Се чисти крајбрежјето на Дојранското Езеро


Општина Дојран почна со чистење на крајбрежјето по должина на шеталиштето во Стар Дојран. Општинските власти информираа дека се отстрануваат бекатон-плочки, камења и друг материјал што се насобирал со текот на годините. Од Општината велат дека целта е да се ослободи крајбрежјето од непотребниот отпад, да се уреди и дополнително да се посипе со песок, […]

Дарио Ивановски обезбеди место на Светското првенство 2027 година


Благодарение на резултатот кој го оствари на неодамнешниот Скопски Маратон, Дарио Ивановски, собра доволно поени кои му гарантираат место на маратонската трка на СП во Пекинг следната година, каде ќе настапат 100-те најдобри на светот. Тренерот на Дарио, Игор Јакимовски објави дека најпознатиот маратон во Македонија ги поседува сите критериуми за квалитет, и ги рангира […]

„Пајакот“ на ПОЦ кренал 135 непрописно паркирани возила


ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје со помош на специјалните возила „Пајак“ санкционирале 135 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот. Од ПОЦ велат дека тие и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка. Воедно апелираат до граѓаните да ги почитуваат правилата и прописите и да ги […]

Вдовица донира вила вредна 1,6 милиони евра на езерото Комо на општината во спомен на нејзиниот покоен сопруг


  Вдовица одлучи да донира вила на езерото Комо на општината Варена, чија вредност се проценува на повеќе од 1,6 милиони евра. Со овој потег, Лоредана Спига Вениер сака да го зачува споменот на својот покоен сопруг Џанмарко. Имотот во срцето на едно од најпознатите италијански одморалишта нема да бара нов сопственик, туку ќе стане […]

Авиокомпанијата „Квантас“ откажа лет од Рим поради појава на стеници


По пронајдени стеници на седиштата во економска класа, австралиската авиокомпанија „Квантас“ го откажа летот од Рим, соопшти денеска портпаролот на компанијата. „Се извинуваме поради вонреднава ситуација. На засегнатите патници ќе им обезбедиме сместување и избор на летови во рок од 48 часа“, изјавија од компанијата за „Гардијан“, нагласувајќи дека кабините редовно се чистат според високи […]

Александар Вучиќ ја „позајмил“ идејата за предизборниот спот од Бенјамин Нетанјаху


Новиот предизборен спот на листата „Александар Вучиќ – Единствена Србија“ привлече големо внимание во регионот бидејќи видеото е речиси идентично со рекламата во која се појави израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху пред 11 години. Вучиќ го објави видеото на 10 октомври на својот профил на мрежата X, а во видеото, поранешниот претседател на Србија се појавува […]

Отворање на првиот Едукативно – технолошки центар за развој на пчеларството во Македонија


Во рамки на проектот „Жените пчеларки како двигатели на позитивни промени во Република Северна Македонија“, финансиран од Владата на Словенија, задутре ќе биде отворен Националниот пчеларски центар, прв од ваков тип во земјава. Како што информира Развојната и хумантирна агенција АДРА Македонија, Центарот ќе биде регионален катализатор на знаење, каде пчеларите, особено жените претприемачи во […]

Земјоделците да ги прилагодат своите активности на временските промени, апелираат агрометеоролозите


 Земјоделските производители ќе мора брзо да ги прилагодат своите активности кон најавената промена на синоптичката состојба. Тие треба будно да ја следат влажноста на почвата по дождовите за да го одредат оптималниот момент за сеидба, но и навремено да го организираат транспортот и складирањето на веќе собраните плодови пред почетокот на пообилните врнежи, за да […]

Мелони бара од ЕУ долгорочни мерки за справување со високите цени на енергијата


 Италијанската премиерка, Џорџа Мелони, синоќа ја повика Европската Унија да изнајде долгорочни решенија за високите цени на енергијата, предупредувајќи дека без нив Европа ќе мора постојано да прибегнува кон воведување итни мерки. Говорејќи на собир на деловното здружение Асоломбарда во Милано, Мелони повика на „структурни и долгорочни решенија“ и најави дека на состанокот на Европскиот […]

Франција: Околу 200 училишта затворени поради протестите на средношколците


Околу 200 училишта во Франција денеска се затворени поради протестите на средношколците, изјави министерот за национално образование Едуар Жефре, оценувајќи дека влијанието на демонстрациите врз работата на училиштата се намалува во споредба со претходните недели. Жефре за Франс Интер изјави дека некои училишта се затворени поради близината на рутите на демонстрациите, со цел да се […]

