Германски државјани загинаа во авионска несреќа на Велебит


Двајца германски државјани загинаа во авионска несреќа во областа Велебит во Хрватска, соопшти Агенцијата за истражување на несреќи во воздушниот, морскиот и железничкиот транспорт. Несреќата се случила вчера околу 16:14 часот, кога се урна авион од типот „Дајмонд ХК-36ТЦ-100 Супер Димона“, со германска регистрација D-KWZE. Авионот полетал од аеродромот Оломоуц во Чешка и бил на […]

Обвинителството заврши со собирање докази за случајот „Пулс“, Министерството за економија нема поврзаност со трагедијата


По девет месеци, фазата на докази предложена од Обвинителството во случајот „Пулс“ е завршена и одговорноста за случајот полека се разјаснува. Во овој период, сослушани се сведоци и спроведени се материјални и вербални докази во врска со случајот. Еден од главните докази во постапката е вештачењето на објектот, изготвено од седум експерти од Градежниот факултет, […]

Димитриеска Кочоска: Продолжува имплементацијата на Законот за игри на среќа


Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска информира дека продолжува имплементирањето на новиот Закон за игрите на среќа и за забавните игри, кој беше донесен на крајот на јуни оваа година, со донесувањето на Правилникот за утврдување на репутацијата, интегритетот и потеклото на средствата за приредување игри на среќа. Станува збор за акт со кој детално се […]

Макрон по смртоносниот руски напад врз трговски центар: Ќе ја зголемиме поддршката за Украина


Францускиот претседател Емануел Макрон денес објави дека Париз ќе ја зголеми поддршката за Украина по смртоносниот руски напад врз трговскиот центар во Криви Рог во петокот. Макрон на социјалните мрежи објави дека го повикал украинскиот претседател Володимир Зеленски по нападот во кој загинаа 16 лица, а 130 беа повредени. „Го информирав претседателот Зеленски дека ја […]

Србија се бори со пожари. ЕУ испрати четири Black Hawk


Србија ја прифати помошта од Европската Унија во борбата против пожарот во Делиблатска пешчара, а хеликоптери од Романија, Словачка и Чешка пристигнуваат во зоната на интервенција. Комесарот на Европската Унија за подготвеност, управување со кризи и еднаквост, Хаџа Лахибиб, објави дека ЕУ испраќа четири хеликоптери и два противпожарни тима во Србија. „Четири хеликоптери од нашата […]

Шумските пожари низ Европа откриваат нова опасност. Бомби од Втората светска војна


Големите пожари и суши што ја погодија Европа ова лето откриваат опасни остатоци од минатото. Екстремната топлина и пожари ги изнесуваат неексплодираните гранати и муниција од Првата и Втората светска војна на површина, што претставува дополнителен ризик за службите за итни случаи на терен. Експлозии веќе се регистрирани во неколку западноевропски земји, објавува Euronews. Ризик […]

Во гаснењето на пожарот кај Струмица се вклучи и еден ер трактор


Во гаснењето на големиот пожар што попладнево избувна во близина на Струмица се вклучи еден ер трактор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС). Според директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов, и градоначалникот на Струмица, Петар Јанков, засега огнот не успева да ги зафати куќите и викендичките во месноста Софилар и нема непосредна опасност за нив. […]

Прекин на водоснабдувањето на дел од булеварот „Борис Трајковски“


Поради уличен дефект на водоводната мрежа на булеварот „Борис Трајковски“, денеска од 16:30 часот ќе има прекин во водоснабдувањето. Без вода, како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“-Скопје, ќе бидат корисниците од краците 8, 10 и 12, кои се приклучени на булеварот „Борис Трајковски“. Прекинот ќе трае до завршување на активностите за санирање на […]

Италијанецот Алесио Окипинти победник на 39. Охридски пливачки маратон


Италијанскиот пливач, Алесио Окипинти, е победник на 39-тиот Охридски пливачки маратон. Тој патеката „Климе Савин“ од Свети Наум до Охрид во должина од 25 километри денеска ја исплива за 5:03.44 часа. Најдобар македонски претставиик денеска беше Петар Цеков кој низ целта мина како третопласиран. На целта на Кејот „Македонија“ пливачите ги пречека претседателката Гордана Сиљановска- […]

И четвртото дете на Џоли и Пит сака да се откаже од славното презиме на таткото


Ќерката на Бред Пит, Вивиен, која ја дели со поранешната сопруга Анџелина Џоли, продолжи со своите тековни правни напори за отстранување на „Пит“ од презимето. Според документите на Вишиот суд на округот Лос Анџелес, добиени и разгледани од TheWrap, 18-годишната девојка го завршила потребниот чекор во процесот со објавување на правно известување во кое ја […]

