Нечовечките услови во психијатриските установи мора да станат минато – со само 300.000 евра обновено машкото одделение во Бардовци


Министерот за здравство Сашо Клековски денеска, по повод Светскиот ден на менталното здравје, го отвори целосно реконструираниот оддел „Машки 2“ во ЈЗУ Психијатриска болница – Скопје (Бардовци).   Одделот е со површина од околу 600 м², а за реконструкцијата се издвоени 300.000 евра.   „Пред четири децении, за време на моите студии, едно од двете […]

По „свадба“ тапани: Обвинителството во Кочани предложи мерка притвор за Михаилова


Обвинителството во Кочани утрово го извести судот дека Ива Михајлова ги прекршила мерките што ѝ се изречени и поднесе предлог за изрекување мерка „притвор“ поради ризик од бегство.Судијата на судот во Кочани треба да одлучи по барањето на обвинителството. Доколку судот го одобри барањето, веднаш ќе биде издадена наредба до Министерството за внатрешни работи за […]

Единаесет морнари се исчезнати по нападот со дрон во Црното Море


Единаесет морнари се исчезнати откако дронови потопија товарен брод крај брегот на Бугарија, втор ваков инцидент во Црното Море за една недела, што ја натера Бугарија да ја повика руската амбасадорка. Два товарни брода беа погодени од беспилотни летала ноќеска, од кои еден потона, соопштија бугарските власти. Бугарија не ја обвини директно Русија, но премиерот […]

Еко-свест бара министерот за животна средина итно да преземе мерки за решавање на проблемот со Југохром!


По актуелизирањето на ризикот од токсичната депонија со 6 – валентен хром во Јегуновце да го загади изворот за вода Рашче, Владата на Република Македонија одлучи да преземе мерки за спречување на загадувањето. Во моментов постои донатор кој може преку грант да го финансира првиот чекор – санирање на пречистителната станица и подготвителни активности за […]

Груби денеска излегува од притвор


 Поранешниниот вицепремиер Артан Груби, кој е второобвинет во случајот „Државна лотарија“, денеска излегува од домашен притвор, бидејќи истекува максимално предвидениот законски рок на оваа мерка. Неговата одбрана во меѓувреме доставила барање до судот за укинување и на дополнителните мерки на претпазливост, а како гаранција дека тој ќе биде достапен на органите на прогонот во текот […]

„Животот е лото“ – Дарио има нова брза песна со моќна порака


Важи за „златен дечко“ на македонската поп-естрада. Годините не му можат ништо, хитовите од четиридецениската кариера уште му се вртат во етерот, се бара влезница повеќе за неговите концерти и настапи. Се уште е срдечен, љубезен, професионален, еден од најдобро облечените пејачи кај нас, и по многу години во маркетинг и бизнис води, сега е […]

Дигиталната банка Револут отвора филијала во Хрватска


Револут, дигитална банка што ја користат приближно еден од шест Хрвати, или повеќе од 700.000 луѓе, планира да отвори хрватска филијала и да им обезбеди на своите клиенти хрватски IBAN-ови. Компанијата го потврди ова за „Јутарњи“, забележувајќи дека сè уште нема датум. „Јутарњи лист“ го праша „Револут“ дали е вистина дека аплицирале за целосна банкарска […]

Ковачев: Македонија нема основа да се жали на Бугарија


Бугарскиот европратеник Андреј Ковачев смета дека македонските власти немаат основа да поднесуваат жалби пред европските институции за случајот со Ива Михаилова, која и покрај судската забрана и одземените два пасоша ја напуштила Македонија и заминала во Бугарија. Според него, бугарските институции не постапиле спорно, а случајот треба да се разгледува од хуманитарен аспект. Ковачев, член […]

Виена, Прага и Братислава бараат „кочница“ за билатералните прашања во преговорите за ЕУ


Австрија, Чешка и Словачка, во заеднички неофицијален документ (нон-пејпер) дистрибуиран на 7 октомври во пресрет на состанокот на Советот за општи работи на Европската Унија, го посочија спорот меѓу Хрватска и Црна Гора како пример за билатерално прашање што го забавува пристапниот процес на кандидатите за членство, пишува загрепски „Вечерњи лист“. Во истиот контекст на […]

До петок облачно, на повисоките планини снег


До петок ќе преовладува променливо облачно и постудено време. Денес и во петок ќе има повремени локални врнежи од дожд, кои на некои од повисоките планини ќе преминат во снег, соопшти УХМР. Ќе дува засилен ветер од северен правец, кој наместа ќе биде силен со брзина над 60 km/h. За време на викендот ќе биде […]

