Пензиската и финансиската писменост треба да им се доближи на младите


Во СЕПУГС „Васил Антевски-Дрен“ – Скопје денеска со едукативен настан се одбележа 15 Септември – Денот на пензиската свесност. Во рамките на настанот Агенцијата за супервизија на капиталното финансирано пензиско осигурување (МАПАС) и СЕПУГС потпишаа меморандум за соработка за развој на практичната настава и беше промовирана новата едукативна кампања за млади со слоганот „Твојата патека, […]

Пораз за македонските одбојкари од Португалија на ЕП


Македонската одбојкарска репрезентација го доживеа и четвртиот пораз на Европското првенство откако попладнево во рамки на Б групата загуби од Португалија со 3:0 во сетови (25:13; 25:20 и 25:20). Со овој пораз македонскиот тим нема повеќе шанси за пласман во следната фаза од натпреварите. Првиот сет македонските одбојкари го одиграа под очекувањата. По 6:6, Португалија […]

Втор ден затворен аеродромот во Катанија поради пепел од Етна


 Аеродромот во Катанија, на островот Сицилија, е затворен поради облак од пепел од вулканот Етна, соопштија италијанските власти. Неколку десетици летови се откажани од вчера, вклучувајќи голем број меѓународни летови. Најактивниот вулкан во Европа исфрла пепел од неделата. Според италијанскиот Национален институт за геофизика и вулканологија (ИНГВ), облакот од пепел достигнал висина од четири километри. […]

Штипската џиновска пастрамајлија ќе биде долга над два метри


Над два метри долга ќе биде џиновската пастрамајлија, со која и свечено ќе се отвори манифестацијата  „Пастрмалијада 2026“ во Штип. Пекарот Николче Малинов вели дека за нејзината подготовка ќе бидат потребни околу 17 килограми свежо свинско месо, четири литри зејтин и 20 килограми брашно. Тој најавува дека годинава ќе се обидат да ја направат најголемата […]

Беким Сејдиу официјално ја повлече кандидатурата за претседател на Косово


Универзитетскиот професор и поранешен дипломат Беким Сејдиу соопшти дека официјално ја повлекува својата кандидатура за претседател на Косово, наведувајќи ги како причина недостигот на поддршка во парламентот и компромитираната процедура за избор на нов шеф на државата, јави Косовското радио и телевизија. Сејдиу, кој преку социјалната мрежа Фејсбук потврди дека веќе официјално ги информирал политичките […]

Лозарите се пожалија на Филипче: Црното грозје скапува, а белото се откупува со понижувачка цена


Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во Неготинско Тремник имаше средба со лозари, на која што се разговараше за проблемите со откупот и цените на грозјето. На средбата лозарите алармираа дека црното грозје од сортата Вранец не се откупува, им скапува, а белото грозје се откупува по понижувачка цена од 14 денари за килограм. Филипче посочи […]

Антикорупциска на удар и на власта, и на опозицијата


На денешната седница беше усвоен Годишниот извештај на Антикорупциската комисија за 2025 година иако Малиша Станковиќ од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ истакна дека во него воопшто нема конкретни предлози за справување со корупцијата. – Ние конкретни предлози не можевме да видиме. Пишувате дека работите на реализирање на стратегијата. Генерално ние никако да дојдеме до тие […]

Антикорупциска отвори предмет за прославата на независноста


Државната комисија за спречување корупција по сопствена иницијатива ќе оформи предмет по допрен глас за начинот на кој беше финансирана прославата на 35-години независност на Македонија од страна на државна Лотарија. Според досега утврдената пракса, кога ДКСК отвора предмет него вообичаено не го работи Јавното Обвинителство додека не заврши постапката во неа. Прославата за независноста […]

Божиновска: Сакаме закон за рударство што ќе отвори простор за инвестиции и развој, но нема да има компромис со животната средина


Нашата цел не е само формално усогласување со европското законодавство. Сакаме да донесеме закон што ќе биде функционален, применлив и современ, закон што ќе создаде јасни правила и правна сигурност, ќе овозможи развој на рударскиот сектор и одговорни инвестиции, но истовремено ќе гарантира дека јавниот интерес, граѓаните, животната средина и локалните заедници нема да бидат […]

Белград ќе биде домаќин на финалето на Лига Европа во 2029 година


Главните градови на Романија – Букурешт (2028) и на Србија – Белград (2029) ќе бидат домаќини на финалните натпревари на УЕФА Лига Европа по одлуката донесена на Извршниот комитет на Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) во Солун, Грција. Претходно во денот беше објавено дека финалето во Лигата на шампионите ќе се игра во Минхен 2028 и […]

Бања Лука наскоро добива електрични трамваи од Кина – го решава јавниот сообраќај