Запуштената површина на плоштадот „Македонија“ се преуредува во зелена оаза


Просторот на централниот плоштад „Македонија“ во Скопје, кој изминатите години беше запуштен и меѓу граѓаните познат како „ливада“, се наоѓа во фаза на целосно хортикултурно и инфраструктурно уредување, соопшти градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски. Според информациите, на просторот веќе се изведуваат активности за поставување ново зеленило и хортикултурно обликување, со цел површината да се […]

АА: Владата на ВМРО-ВЛЕН губи 50 милиони евра од ЕУ


Додека Албанија ги исполни утврдените цели и го отвори патот за 61 милион евра од Европската Унија, Владата на ВМРО-ВЛЕН ја пропушти можноста да ја повлече траншата од 50 милиони евра од макрофинансиската помош на ЕУ, се вели во соопштението на Алијансата за Албанците. „Рокот за овие средства истече на 2 август 2026 година. Властите […]

МВР воведе електронско плаќање на казните за странци – сообраќајот на Табановце нормализиран


Сообраќајот на граничниот премин Табановце е нормализиран и во моментов се одвива без поголеми задржувања, информира Министерството за внатрешни работи. Од МВР посочуваат дека во изминатиот период на преминот биле регистрирани зголемени задржувања поради постапувањето со возила со странски регистарски ознаки кај кои системот „Безбеден град“ евидентирал сообраќајни прекршоци. Како дополнителна мерка, во функција е […]

Дете (7) се уморило додека се искачувало на планината Фуџи. Таткото го оставил и продолжил


Токио – Татко го оставил својот седумгодишен син сам на највисоката планина во Јапонија неколку часа, давајќи му само безалкохолен пијалок и ужина, објавија локалните медиуми. Момчето било пронајдено околу 7:30 часот наутро по локално време во четврток како седи на клупа на планината Фуџи, во магла и дожд, на надморска височина од повеќе од […]

Македонски деца играа со Ибрахимовиќ и Видиќ на јубилејот 30 години од Плазма Спортските игри за млади


Македонските деца имаа можност да играат заедно и против некои од најголемите спортски имиња во светот на Ол-стар натпреварот организиран во рамки на меѓународното финале на Плазма Спортските игри за млади во Сплит, каде што беше одбележан и јубилејот 30 години од постоењето на манифестацијата. Како што соопштуваат од Спортски игри за млади, во традиционалниот […]

Елмас оди на позајмица во Аталанта


Бергамо – Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас претстојната сезона ќе настапува за Аталанта. Во моментов најдобриот македонски фудбалер во калчолигашот од Бергамо ќе игра како позајмен фудбалер од Лајпциг. Германскиот клуб и Аталанта може да се договорат за целосен трансфер по крајот на 2026/27 доколку Елмас ги исполни очекувањата. За Елмас, Аталанта е трет тим од […]

Војната во Иран ги притиска рафинериите, цените на горивата би можеле да останат високи со години


Војната во Иран го доведе глобалниот рафинериски сектор до работ на капацитите, поради што цените на дизелот и бензинот би можеле да останат на високо ниво со години, предупредуваат светските агенции. Иако пазарот на сурова нафта успеа релативно добро да се приспособи на губењето на значителен дел од испораките од Блискиот Исток, можностите за надоместување […]

Најмалку 11 активни пожари во државата, најкритично кај Струмица, Студеничани и Желино


На територијата на државата во моментов има најмалку 20 пожари на отворен простор, од кои најмалку 11 се активни, информираше денеска директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов. Тој посочи дека во текот на денот избувнале повеќе тешки пожари, а најалармантна е состојбата во струмичкиот регион. – Најалармантен е пожарот во близина […]

Уште еден смртен случај од западнонилска треска, вкупно пет починати досега


 Во земјава е регистриран уште еден смртен случај од западнонилска треска, соопшти денеска директорот на Клиниката за инфективни болести, Фадил Цана. Како што изјави Цана, се работи за 73-годишен пациент со тешка клиничка слика и многу сериозни придружни заболувања кои придонеле за неповолен исход.  -Пациентот беше 22 дена на Клиниката и од почетокот на приемот […]

Општина Карпош со засилени мерки против комарците поради Западнонилската треска


Општина Карпош ја следи состојбата со вирусот на Западнонилската треска со особено внимание и во континуитет презема превентивни и заштитни мерки за намалување на ризиците и заштита на здравјето на граѓаните. Во услови на зголемена внимателност поради присуството на вирусот и регистрирани случаи, Општина Карпош активно учествува во координацијата со надлежните институции и ги следи […]