Од Нобелова награда право во амфитеатар: Професорот Вудфорд го одржа испитот веднаш по веста од Стокхолм


Американскиот економист и професор на Универзитетот „Колумбија“, Мајкл Вудфорд, веднаш по веста дека е еден од добитниците на овогодишната Нобелова награда за економија, не ја пропушти наставата и го одржа веќе закажаниот испит за своите студенти. „Студентите аплаудираа откако ја слушнаа убавата вест. Претпоставувам дека некои се надеваа дека испитот ќе биде одложен, но мораше […]

Обвинителството повлече три од четирите обвиненија против филипинската потпретседателка Сара Дутерте


Филипинскиот Сенат, кој заседава и како суд за импичмент, денеска го одобри барањето на обвинителството за повлекување на три од четирите обвиненија против потпретседателката Сара Дутерте, оставајќи го обвинението за необјасниво збогатување како единствено прашање за кое треба да одлучуваат сенаторите во постапката што би можела да ѝ го оневозможи кандидирањето за претседателка во 2028 […]

Светот го помина врвот на ерата на Трамп


На Генералното собрание на ОН минатиот месец, американскиот претседател Доналд Трамп одржа победнички говор. Една деценија откако им рече на своите поддржувачи дека ќе нареди толку многу победи што „можеби дури и ќе се уморите од победување“, тој претстави листа на успеси, вклучувајќи го завршувањето на осум војни, акцијата против „насилникот од Блискиот Исток“ – […]

Реал ќе поднесе жалба за суспензијата на Винисиус


 Реал Мадрид има намера да поднесе жалба за исклучувањето на Винисиус Жуниор на натпреварот против Виљареал во 8. коло од Ла Лига (1:0). Во 72-та минута од натпреварот, за време на нападот, фудбалерот го зграпчи за коса играчот од средниот ред на Виљареал, Натан Салиба и во продолжение на акцијата постигна гол. Потоа судијата Исидро […]

СДСМ гледа договор „под радар“ за Ива Михаилова, ЛДП – правна хаварија


  СДСМ гледа договор „под радар“ за Ива Михаилова, која побегна од Македонија под нејасни околности и сега е на лечење во Бугарија. По изрежираното бегство на Никола Груевски, на Артан Груби и на други обвинети за криминал, што зборува не само за начинот како функционира политиката во државата, туку и за третманот на границата како […]

ММФ предвидува забавување на македонската економија во 2027 година


Македонската економија годинава ќе порасне 3,5 отсто, покажуваат октомвриските прогнози на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) објавени во извештајот „Светски економски преглед“ во очи на годишните средби на оваа финансиска институција и на Светска банка што ќе се одржат неделава во Банкок. Според прогнозите на ММФ, домашниот бруто-производ (БДП) на Македонија наредната 2027 година ќе забави […]

Дронови нападнаа бродови во близина на Бугарија; еден е потопен


  Два брода беа нападнати од дронови во близина на бугарскиот брег на Црното Море, а еден од нив потона. Премиерот Румен Радев ја потврди веста, истакнувајќи дека ова е втор таков инцидент во изминатата недела. Бродот „Челзи 3“, кој плови под малтешко знаме и е во сопственост на украинска компанија, беше погоден од три […]

Формула 1 се враќа во Африка по повеќе од 30 години, потпишан е десетгодишен договор


Формула 1 ќе се врати на африканскиот континент по повеќе од три децении. Руанда потпиша десетгодишен договор со раководството на шампионатот, а Гран При Африка треба да биде на календарот на почетокот на 2030-тите, објави Формула 1. Последната трка на Формула 1 во Африка се одржа во 1993 година, кога Гран При Јужна Африка се […]

Милиони се очекуваат за ретка слика од Ван Гог, луѓето чекаат со часови за да ја видат


Стотици луѓе во Хонг Конг во вторник чекаа во ред за да видат слика од Винсент ван Гог која не е јавно изложена повеќе од шест децении, пред аукцијата на Sotheby’s во Њујорк каде што делото би можело да достигне цена од 180 милиони долари. Аукцијата на 18 ноември ќе ја тестира силата на пазарот […]

И бугарското МНР се оградува од бегството на Михаилова


Министерството за надворешни работи на Бугарија тврди дека не било однапред известено за потезите на Ива Михајлова, нејзиното семејство и нејзиниот адвокат кои резултираа со нејзино пристигнување во Бугарија, ниту пак учествуваше во нивното организирање. Адвокатот стапил во контакт со Министерството непосредно пред да даде јавна изјава, соопштија од Министерството за надворешни работи на Бугарија. […]