Товарен брод потона во Црното Море кај Констанца по сомнителен напад со дрон; еден морнар е загинат


Тoварен брод потона во Црното Море по сомнителен напад со беспилотно летало на 13 наутички милји од брегот на романскиот град Констанца, јавија романските медиуми додавајќи дека во моменто се водат спасувачки операции.  Екипажот испратил сигнал за помош (SOS) и романските власти интервенирале за да ги спасат морнарите. На бродот имало 13 лица, од кои […]

Најмалку 16 лица загинаа, 54 се повредени во земјотрес на Тибет со јачина од 7 степени


Најмалку 16 лица загинаа, а 65 се повредени во земјотрес со јачина од 7,0 степени што го погоди округот Нагчу во северен Тибет во автономниот регион Сиканг во југозападна Кина, соопштија локалните власти. Кинескиот претседател Шји Џинпинг нареди да се вложат максимални напори во потрагата и спасувањето на исчезнатите, како и што е можно поскоро […]

ПМФЛ: Силекс и Шкендија А го отвораат 11. коло


 Со натпреварот меѓу Силекс и Шкендија Арачиново, попладнево од 14 часот на стадионот во Кратово, ќе биде отворено 11. коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ). Силекс ја пречекува Шкендија по минатонеделниот гостински триумф над Башкими (3-0) со што кратовскиот тим стави крај на серијата од шест натпревари без победа, додека дебитантот во прволигашката конкуренција […]

Костадиновски: Иднината на уставното судство е во дијалог, а не во натпревар за моќ со Законодавецо


Претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски, се обрати на меѓународната конференција „Улогата на уставните судови во заштитата на демократијата и демократското функционирање на институциите“, којашто се одржа на 22 октомври 2026 година во Приштина, по повод 17-годишнината од основањето на Уставниот суд на Република Косово. Дел од делегацијата се судиите проф. д-р Ана Павловска-Данева […]

ВМРО-ДПМНЕ за 23 Октомври: Да ја градиме државата со чесност, знаење, труд и одговорност


ВМРО-ДПМНЕ упати честитка по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, порачувајќи дека македонската државност претставува наследство од минатите генерации, но и обврска за создавање подобра иднина, особено за младите. „23 Октомври нè потсетува дека Македонија е наследство од предците, одговорност на сегашноста и аманет за идните поколенија“, се наведува во партиската честитка. […]

Самит ЕУ- Западен Балкан на 25 ноември во Брисел


 Лидерите на Европската Унија и Западен Балкан ќе се состанат во Брисел на 25 ноември, соопшти денеска Европскиот совет  нагласувајќи дека самитот ќе биде можност да се потврди важноста на партнерството ЕУ и регионот. На состанокот, ЕУ ќе ја претставуваат претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, и претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, […]

Филипче: Долгот ќе стигне до 12 милијарди евра, државата не ќе може да плаќа ни камати


Венко Филипче, во интервју на Алсат ТВ, укажа дека владата на Мицкоски ја задолжува државата со милијарди евра нови долгови, а граѓаните не гледаат подобар животен стандард ниту придобивки од задолжувањата. Филипче предупреди дека со новото задолжување вкупниот долг на државата ќе достигне 12 милијарди евра, а товарот ќе го плаќаат идните генерации. „Сега ќе […]

Нетанјаху сега ќе го затвора и Западниот Брег


Кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и нареди на армијата да се подготви за целосно затворање на окупираниот Западен Брег, откако израелски војници застрелаа и убија двајца мажи, за кои војската тврди дека извршиле „терористички напад“ во близина на градот Хеброн. Службите за итни случаи соопштија дека пет лица се повредени и пренесени во болници. […]

Левица: Не постои национално ослободување без економско


За Левица, денот на македонската револуционерна борба е потсетник дека не постои националното ослободување без економско ослободување. -Делото на истакнатите левичарски револуционери ја потврдува синтезата на борбата како за национална слобода, така и за ослободување на работниот народ од експлоатацијата, сиромаштијата и власта на привилегираните класи, се вели во соопштението од ПП Левица, што МИА […]

Нова анкета во Германија создаде дополнителна главоболка: Десничарите сè уште уживаат најголема поддршка


  Алтернатива за Германија (AfD) останува партијата со најголема поддршка во Германија, според најновата анкета на Институтот за демократија Аленсбах, спроведена за Франкфуртер алгемајне цајтунг. Доколку изборите се одржаа оваа недела, AfD би освоила 27 проценти од вторите гласови, што е за еден процентен поен помалку отколку во септември, но два повеќе отколку во јануари. […]

