Том Круз ги покажа стомачните мускули на 64 години за GQ


Следниот месец, на насловната страница на списанието GQ, Том Круз покажува повеќе од само своето лице. 64-годишниот актер позира пред камерата во фармерки и црна кошула, која е целосно откопчана за да дојдат до израз неговите стомачни мускули. Гледајќи директно во објективот на Марио Соренти, Круз држи една рака на ременот, додека со другата си […]

Лидерот на партијата на Фараж за Велс уапсен под сомнение за напад


  Лидерот на партијата Реформа во Велс се повлекува откако беше уапсен и пуштен со кауција под сомнение за напад и контролирачко или принудно однесување. Ден Томас, поранешен советник на конзервативците, беше прогласен за лидер на Реформа за Велс од Најџел Фараж во февруари. Тој беше избран за лидер на опозицијата на изборите во мај […]

Мерц го откажа патувањето во Њујорк


Германскиот канцелар Фридрих Мерц нема да патува за Њујорк како што беше планирано следната недела, бидејќи неговото присуство е потребно во Берлин, изјави во вторник владин извор. Конзервативниот канцелар е под притисок по историскиот резултат на крајно десничарската партија Алтернатива за Германија (AfD) во покраината Саксонија-Анхалт, додека неговиот следен предизвик се уште два покраински избори […]

САД пренасочуваат дел од парите наменети за воена помош за Европа кон Централна и Јужна Америка


Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп пренасочува десетици милиони долари американска воена помош, наменети за земјите во Европа и Блискиот Исток, за поддршка на конзервативните влади во Централна и Јужна Америка. Стејт департментот денеска го извести Конгресот дека ќе пренасочи 52 милиони долари од Фондот за странска воена помош, првично наменет за Словачка, Северна Македонија, […]

Австрија за уште шест месеци ги продолжува граничните контроли со Чешка, Словачка, Унгарија и Словенија


Австрија ги продолжува граничните контроли на границите со Чешка, Словачка, Унгарија и Словенија за уште шест месеци, со цел да ја зајакне борбата против трговците со луѓе и дополнително да ја ограничи нелегалната миграција. Австриската армија, исто така, ќе продолжи да учествува во граничната безбедност во источната покраина Бургенланд, каде само минатата недела беа фатени […]

Куќа во Карпош продадена за 1,5 милиони евра, стан од 50 м2 во Центар за 168 000 евра, вкупно за шест месеци истргувани недвижнини за 625,7 милиони евра


 Пазарот на недвижности во земјава во првата половина од 2026 година бележи умерен раст на активноста, со регистрирани 16.126 трансакции, што е за 2,2 отсто повеќе во однос на истиот период лани. Од нив, 11.395 се купопродажби, а 4.731 се закупи, при што вкупната вредност на купопродажбите достигнала 625,7 милиони евра, или 21,3 отсто повеќе […]

Трамп изгуби и со Центарот „Кенеди“ – не смее пак да се стави неговото име на зградата


Вашингтон — Федерален судија денес повторно му забрани на Управниот одбор на Центарот за изведувачки уметности „Џон Ф. Кенеди“ да го постави името на претседателот Трамп на зградата, оценувајќи дека предложената одлука за додавање на името на  Трамп „е во спротивност со налог на федерален суд и со закон донесен од Конгресот“. Федералниот окружен судија […]

Свини и Ширан се главните теми на неделата. Кој изгуби повеќе следбеници и зошто?


Глумицата Сидни Свини и музичарот Ед Ширан се соочија со интензивни јавни критики оваа недела поради одделни контроверзии. Бројот на следбеници на социјалните мрежи кај двајцата значително се намали, но се чини дека актерката е во неповолна положба. Ширан е критикуван што му дозволил на Роберт Крафт да го отстрани раперот Меклмор од неговата турнеја […]

Десет магацини со хуманитарна помош на ОН погодени во Украина, размислуваат за преместување во бункери


Њујорк – Обединетите нации размислуваат за преместување на залихите од хуманитарна помош во Украина во подземни складишта за да ги заштитат од руски напади. Координаторот за хуманитарна помош на ОН за Украина потврди дека десет од нивните магацини се погодени оваа година, што резултирало со уништување на залихи во вредност од милиони евра, објави Ројтерс. […]

Руски милијардер предизвика раскол во ЕУ – дипломатите запрепастени од француското барање


Брисел – Во Европската Унија избувна расправија околу продолжувањето на санкциите врз Русија откако Франција побара да се отстрани милијардерот Алишер Усманов, руско-узбекистански олигарх кого ЕУ го смета за близок до Владимир Путин, од црната листа. Француското барање ги изненади дипломатите во Брисел, а еден од нив ја опиша ситуацијата како „зачудувачка“. Според „Фајненшл тајмс“, […]

