(Видео) Сo факли и чадни бомби се славеше излегувањето на Груби од притвор
Десетици луѓе се собраа синоќа во Скопје за да го поздрават поранешниот вицепремиер Артан Груби, кој излезе од куќниот притвор определен во рамките на случајот во кој тој е обвинет за проневера на државни пари од Лотарија.
Груби, во друштво на пријатели и соработници, се појави триумфално, додека во исто време започна огномет, а луѓе држеа запалени факли и чадни бомби.
Инаку, Основниот кривичен суд Скопје го одби барањето на одбраната за враќање на патната исправа на Груби. Иако мерката куќен притвор му е укината по сила на законот, обвинетиот и натаму останува без пасош, а против него се определени дополнителни мерки за претпазливост.
Од Кривичниот суд информираат дека одлуката за укинување на куќниот притвор е донесена поради истекување на законски дозволениот рок од 60 дена, сметано од денот на поднесувањето на обвинителниот предлог.
Судот не му го врати пасошот на Груби, има и забрана да го напушта Скопје