Претседателката Сиљановска-Давкова по повод 23 Октомври: Почит на генерациите кои ги поставиле темелите на македонската држава


Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во честитка по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба порачува дека не може да се говори за ослободувањето на татковината и за државноста без да се оддаде почит на генерациите кои ги поставиле темелите на македонската држава. Во честитката, Сиљановска-Давкова истакнува дека партизаните и нивните потомци со право се […]

Грчкиот парламент одобри забрана за пристап до социјалните мрежи за деца под 15 години од 1 јануари 2027 година


Грчкиот парламент одобри закон со кој ќе се забрани пристапот до социјалните медиуми за деца под 15 години од 1 јануари 2027 година,јави ЕРТ. Законот, поднесен од грчкиот државен министер Акис Скерцос, беше усвоен со мнозинство гласови во пленарната сала на парламентот  по дебатите што траеја повеќе од 16 часа. Новите одредби бараат од платформите […]

Почина хрватскиот режисер и аниматор Борис Колар, еден од авторите на „Професорот Балтазар“


Во средата во Загреб, на 94-годишна возраст, почина Борис Колар, режисер, аниматор, сценарист и еден од клучните автори на серијата „Професор Балтазар“. Здружението Професор Балтазар, компанијата Професор Балтазар д.о.о. и загрепската филмска институција во заедничкото соопштение порачаа дека со неговото заминување хрватската култура остана без исклучителен уметник, а генерациите што израснаа со „Професорот Балтазар“ без […]

Музеите Лувр, Орсе и Пикасо утре ќе бидат затворени поради протестите во Париз


Музеите Лувр, Орсе и Пикасо во Париз, како и изложбениот простор Гран Пале, ќе бидат затворени в сабота, 24 октомври, поради најавените демонстрации во францускиот главен град, соопшти синоќа Министерството за култура на Франција. Во врска со најавените нови протести, француското министерство ги повика сите институции под негова надлежност да преземат сите мерки за да […]

Мајкрософт развива алатка со вештачка интелигенција што може да поставува дијагнози како лекар


Истражувачи на „Мајкрософт“ објавија дека алатката за вештачка интелигенција (ВИ) што дијагностицира болести чекор по чекор, како што прават лекарите, е повеќе од двојно попрецизна од општите лекари во решавањето на сложени медицински случаи, се наведува во студија објавена во списанието „Сајенс“ (Science). Според студијата, моделот одредува кои прашања треба да му се постават на […]

Хакиран мобилниот телефон на зетот на Трамп, откриени тајни сметки со стотици милиони долари


Холандската воена разузнавачка служба (MIVD) тајно го следела мобилниот телефон на зетот и пратеникот и преговарач на Доналд Трамп, Џаред Кушнер, со години и открила како тој управувал со стотици милиони долари од арапски монарси преку скриени странски сметки, открива американското списание „Венити фер“ (Vanity Fair) во ексклузивен извадок од новата книга на истражувачкиот новинар […]

Извештај: Речиси 980.000 депортации во првите 18 месеци од вториот мандат на Трамп


Министерството за внатрешна безбедност на САД извршило 980.000 депортации во првите 18 месеци од вториот мандат на претседателот Доналд Трамп, јавија американски медиуми, повикувајќи се на извештај објавен од Институтот за миграциска политика. Само 20 отсто од сите депортирани лица во тој период биле лица со кривични пресуди, се вели во извештајот. Меѓу депортираните имигранти […]

Студентите или Вучиќ: Во Србија в недела ќе се одржат вонредни парламентарни избори


Србите в недела ќе гласаат на вонредни парламентарни избори кои се сметаат за едни од најнеизвесните од воведувањето на повеќепартискиот систем во 1990 година. Право на глас имаат 6.450.523 избирачи запишани во Единствениот избирачки список, а ќе се гласа на 8.392 избирачки места, од кои 93 се во странство. Граѓаните на Србија на парламентарните избори […]

Моите несогласувања со Трамп не се на лична основа, рече Зеленски


Соочен со зголемен притисок од САД, украинскиот претседател Володимир Зеленски го предупреди американскиот претседател Доналд Трамп да не прави понатамошни отстапки кон Русија и во интервју за Си-Ен-Ен изјави дека укинувањето на санкциите ќе ја направи Москва посилна, јави ДПА. „Мојот став кон Путин е апсолутно јасен. Верувам дека ако ги укинеме санкциите, ќе го […]

Училиштата и продавниците се затворени во Тајван поради тајфунот Чампи


Во Тајван, училиштата и продавниците се затворени денеска, а стотици летови беа откажани бидејќи тајфунот Чампи, со силни ветрови и поројни врнежи од дожд, поминува покрај островот.Локалните медиуми јавија за еден загинат и десетина повредени. Тајфунот го достигна својот врв претходно оваа недела со ветрови од 298 километри на час. Приближувајќи се кон Тајван од […]

