Олеснета постапка за визи за Саудиска Арабија за македонските државјани


Северна Македонија е официјално вклучена на листата на земји чии државјани можат да добијат туристичка електронска виза (e-Visa) или виза по пристигнување (Visa on Arrival) за Кралството Саудиска Арабија – информира вечерва Министерството за надворешни работи и надворешна трговија. Со ова се овозможува поедноставена и побрза постапка за патување на македонските државјани, со значително намалување на […]

Нина Талеска освои сребрен медал на Светското првенство во хип-хоп во Полска


 Нина Талеска од танцовото студио BREAK A LEG го освои второто место на Светското првенство во хип-хоп, кое се одржува во Келце, Полска, освојувајќи сребрен медал во категоријата хип-хоп соло „Мини кидс“. Со овој резултат, Талеска го постигна најголемиот успех за Македонија досега во оваа категорија, натпреварувајќи се со млади танчери од целиот свет. „Овој […]

Со „Маршот на Дрина“ и Уставот, на завршниот митинг се претставија кандидатите на Студентската листа


  Со звуците на „Маршот на Дрина“, околу 250 кандидати на Студентската листа, продефилираа вечерва пред десетици и десетици илјади луѓе на Славија во Белград, на последниот митинг пред парламентарните избори во недела. Со Уставот во рака и кренати три прсти ги потсетија сите присутни за кого треба да гласаат (Студентската листа настапува на изборите […]

Еден Хрват исчезнат, друг повреден, на бродот имало и Босанец: Нападнат танкер во Црното Море


Хрватски морнар, офицер на палубата, е исчезнат по нападот со беспилотно летало врз танкерот „Вајн Трејдер“ во Црното Море, а дури и една недела по инцидентот нема нови информации за него, бидејќи спасувачките екипи сè уште не можат да влезат во внатрешноста на бродот поради сериозни оштетувања. Нападот се случил на 15 октомври во раните […]

Турција и Канада договорија стратешко партнерство


Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган и премиерот на Канада, Марк Карни денеска во Анкара договорија стратешко партнерство, што ќе биде фокусирано на трговијата и инвестициите, одбраната и безбедноста, енергетиката и поврзаноста помеѓу луѓето и создавање на работни места со цел да се зголемат можностите за соработка помеѓу турските и канадските компании. Карни наведе дека […]

Повеќе дронови и обезбедување кај Музејот на современата уметност за 23 Октомври


Министерството за внатрешни работи информира дека утре, 23 октомври, по повод одбележувањето на државниот празник Денот на македонската револуционерна борба, ќе се користат беспилотни летала (дронови) за снимање од воздух. Од МВР соопштуваат дека за потребите на реализацијата на свеченоста, паркинг-просторот на Музејот на современата уметност ќе биде обезбедуван од 10 до 23:30 часот, поради […]

Просечната нето-плата во август 48.733 денари


Просечната месечна исплатена нето-плата во земјава во август 2026 година изнесувала 48.733 денари, што е зголемување за 7,6 проценти во споредба со истиот месец лани, објави Државниот завод за статистика. Растот на просечната нето-плата на годишно ниво, пред сè, се должи на зголемувањето на платите во секторите Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување […]

Данска купува проектили со долг дострел, Русија со предупредување до Копенхаген


 Данска денеска соопшти дека договорила купување на првите прецизни проектили со долг дострел, со цел да ја зајакне безбедноста и да ја одврати руската агресија врз Европа. Данскиот министер за одбрана Јепе Брус изјави дека новите ракетни системи ќе ги зголемат капацитетите на Данска и ќе ѝ овозможат да напаѓа „зад непријателските линии“ во случај […]

(Во живо) Колони граѓани тргнаа на завршниот митинг на Студентската листа на „Славија“, сообраќајот сопрен


Колони студенти и граѓани кои ја поддржуваат „Студентската чиста – Студентите победуваат“ на вонредните парламентарни избори во недела, 25 октомври, денес тргнаа од неколку делови на Белград на прошетка до плоштадот Славија, каде што во 18 часот ќе започне завршниот митинг на таа листа наречен „Победата повикува“.   Сообраќајот на плоштадот Славија, каде што беше […]

Неколку илјади посетители на прославата на третиот роденден на Diamond Mall со Петар Грашо и Јелена Розга


Неколку илјади посетители беа дел од големата роденденска прослава на Diamond Mall, со која трговскиот центар го одбележа својот трет роденден. Главни музички ѕвезди на вечерта беа Петар Грашо и Јелена Розга, кои со своите настапи создадоа одлична атмосфера пред бројната публика. Во рамки на прославата се одржа и финалното извлекување од големата роденденска наградна […]

ЕУИПО: Во ЕУ лани запленети фалсификувани артикли во вредност од 6,3 милијарди евра