Уште 327 милиони евра за Украина. Холандија помага во обновата на инфраструктурата


Холандија објави дека ќе издвои дополнителни 327 милиони евра за обнова и закрепнување на Украина во периодот од 2027 до 2029 година. Оваа сума е дополнителна на претходно ветените 878 милиони евра невоена помош за истиот период. Владата ја објави одлуката за време на презентацијата на буџетот за надворешни работи, надворешна трговија и развојна соработка […]

Албанија, Грција и Северна Македонија се здружуваат за вклучување на Преспа во УНЕСКО


Албанија, Грција и Северна Македонија се стремат да ја унапредат својата заедничка кандидатура за вклучување на регионот Преспа на листата на светско наследство на УНЕСКО, објави албанската новинска агенција АТА. Иницијативата ја разгледал министерот за туризам, култура и спорт на Албанија, Бленди Гонџа, за време на состанокот со новоназначениот грчки амбасадор во Албанија, Ламбрини Комини. […]

Земјотрес почувствуван во Пехчево и Берово


Според податоците со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес во 14 часот и 29 минути беше почувствуван земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Делчево-Берово, на околу 122 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, M L 2.7. Земјотресот е почувствуван во југоисточните делови на Републиката, особено во Пехчево, Берово […]

Синот на Роб Рајнер обвинет за убиство на родителите. Обвинителите нема да бараат смртна казна


Лос Анџелес – Канцеларијата на окружниот обвинител на Лос Анџелес денес објави дека нема да бара смртна казна за Ник Рајнер, син на режисерот Роб Рајнер. Ник Рајнер, кој е обвинет за убиство на своите родители во нивниот семеен дом минатиот декември, а кој претходно се изјасни за невин на суд, објави Ројтерс. Желби на […]

„ВИК“ опреми современа сензорна, игралиште и донира креветчиња за детското одделение во прилепската болница


Прилепскиот Центар за поддршка на учењето при основното училиште „Климент Охридски“ доби нова, современа сензорна соба и дефектолошки кабинети. Проектот е донација на општествено одговорната компанија од индустриската зона „ВИК“. Истата фирма, реновира детско игралиште во прилепска градинка.  Компанијата ВИК продолжува со својата хумана мисија и поддршка на здравствените установи, овојпат со донација од 25 […]

Погребот на Младиќ пристигна во Европскиот парламент. Се бараат поконкретни акции против Србија


Стразбур – Европратениците денес повикаа на поконкретни акции на ЕУ кон Србија откако осудениот воен злосторник Ратко Младиќ беше погребан во Белград со сите воени почести, на кои присуствуваа високи српски функционери. Дебатата во Европскиот парламент беше насловена „Погреб на воениот злосторник Ратко Младиќ и величење на воените злосторства во Србија“, а хрватските европратеници Тонино […]

Комеморација за Сашо Миленковски: Неговото дело ќе продолжи да сведочи за моќта на театарската уметност


Алхемичар. Режира со ласерска прецизност. Им даваше слобода на артистите, без да ги ограничува сè до последната етапа од подготовката на претставата кога ги затегаше уздите, беше мајстор од апсурдноста на светот да направи смисла. Со својата посветеност, уметничка смелост и исклучителен творечки интегритет, стана еден од творците што го обликуваа современиот македонски театар. Неговото […]

Сиљановска-Давкова на средба со раководството на фестивалот „Браќа Манаки“ и ДФРМ


Претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова, како покровителка на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, во пресрет на неговото 47. издание оствари средба со директорот на фестивалот Димитрија Доксевски и со претседателката на Друштвото на филмски работници (ДФРМ) Марија Димитрова. Како што стои во соопштението на Кабинетот на претседателката Сиљановска-Давкова, на средбата, Доксевски и Димитрова […]

Билетите за 45. Скопски џез фестивал во продажба од утре


Скопскиот џез фестивал ужива култна репутација во Европа и светот, обезбедена со грижливо конципирана богата програма, втемелена на ексклузивноста, актуелноста, современоста и погледот кон иднината на џез музиката. Многубројните џез фестивали во Европа најчесто се гледаат себеси како „чувари на традицијата“, а многу е мал бројот на оние кои програмски се занимаваат со проширување на […]

Италија ја продолжува суспензијата на Шенгенскиот договор со


Италија ја продолжи суспензијата на Шенгенскиот договор со Шпанија за уште 15 дена, соопшти италијанското Министерство за внатрешни работи. – Одлуката е донесена бидејќи сè уште постојат значителни ризици за внатрешната безбедност и потенцијални закани поврзани со можна инфилтрација на терористички организации, се наведува во соопштението на италијанското МНР. Италија прво го суспендираше Шенгенскиот договор […]