21 август во историјата – Украдена е Мона Лиза

Винченцо Перуџа влезе во историјата крадејќи ја Мона Лиза од Лувр на овој ден во 1911 година. Тој беше Италијанец роден во северна Италија кој дошол да работи во Париз. Откако ја украл сликата, се обидел да ја продаде, што ѝ помогнало на полицијата да го пронајде и да ја врати сликата во Лувр.
Винченцо се преселил во Париз во 1908 година и наскоро се вработил во музејот. Работел како конзерватор на уметност, па брзо дознал за целата колекција и наскоро дошол до идеја да ја украде познатата слика.
Тој ден во седум часот наутро, Перуџа пристигнал во Лувр облечен во белата униформа што ја носеле повеќето вработени во музејот. Чекал додека Салонот Каре не се испразнил целосно, а потоа ја зел сликата. Ја симнал заштитната рамка во конференциската сала и ја скрил. Потоа ја соблекол својата бела униформа и ја покрил сликата со неа. Ноншалантно излегол од музејот и избегал.
Полицијата го испрашувала двапати, иако во тоа време не бил осомничен. Сликата стоела во неговиот стан во Париз две години, сè додека не отишол во Фиренца, каде што се обидел да ја продаде на една галерија таму. Кога сопственикот на галеријата сфатил што се случува, ја повикал полицијата, а Винченцо бил уапсен.
Откако јавноста дознала дека сликата е пронајдена по цели две години, популарноста на Мона Лиза нагло се зголеми. До 1913 година, таа била само уште една слика ценета од ентузијастите за историја на уметност, но по грабежот на Винченцо, таа била прогласена за најпознато уметничко дело, а Лувр забележа зголемување на посетителите.
Според крадецот Перуџа, тој ја украл сликата заради Италија и патриотизмот. Сепак, јасно е дека очекувал финансиска компензација за продажбата на фирентинската галерија.
Сепак, многумина верувале во неговата приказна. Винченцо Перуџа бeше осуден на една година затвор, но беше ослободен по само седум месеци. Неговата приказна често се нарекува „најпознатата уметничка кражба на 20. век“.