи пресек на овогодишната креативна продукција, сатирично ќе раскаже измината година и ќе ги награди најголемите уметници од Македонија и регионот.  

-Во ова време на енергетска, инфалциска, морална и духовна криза, Златна бубамара повикува да се забавуваме во музички ефикасна тарифа и да се арчиме за убаво расположение. Од енергетски ефикасниот штаб на Бубамара сега за сега ни откриваат само наградата за животно дело која ќе ја добие братскиот тандем Миле и Ѓорѓи Барбаровски, кои напишаа некои од најубавите песни во антологијата на македонската народна музика , велат организаторите.

Билетите ќе бидат пуштени во онлајн продажба на 23 февруари во 12 часот преку сервисот на karti.com.mk и mktickets.mk и во Розе Веро 2.