(Галерија) Мавровското Езеро е магично во боите на есента


Мавровското Езеро деновиве е магично благодарејќи на боите на есента кои се прелеваат преку водите на вештачката акумулација. Како и секоја година така и оваа есен нуди спокојна атмосфера, шарени планини и идеални услови за одмор во природа, на нешто повеќе од еден час возење од метрополата.   Нашиот фоторепортер Борис Грданоски направи куса обиколка […]

Хегсет го сакал глобусот на Ајзенхауер во својата канцеларија. Неговите луѓе го оштетиле


Персоналот на американскиот воен секретар Пит Хегсет оштетил непроценлив историски глобус што го сакал во својата канцеларија во Пентагон. Воените претставници потврдија дека помошниците на Хегсет се обиделе сами да го преместат артефактот, но го испуштиле. Станува збор за таканаречениот глобус на Ајзенхауер, кој наводно го користел Двајт Д. Ајзенхауер додека бил врховен командант на […]

Руски танкер со 40.000 тони дизел плови кон Њујорк по договорот меѓу Путин и Трамп


Танкер под знаме на Малта, што превезува 40.000 тони руски дизел, отплови за Њујорк по договор меѓу рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп, според податоците од британската аналитичка компанија LSEG. Танкерот „Агиои Фанедес“ натоварил 40.000 тони дизел во руското балтичко пристаниште Приморск на 22 октомври, а се очекува да пристигне во САД […]

Владата на европска сила испрати итно предупредување до граѓаните: Снабдете се со храна и вода


  Според новите упатства на британската влада, на домаќинствата им се препорачува да подготват до девет литри флаширана вода по лице, залихи од храна, ќебиња, готовина, комплет за прва помош, фенерче со резервни батерии и радио на навивање. Целта на кампањата е да ги убеди луѓето да се снабдат со залихи што ќе траат 72 […]

Норвешкиот пензиски фонд во загуба од 30 милијарди долари


Норвешкиот пензиски фонд во четвртокот објави дека го затворил третиот квартал со загуба од 278 милијарди норвешки круни (29,71 милијарди долари), со негативни резултати од инвестициите во обврзници. Во првата половина од годината беше позитивен и изнесуваше 9,4 отсто, пред се благодарение на растот на вредноста на акциите на технолошките компании. Приносот на фондот беше […]

Премиерното Светско клупско првенство за фудбалерки ќе се одржи во 2028 во САД


Првото Светско клупско првенство во женски фудбал ќе се одржи во САД, од 5 до 30 јануари 2028 година, објави Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА). „Оваа одлука е донесена врз основа на искуството во организирањето турнири на ФИФА, инфраструктурата и услугите, како и интересите на засегнатите страни во фудбалот во Соединетите Американски Држави“, образложи ФИФА. На […]

Рубио и Руте разговараа за безбедноста на Црното Море, постигнувајќи мирно решение за Украина


Американскиот државен секретар Марко Рубио синоќа разговараше со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, за безбедноста на Црното Море, како и за тековните напори за посредување во мирно решение меѓу Русија и Украина, соопшти  Стејт департментот. Во соопштението се наведува дека за време на телефонскиот разговор, Рубио и Руте разговарале и за подготовките за состанокот […]

Екстремните жештини летово одзеле повеќе од 50.000 животи, економијата со загуби од 113 милијарди евра


Според најновите научни истражувања, повеќе од 50.000 луѓе починале во Европа во летото 2026 година поради екстремна топлина. Тоа беше најсмртоносното лето во однос на смртните случаи поврзани со високи температури на воздухот од почетокот на 21 век, додека европската економија претрпе загуби од 113 милијарди евра. Според резултатите од истражувањето објавено од научници од […]

Србија во недела излегува на избори: Анкетите се разидуваат, а исходот е неизвесен


  Два дена пред предвремените парламентарни избори во Србија, закажани за 25 октомври, објавените анкети не даваат јасен одговор кој води. Рејтингот на студентската листа „Студенти победуваат“ и листата „Александар Вучиќ – Обединета Србија“ се мерат во спротивни насоки, зависно од агенцијата, методот и периодот на истражувањето. Аналитичарите го оценуваат гласањето како едно од најнеизвесните […]

Лековите за слабеење би можеле да ја намалат продажбата на пиво, предупредува „Хајнекен“


Хајнекен ги предупреди британските пабови и барови дека широката употреба на лекови за слабеење може да доведе до губење на гости и приходи, според презентација на компанијата во која имале увид британски медиуми, што е ретко јавно признание од големиот производител на алкохолни пијалоци дека лековите се закана за продажбата на пиво. Предупредувањето доаѓа во […]