Дојава за бомба во авион од Њујорк до Израел. Евакуирани патници


Патниците на авионот на американската компанија Делта Ер Лајнс, кој леташе од Њујорк до Тел Авив, беа евакуирани утрово по слетувањето на израелскиот аеродром Бен Гурион поради анонимна дојава за бомба, пишува „Мирор“. Според дојавата, наводно во авионот имало експлозивна направа, поради што веднаш биле покренати безбедносни процедури. Патниците биле евакуирани во терминалната зграда, а […]

Бугарија пријави нови напади со дронови врз бродови во Црното Море


Бугарскиот премиер Румен Радев соопшти дека се регистрирани нови напади со дронови врз бродови во Црното Море, оценувајќи дека ваквите напади во непосредна близина на бугарските територијални води се „апсолутно неприфатливи“. Радев изјави дека е свикан итен состанок на Советот за безбедност при бугарската влада, за време на кој е примена информација за уште еден […]

Училиштниот базен „Партизан“ денеска се примопредава на Пливачката федерација


Уште во 2023 година во Општина Карпош  почна изградбата на затворен пливачки базен од втора категорија, кој од властите беше претставен како значаен капитален проект кој ќе придонесе за унапредување на спортот, образованието и здравиот развој на младите генерации. Денеска, три години подоцна најавуваат дека училишниот базен „Партизан“ од Општина Карпош официјално ќе биде примопредаден […]

Јорданскиот крал Абдула Втори во посета на Австралија


Канбера – Јорданскиот крал Абдула Втори денеска пристигна во Австралија во дводневна официјална посета, чија цел е зајакнување на билатералната соработка во одбраната, регионалната безбедност и трговијата. Австралискиот премиер Ентони Албанезе се очекува да го пречека кралот во Канбера, каде што се предвидени и средби со генералната гувернерка Сем Мостин, како и со високи владини […]

Гувернерот Славески учествува на Годишните средби на ММФ и Светска банка во Бангкок


Делегација предводена од гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, и министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, ќе учествува на Годишните средби на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Групацијата на Светската банка (СБ), коишто ќе се одржат оваа седмица во Бангкок, Тајланд. Во составот на делегацијата на Народната банка се и вицегувернерката Ана Митреска и советничката на […]

ММФ благо ја зголеми прогнозата за глобалниот раст, влијанието на вештачката интелигенција врз пазарот на трудот го спореди со цунами


Вашингтон – Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) благо ја зголеми прогнозата за растот на светската економија во 2026 година на 3,1 отсто, но предупреди дека растот ќе остане слаб, додека за влијанието на вештачката интелигенција врз пазарот на трудот оценката е дека ќе се шири како „бавно цунами“. Фондот во јуни предвидуваше глобален раст од три […]

Без струја делови од општините Аеродром и Чучер Сандево


Корисниците од дел од улица „Тодор Чангов“ бр. 28 и  дел од ул. „Данка Фирфова“ во населба Лисиче во општина Аеродром денеска од 9 до 14 часот ќе немаат електрична енергија, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи по известување добиено од  ЕВН Македонија АД. Без струја од 9.30 до 13 часот ќе бидат и […]

Без вода дел од населбата Крњево


 Без вода денеска од 9 часот ќе бидат корисниците од улицата „Хусеин Бајрам“ и улиците со број од 163 до 172 во населбата Крњево. Причина за прекинот е водоводен приклучок од ф150мм на ул.„ Дана Стуцки бр.18“. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување со работните активности. 

Отворени денови на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“


Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје од денеска до 16 октомври ќе ги организира 11. Отворени денови. Институтот соопшти дека во рамки на годинашната манифестација ќе бидат чествувани неколку јубилеи: 1110 години од упокојувањето на Климент Охридски и 1140 години од основањето на Охридската книжевна школа; 100 години од упокојувањето на Крсте Мисирков; […]

Бугарија побара помош од ЕУ и НАТО за истрагата за нападите со дронови врз два брода во Црното Море


Софија – Бугарија побара техничка помош од Европската Унија и НАТО во истрагата за минатонеделните напади со дронови врз два товарни брода во Црното Море,  од кои едниот потона, а другиот беше оштетен. Бугарскиот премиер, Румен Радев, вчера изјави дека сè уште не е јасно дали дроновите биле лансирани од Русија или од Украина. Еден од […]