Градоначалникот на Бања Лука, Драшко Станивуковиќ, објави дека првите електрични трамваи се на пат кон Бања Лука. „Не се шегуваме со нашите визии, ги остваруваме. Трамваите од Кина веќе се на пат кон Хамбург, а за неколку недели очекуваме нивно пристигнување во нашиот град. Бања Лука ќе биде првиот град во Европа што ќе има […]

И во Карпош се воведува услугата „Итно копче“


Во Пензионерскиот клуб Влае, денеска се одржа инфо сесија посветена на промоцијата на услугата „Итно копче“, која обезбедува 24-часовна поддршка и заштита за постари лица кои живеат сами, како и за лица со попреченост кои живеат во домашни услови. Услугата овозможува корисниците да се чувствуваат посигурно во својот дом, бидејќи во секој момент можат да […]

Загреб доби дозвола за огромен центар за отпад, клучен за затворање на озлогласената депонија Јакушевец


Издадена е дозвола за локација за Центарот за управување со отпад во Загреб во Ресник, проект вреден 155 милиони евра без ДДВ што треба да овозможи затворање на депонијата Јакушевец, јавуваат хрватските медиуми. Градот Загреб сега може да го продолжи процесот на јавни набавки за проектирање и изградба на центарот, кој треба да обработува околу […]

За прв пат во животот се срамам што сум државјанин на Словенија


Доналд Трамп на 9 септември изјави дека ќе му исплати на секој возрасен Американец „Трампова дивиденда“ од 5.000 долари доколку републиканците ја задржат контролата врз Конгресот на среднорочните избори во ноември. Трамп го даде предлогот на првиот конгрес на неговата Републиканска партија, посветен на изборите на половината од мандатот, но не беше веднаш јасно како […]

Имала забрана да му се приближува и да го вознемирува, а му пишувала пораки: Повторно куп тепачки во македонските семејства


Сопрузи си ги тепале сопругите, поранешна партнерка, вознемирувала партнер, мајка и татко се расправале, а ќерката била психички малтретирана, татко тепал малолетна ќерка – сето ова е регистрирано во најновиот полициски билтен.  На 14.09.2026 во 23:50 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода М.М.(28) од Велес, постапувајќи по претходна пријава […]

Бомба од С. Арабија: Роналдо го купува Ал Наср


Конзорциум од инвеститори, меѓу кои Кристијано Роналдо и Гери Кардинале, сопственик на Милан, подготвува понуда за купување на саудискиот клуб Ал Наср од Фондот за јавни инвестиции (PIF) на земјата. Покрај Роналдо и Кардинале, кој ја предводи компанијата RedBird Capital Partners, групата ги вклучува и претприемачите Ибрахим Ал-Мухаидиб, Мохамед Ал-Кураиџи и Шараф Ал-Харири. Веста првпат […]

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет


Собранието, денеска, во рамките на продолжението на 94. седница не гласаше за нов член на Судскиот совет. Претседателот на Собранието, Африм Гаши, информира дека материјалот е повлечен од седницата. Изборот на член на Судскиот совет требаше да се изврши меѓу двајца кандидати, кои ги исполнуваа условите и кои го минаа филтерот на Комисијата за прашања […]

Скопјанка погодена од заталкан куршум


Синоќа во 21:45 часот во СВР Скопје, од Поликлиника Драчево било пријавено дека кај нив со повреда била донесена Ј.С (57) од Скопје, се наведува во полицискиот билтен. Според пријавеното, околу 20:40 часот, додека била во дворот од семејниот дом, почуствувала удар во рамото, а по извршениот преглед било констатирано дека повредата настанала од заталкано […]

Саботажи со цевки на 20-ина пруги го нарушија железничкиот сообраќај во Холандија


Железничкиот сообраќај во централна и северна Холандија утрово беше нарушен за време на шпицот откога на пругите намерно беа поставени цевки, соопшти менаџерот за инфратсруктура во „Прорејл“ (ProRail). Од утворо се пријавени 20-ина вакви случаи. Холандскиот радиодифузер НОС (NOS) објави снимки од долгите тенки цевки како се отстрануваат од пругите. „Во оваа фаза се чини дека […]

Два дена се вршел претрес во куќата на таткото на судијата Ѓоко Ристов додека се нашле парите во ѕид


Со сослушување сведоци, денеска, во Кривичниот суд во Скопје продолжи судењето на судијата во Апелацискиот суд, Ѓоко Ристов. На денешното рочиште беа сослушани двајца сведоци, еден на Обвинителството – сопственик на мобиларница и еден од одбраната – адвокат, кој присуствувал на претрес во куќата на родителите на Ристов во Неготино. Судењето продолжува на 6 октомври […]