Путин: Преговорите за Украина мора да ја вклучат безбедноста на цела Европа


Рускиот претседател Владимир Путин  изјави дека идните преговори за завршување на војната во Украина треба да се фокусираат на безбедносните гаранции за двете земји и широка рамка за европската безбедност. Во интервју за руската телевизија, еден ден по средбата со специјалниот претставник на американскиот претседател, Стив Виткоф, Путин потврди дека Русија е подготвена да ги […]

Денови на македонска култура во Будимпешта 2026: гастрономија, музика и скулптура во есенското издание


Деновите на македонска култура во Будимпешта 2026 продолжуваат со есенски циклус настани од 23 до 26 октомври, во рамки на кој унгарската публика ќе има можност да ја запознае македонската култура преку гастрономијата, музиката и ликовната уметност. Програмата започнува денеска и утре со Деновите на македонска гастрономија во ресторанот Yugo Resto-Bar во Будимпешта. Гостин-готвач ќе […]

Во Собранието ќе биде доделена државната награда „23 Октомври“


Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година за долгогодишни остварувања во областа на науката, културата, образованието, заштитата на државните интереси и промоција на државните приоритети, вредности и културно-историското наследство од јавен интерес на Република С. Македонија, ќе биде доделена денеска во Кристалната сала на Собранието. За остварување во областа на културата и уметноста, наградата му […]

„Гугл мапс“ му рекоа „не“ на Трамп за преименување на Атлантикот во Океан Трамп


Претседателот Доналд Трамп рече дека Google Maps го одвратиле да го преименува Атлантскиот Океан во „Трамп Океан“. На митингот во Клемсон, Јужна Каролина, во средата, тој појасни дека сериозно размислувал за идејата, но извршниот директор на Google, Сундар Пичаи, го отфрлил од тоа. Трамп спомна и други локации чии имиња веќе ги променил, но нагласи […]

Новинарот кој спаси возач во Австралија: „Беше застрашувачки“


Телевизиски репортер од Австралија го опиша драматичното спасување на човек од автомобил однесен од поплавните води како застрашувачко искуство, но додаде дека чувството на спасување на човечки живот е „едно од најдобрите“. Вил Мареј, новинар за австралискиот јавен радиодифузер ABC, вчера известуваше од поплавено подрачје северно од Бризбејн во Квинсленд. За време на неговото известување, […]

Сиљановска-Давкова на одбележувањето на 70-годишнината од Унгарската револуција од 1956 во Будимпешта


Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во Будимпешта ќе присуствува на одбележувањето на 70-годишнината од Унгарската револуција од 1956 година. Како што информираат од кабинетот на претседателката, во рамки на меѓународната програма ќе се одржи свечена седница на Националното собрание на Унгарија, како и централен комеморативен собир на плоштадот „Лајош Кошут“. Сиљановска-Давкова ќе присуствува на работниот ручек […]

Променливо облачно со повремен дожд


Времето денеска ќе биде променливо облачно, во утринските часови со услови за повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 14, а максималната ќе достигне од 17 до 23 степени. Во Скопје, променливо облачно со слаб […]

Македонија никако да напредува во владеењето на правото, падна уште едно место на Индексот на ВЈП


  Во новиот Индекс на владеење на правото за 2026 година на Светскиот проект за правда (ВЈП), Македонија го влоши својот вкупен резултат, најмногу во индикаторите за корупцијата во власта, парламентарната и судската контрола на извршната власт, времетраењето на судските постапки. Таа се наоѓа на 65. на Индексот со резултат од 0,54, а во 2025 […]

Мицкоски прво сака да се усвои Акцискиот план за малцинствата, а потоа се можни уставни измени


  Премиерот Христијан Мицкоски денеска од Самитот на Берлинскиот процес во Милочер, Црна Гора, изјави дека предуслов за уставни имени е прво да се договори Акцискиот план за малцинствата со членките на ЕУ, на кој уште нема согласност само од Бугарија. Според него, во овој процес ќе се видела вистинската намера на главните актери во […]

Славјанка Петровска објави дека била разрешена од функцијата заменик-координатор на пратеничката група на СДСМ


  На денешната координација со пратениците на СДСМ наводно било соопштено дека раководството на партијата донело одлука Славјанка Петровска да биде разрешена од функцијата заменик-координатор на пратеничката група. За таа одлука Петровска зборуваше во гостувањето на 4ТВ. Таа рече дека не гледа конкретна причина за нејзиното разрешување, бидејќи во досегашната работа не ѝ биле укажани […]