Туристи во купачи се качуваат на потопената црква „Св. Никола“ во Маврово


Скендал и бран реакции во јавноста предизвикаа фотографиите и видеата од потопената црква „Св. Никола“ во Маврово, на кои се гледа како група туристи се качуваат директно на објектот облечени во костими за капење, третирајќи го верскиот и културен споменик како реквизит за забава. Граѓаните и локалното население преку социјалните мрежи упатија јавен апел до […]

Во Македонија нема ден без семејно насилство: Претепани мајка, сопруги, снаа, деца…


Билтенот на Министерството за внатрешни работи е полн со пријави за семејно насилство. Најголем дел од записите се за напади врз брачниот партнер, најчесто врз понежната половина, но има пријави и за напад врз сопствената мајка…  Еден таков случај е регистриран во Делчево, каде веќе е поднесена пријава против сторителот, кој физички ја нападнал неговата […]

СВП контра Љутков


НУМ „Струшки вечери на поезијата“ – Струга преку социјалните мрежи излезе со соопштение во кое го демантира поранешниот министер за култура Зоран Љутков дека имало предлог за укинување на Националната установа Струшки вечери на поезијата. Објавата ја пренесуваме во целост: „Во врска со изјавите во медиумите на поранешниот министер за култура Зоран Љутков и сегашен […]

СДСМ открива: И во Кривогаштани куп бактерии во водата за пиење


СДСМ преку соопштение обвини дека проблемот со безбедноста на водата за пиење во Македонија добива пошироки размери, откако, според партијата, во јавна чешма во Кривогаштани биле утврдени бактерии кои ја прават водата небезбедна за пиење. Од СДСМ посочуваат дека во водата од јавната чешма со кисела вода во Кривогаштани биле утврдени Escherichia coli, интестинални ентерококи, […]

Иран нуди 30.000 долари за секој заробен или убиен американски војник


Иран нуди награда од 30.000 долари за заробување или убиство на американски војник, изјави денеска командантот на иранската армија, генерал-мајор Амир Хатами. Тој рече дека ќе бидат исплатени 30.000 долари за заробување или убиство на секој американски војник, јавија техеранските медиуми. САД ја означија Иранската револуционерна гарда (ИРГЦ), која официјално е дел од вооружените сили […]

Лондонската полиција по грешка откри електронски адреси на 143 жртви на Ал Фајед


Лондонската полиција се извини откако случајно ги откри е-поштенските адреси на 143 лица кои пријавиле сексуална злоупотреба на Мохамед Ал Фајед, поранешниот сопственик на Хародс, велејќи дека грешката се должи на човечка грешка. Полицијата соопшти дека како дел од својата месечна кампања за известување на жртвите, е-поштата била испратена на адресите на 143 приматели кои […]

Пожар во хотел во Валона, 5 лица на лекување во Тирана, еден пациент во критична состојба


 Во пожар што избувнал во хотелот „Бруклин” во приморскиот албански град Валона, повредени се повеќе туристи, при што  петмина се пренесени на лекување во Тирана, еден е во критична состојба. Според Министерството за здравство, тројца од повредените се примени во Универзитетската клиничка болница „Мајка Тереза“. Еден од пациентите е во сериозна состојба, поради високиот процент […]

Иранскиот парламент го поддржа законот со кој се криминализираат интервјуа со „непријателски медиуми“


Иранскиот парламент денеска го поддржа нацрт-законот за криминализирање на интервјуа и другите форми на комуникација со медиуми што се сметаат за непријателски настроени кон Техеран. Пред да стапат во сила, новите текстови мора да бидат разгледани и од Советот на чувари – еден од најмоќните и највлијателните државни органи. Предлог-законот предвидува казни од шест месеци […]

На 79 години почина култната словенечка актерка Милена Зупанчич


Љубљана – Словенечката театарска, филмска и телевизиска легенда Милена Жупанчич почина вчера на 79-годишна возраст, објави Словенечката радио-телевизија. Жупанчич одигра повеќе од 120 театарски и 80 филмски и телевизиски улоги во текот на својата петдецениска кариера. Откако првично стана позната по своите улоги како темпераментни и наивни заводнички, подоцна играше голем број емоционално сложени женски […]

Километри љубов на концертот на Лозано во Дојран (фото)


Дојранчани и бројни туристи од земјата и регионот почувствуваа синоќа „километри љубов“ на концертот на Лозано во Градскиот парк, во Стар Дојран, како што е насловен неговиот хит „Километри“. Скромното момче од Кичево, кое почна во талент шоуто „Мак ѕвезди“ во 2007, заслужено стана една од најголемите наши поп-ѕвезди, градејќи ја кариерата постепено, со добриот […]

