26 јуни во историјата – Франциско Пизаро, освојувачот на Инките, е убиен од шпански ривали


 

Франциско Пизаро, гувернерот на Перу и освојувач на цивилизацијата на Инките, е убиен во Лима од шпански ривали.

Вонбрачниот син на шпански господин, Пизаро служел под шпанскиот конквистадор Алонсо де Охеда за време на неговата експедиција во Колумбија во 1510 година и бил со Васко Нуњез де Балбоа кога стигнал до Тихиот Океан преку Истмусот во Панама во 1513 година. Тие биле првите Европејциј што го виделе Тихиот Окена од Америка. Слушајќи легенди за големото богатство на Инките во Јужна Америка, Пизаро формираше сојуз со колегата конквистадор Диего де Алмагро во 1524 година и отплови назад кон Америка. Нивната прва експедиција продрела дури до денешен Еквадор, но втората стигнала подалеку и открила докази за постоењето на кралството на Инките.

помош од императорот Шарл V и гаранција дека тој, а не Алмагро, ќе го добие поголемиот дел од идните профити на експедицијата, Пизаро отплови до Перу и се истовари во Тумбес во 1532 година. Тој ја предводеше својата војска по планините Анди до градот на Инките Кајамарка и се сретна со Атахуалпа, кралот на кралството на Инките во Кито. Откако ја стекнал неговата доверба, Пизаро го заробил Атахуалпа, издејствувал соба полна со злато како откуп за неговиот живот, а потоа предавнички го погубил. Освојувањето на Перу брзо стигна за Пизаро и неговата војска, а во 1533 година отпорот на Инките заврши со нивниот пораз во Куско.

Пизаро, сега гувернер на Перу, основал нови населби, вклучувајќи ја и Лима, и му го додели на Алмагро освојувањето на Чиле како помирување затоа што за себеси го барал богатството на цивилизацијата на Инките. Меѓутоа, Пизаро не успеал да му ја обезбеди на Алмагро целата земја што ја ветил, а Алмагро одговорил со заземање на Куско во 1538 година. Пизаро го испратил својот полубрат, Хернандо, да го врати градот, а Алмагро е поразен и убиен. Три години подоцна, на 26 јуни 1541 година, група ангажирана од поранешните приврзаници на Алмагро продрела во палатата на Пизаро и го убила конквистадорот додека тој вечерал. Набргу по неговата смрт, Диего ел Монцо, синот на Алмагро, се прогласи за гувернер на Перу.