Во Европската Унија во 2025 година запленети се повеќе од 196 милиони парчиња фалсификувана артикли, што е најголема количина досега. Запленетите фалсификувани артикли во 2025 година се за дури 67 проценти повеќе од претходната година, се наведува во извештајот на Канцеларијата за интелектуална сопственост на Европската унија (ЕУИПО) со седиште во Аликанте, Шпанија. Проценетата вредност […]

Повредено лице чекало помош, но Итната помош не испратила екипа – кривични пријави за двајца вработени во Тетово


Кривични пријави се поднесени против двајца вработени во Итната медицинска помош при ЈЗУ Тетово, поради сомнение дека не обезбедиле медицинска интервенција за повредено лице во тетовското село Доброште, иако бил примен телефонски повик за помош. Како што информира Министерството за внатрешни работи, СВР Тетово поднело кривична пријава против И.В. (35) и И.М. (51), двајцата од […]

Радев предлага само еден учебник по историја. Историчарите тоа го нарекоа „чекор кон авторитаризам“


  Историчари од Софискиот универзитет и Бугарската академија на науките (БАН) предупредуваат дека иницијативата на премиерот Румен Радев за обединување на образованието во хуманитарните науки ги загрозува плурализмот, критичкото размислување и академската слобода. Академската заедница гледа опасни паралели со недемократски режими, како од минатото, така и од сегашноста. Предлогот на премиерот Румен Радев за воведување […]

АмЧам: Посилна заштита на интелектуалната сопственост преку активно Национално координативно тело


Американската стопанска комора во Северна Македонија (АмЧам) вчера во Скопје организираше тркалезна маса посветена на унапредување на заштитата на интелектуалната сопственост. Во фокусот беше улогата на Националното координативно тело и можностите преку неговата работа да се обезбеди поефикасна заштита во оваа област.  На настанот учествуваа претставници од институции, деловната заедница и стручната јавност, а поздравни […]

„Барклис“ скратува 5.000 работни места и покрај раст на профитот


Британската банка „Барклис“ објави планови за скратување на 5.000 работни места, или околу 5 проценти од својата работна сила, како дел од иницијативата за ефикасност водена од вештачка интелигенција. Намалувањата се резултат на „организациско поедноставување и зголемување на ефикасноста преку технолошки промени водени од вештачка интелигенција“, соопшти банката, додавајќи дека намалувањата првенствено ќе влијаат на […]

Со вториот ребаланс на Буџетот ги усогласуваме проекциите со реалните економски движења, вели Димитриеска Кочоска


Собраниската Комисија за финансирање и буџет ја почна седницата во чии рамки треба да се разгледаат повеќе од 120 амандмани за вториот ребаланс на Буџетот. Пред пратениците најпрво се обрати министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, која изрази уверување дека расправата ќе биде конструктивна и заснована на аргументи. Како што рече Димитриеска-Кочоска, ребалансот не е само […]

Природонаучниот музеј на Македонија одбележува 100 години


Природонаучниот музеј на Македонија на 26 октомври одбележува значаен јубилеј – 100 години постоење, научна посветеност и истражување на природното богатство на земјава. По повод стогодишнината, во Македонскиот народен театар ќе се одржи свечена академија посветена на еден век работа на институцијата која низ децениите прерасна во значаен чувар на природното наследство и негов непроценлив […]

Медитеранот во нотите, тајна во стиховите во новиот сингл на екс-Фрајла Марија Мирковиќ


По низа успешни синглови и два самостојни албума, Марија Мирковиќ отвора ново музичко поглавје! Со новата песна „Niko” носи енергичен ритам, заразна мелодија и емоција инспирирана од грчката музика, а воедно го најавува и новиот албум „El Greko”, кој излегува за само две недели. Марија Мирковиќ го претставува новиот сингл „Niko”, песна која уште на […]

Пресудата против родителите Кецмановиќ е испратена до Апелациониот суд; Се решава по жалбите


Високиот суд во Белград ги испрати списите на предметот до Апелациониот суд со првостепената пресуда со која Владимир и Миљана Кецмановиќ се осудени на неколку години затвор. Тие се родители на момчето кое уби 10 лица во основното училиште „Владислав Рибникар“ на 3 мај 2023 година. Списите на предметот, заедно со жалбите на бранителите и […]

Охридскиот суд ги ослободи обвинетите за нападот врз Христијан Пендиков


  Повеќе од три години по претепувањето на Христијан Пендиков, секретар на бугарскиот клуб во Охрид, Основниот суд во градот ги ослободи обвинетите за нападот. Оваа пресуда доаѓа откако Апелацискиот суд во Битола одлучи предметот да го врати на повторно одлучување пред првостепениот суд. Денешното рочиште заврши за помалку од два и пол часа, без […]