Силно невреме на Пелопонез, водата носела автомобили (ВИДЕО)


Силно невреме го погоди Пелопонез, предизвикувајќи за само неколку минути големи поплави и сериозен хаос во областа Мани. Поројната вода носела автомобили, поплавувала куќи и туристички објекти и оштетила патишта, а противпожарната служба добила десетици повици за помош. Во Итило, жена била погодена од гром додека била во автомобил и итно била пренесена во болница […]

МОН: И на власт и во опозиција, СДСМ поддржува противзаконско работење


Како обид за манипулација со јавноста со окарактеризира Министерството за образование  тврдењето на СДСМ дека а инспекциските надзори се користат за политички пресметки и разрешување на неподобни училишни директори. „Структурата на Државниот просветен инспекторат е идентична како во времето кога тие управуваа со институцијата, но тогаш не ги спомнуваа имињата на истите инспектори кои денес […]

ДУИ: Јаневска бара да се поништи Бадентер, ги нарекува Албанците „мала заедница“


ДУИ реагира на изјавата на министерката за образование, Весна Јаневска, околу законите за образованието што се блокирани во Собрание, оценувајќи дека таа претставува директен напад врз еден од столбовите на Охридскиот договор. -Јаневска го нарекува Бадентер „алатка“. Бара тој да не се применува таму каде што таа и Владата сметаат дека „не треба“.Уставот не ѝ […]

Спасувачка акција на Пелистер, повредено едно лице


Денеска од претпладневните часови се одвива спасувачка акција на едно повредено лице во НП Пелистер во близина на Мало Езеро. Лицето е лоцирано и според потврдени информации веќе му е укажана прва помош. Директорот на НП Пелистер Иванчо Тошевски даде изјава за „Независен“ околу акцијата. “Во тек е спасувачка акција на повредено лице на Пелистер […]

Мицкоски најави изградба на шест автопатски делници


Премиерот Христијан Мицкоски најави засилена градежна активност, најавувајќи изградба на шест автопатски делници низ државата во претстојниот период. Рече дека во Македонија денес на повеќе од 1.200 места се гради и оти за Владата тоа е многу значајано затоа што се ангажира домашната оператива, што е сериозен индикатор за подобра економска актовност, а воедно се […]

Идризово ќе добие 1.478 метри фекална канализација


Премиерот Христијан Мицкоски, придружуван од ​министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа и од градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, денеска изврши увид во градежните активности од првата фаза од изградбата на фекална канализација во Идризово. Со проектот е предвидена изградба на нова мрежа за фекална канализација во должина од 1.478 метри. […]

Регистрирани 29 пожари за еден ден, шест се уште активни


Состојбата со пожарите на отворен простор во текот на вчерашниот ден била исклучително тешка, со вкупно 29 регистрирани, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. Од нив, 22 биле целосно изгаснати благодарение на брзата реакција и ангажманот на локалните пожарникари, еден пожар е ставен под контрола, а шест и натаму се активни. […]

СДСМ обвини за партиско отпуштање наставници


Јованче Манасков од Комисија за образование на СДСМ обвини дека министерката за образование спроведува хајка на партиска основа и дека отпушта наставници во училиштата. -Министерката Весна Јаневска ја спроведува своја „образовна програма” – ги злоупотребува образовните институции за политичка пресeметка од најдолен вид.Наместо фокус на подобро образование – ВМРО и Јаневска создадоа хаос во образованието, […]

Мицкоски ја смета „робустна“ задоцнетата реакција на Владата за кризата во Гостивар


Премиерот Христијан Мицкоски ги отфрли критиките од СДСМ во врска со состојбата со водата во Гостивар, оценувајќи дека нападите се дел од политичката стратегија на опозициската партија. Мицкоски рече дека СДСМ има демократско право да ја избере својата политичка стратегија, но забележа дека не посочува одговорност кај градоначалникот на Гостивар. „Зачуден сум зошто  првоповиканиот во […]

Имало ли план за поделба на Македонија?


Одбележувањето на 25-годишнината од Охридскиот рамковен договор повторно го отвори прашањето дали во текот на вооружениот конфликт во 2001 година постоел план за етничка поделба на Македонија и колку далеку стигнале разговорите за него, анализира „Цивил“. Темата ја отворија лидерот на ДУИ, Али Ахмети, и поранешниот премиер и министер за одбрана Владо Бучковски на панел-дискусијата […]