Земјотрес почувствуван во Пехчево и Берово
Според податоците со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес во 14 часот и 29 минути беше почувствуван земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Делчево-Берово, на околу 122 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, M L 2.7.
Земјотресот е почувствуван во југоисточните делови на Републиката, особено во Пехчево, Берово и околината, со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
За потребите на сеизмолошките истражувања, доколку сте го почувствувале земјотресот, Ве молиме пополнете го прашалникот за почувствуваност достапен на линкот:
https://seismobsko.pmf.ukim.edu.mk/prasalnici или јавете се на 112