Штипската џиновска пастрамајлија ќе биде долга над два метри
Над два метри долга ќе биде џиновската пастрамајлија, со која и свечено ќе се отвори манифестацијата „Пастрмалијада 2026“ во Штип. Пекарот Николче Малинов вели дека за нејзината подготовка ќе бидат потребни околу 17 килограми свежо свинско месо, четири литри зејтин и 20 килограми брашно. Тој најавува дека годинава ќе се обидат да ја направат најголемата и најдолгата пастрмајлија досега, а за подготовката и транспортот до бината ќе бидат ангажирани четири до пет лица.
-За оваа година ќе се потрудиме да биде најголема, најдолга до сега два метра и 10 сантиментри. Потребно ќе ни биде околу 17 килограми свежо свинско месо, четири литри зејтини, 20 килограми брашно. За оваа голема акција ќе ми бидат потребни четири до пет луѓе, како и транспортот до бината на свеченото отворање на штипската Пастрмалијада- вели Малинов.
Џиновската пастрмајлија ќе се пече околу 35 минути, во зависност од температурата на печката.
-Да нашата печка е приспособена за тоа, ќе ја печеме во еден дел и ќе се печи околу 30 до 35 минути, се во зависност од темпартурата на печката- вели Малинов.
Штипската „Пастрамалијада“ годинава ќе се одржи на 18 и 19 септември на две локации, на шеталиштето „Ванчо Прќе“ и на Градскиот стадион, каде што ќе има концерти, а главна ѕвезда на 19 септември е Жељко Јоксимовиќ, пред него ќе настапат македонските познати пејачи Јован Јованов и Елвир Мекиќ.
Цената на штипската пастрамајлија годинава ќе изнесува 250 денари, и покрај зголемените трошоци. За закуп на штандови се пријавени повеќе од 30 угостители, со цел специјалитетот да биде достапен за што поголем број посетители.