Пратениците Албанци не присуствуваа на одбележувањето на украинската независност, лути се


Пратеници Албанци го бојкотираа одбележувањето на 35 години од независноста на Украина и ниту еден од десетте пратеници – членови на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на Кримската платформа, не присуствуваше на сесијата во македонското Собрание.

Тие не му простуваат на украинскиот претседател Володимир Зеленски за неодамнешната изјава при посетата на Белград – дека Украина ги почитува меѓународното право и територијалниот интегритет на Србија. Тоа ги налути Косовците, по што во Приштина беше симнато огромното украинско знаме, што беше истакнато на висококатница во главниот град на Косово, кое беше симбол за поддршка на таа земја за време на конфликтот во Украина.

Иако е претседател на Интерпартиската група, собранискиот спикер Африм Гаши, исто така  не присуствуваше на сесијата, а наместо него, воведно обраќање имаше потпретседателот на Парламентот Антонијо Милошоски.