Попладне можни се грмежи, пороен дожд и услови за невреме, најавува УХМР


Во изминатите 24 часа најмногу дожд наврнал во Берово и Виница, каде се измерени по 6 литри на метар квадратен, покажуваат податоците на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Според утринската информација на УХМР, 4 литри на метар квадратен се измерени на Попова Шапка, а по 2 литри во Струмица и Гевгелија. Од Управата посочуваат дека […]

Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани


Во судницата во Идризово при Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да продолжи судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Случајот се наоѓа во доказна постапка и го води судијката Дијана Груевска-Илиевска, а обвинението го застапува тим од 15 јавни обвинители.  На минатото рочиште […]

Црна Гора очекува до крајот на годината да ги затвори сите преговарачки поглавја со ЕУ


Црна Гора очекува до крајот на годината да ги затвори сите преговарачки поглавја со Европската Унија, изјави министерката за европски прашања на Црна Гора Мајда Горчевиќ. Според неа, усвојувањето на уставните измени покажало високо ниво на одговорност кај сите политички фактори во земјата, а членството на Црна Гора во ЕУ е целосно остварливо. На вонредна […]

Муцунски и Саар потпишаа два билатерални документи за унапредување на соработката меѓу Македонија и Израел


Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, во рамки на посетата на Израел, оствари средба со својот израелски колега, министерот за надворешни работи Гидеон Саар, на која биле потврдени добрите билатерални односи и заедничката определба за нивно натамошно продлабочување. Како што соопшти Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, двајцата министри разговарале за […]

Фотографски натпревар „Вики ги сака спомениците 2026“ на Википедија


Википедија на македонски јазик и здружението Викимедија МКД го организираат фотографскиот натпревар насловен „Вики ги сака спомениците 2026“. Се работи за натпревар за фотографирање градби (куќи, манастири, цркви, џамии, археолошки наоѓалишта, споменици, јавни и општествени градби, и останати места) кои се заведени како културно наследство на Македонија. Право на учество имаат сите што ќе регистрираат […]

Активни три пожари на отворен простор, 25 изгаснати во текот на изминатото деноноќие


На територијата на државата во текот на изминатото деноноќие до 07:30 часот се регистрирани вкупно 29 пожари на отворен простор, од кои три се активни, еден е ставен под контрола, а 25 се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Според информациите на ЦУК, активен е пожарот на подрачјето на општините Студеничани и Зелениково, […]

(Фото) Скопје ја пречека Леа Ипи како ѕвезда – слободата и демократијата се важни и за македонската публика


Познатата филозофка, авторка и професорка по политичка теорија на Лондонската школа за економија, Леа Ипи (1979, Драч), вчера беше пречекана како ѕвезда во Скопје – прво со закажаните интервјуа и редиците за автограм,  па гостување на поткастот „Гол ручек“ на домаќинот „Антолог“ и со централниот настан синоќа – доделувањето на наградата Букстар за 2026 година […]

Почина вториот најбогат Германец


Клаус-Михаел Кине, мнозински акционер на швајцарската логистичка компанија „Кине + Нагел“, почина во понеделник вечерта на 89-годишна возраст во Шинделеги, Швајцарија. Кине е роден во Хамбург и се преселил во Швајцарија со својот татко во 1960-тите. Според овогодишната листа на „Форбс“, неговото богатство се проценува на 41,9 милијарди долари, што го прави 47-ми најбогат човек […]

Федерер верува дека Ѓоковиќ има шанса да го освои УС опен 2026


Дваесеткратниот шампион на Гренд слем, Швајцарецот Роџер Федерер, ги оцени шансите на Србинот Новак Ѓоковиќ да го освои Отвореното првенство на САД 2026. – Мислам дека секогаш кога Новак игра на турнир, без разлика дали е Гренд слем или било кој друг, тој има шанса. Имам огромна почит кон него. Видов што е способен, не […]

Само еден товарен брод вчера поминал низ Ормускиот теснец


Само еден товарен брод вчера поминал низ Ормускиот теснец, што е најмалку од 7 мај наваму, покажуваат прелиминарните податоци на компанијата за следење на поморскиот сообраќај „Кплер“ (Kpler). Станува збор за многу голем танкер за превоз на течен гас што вчера навлегол во Ормускиот теснец од Оманскиот Залив. Во неделата низ Ормус поминале шест товарни […]

(Видео) Торнадо во јужна Франција, повредени 41 лице, оштетени стотици куќи


Торнадо помина низ француското село Помас на југозападот од земјата, при што беа повредени 41 лице и беа оштетени стотици куќи. Локалните власти соопштија дека 15 лица се однесени во болница, вклучувајќи и бремена жена која беше повредена откако делови од нејзината куќа се урнаа врз неа, објави АФП. Повеќе од 120 служби за итни […]

Администрацијата на Трамп подготвува укинување на до 200 илјади туристички и деловни визи


Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп подготвува укинување туристички и деловни визи за до 200 илјади странски државјани кои поднеле барање за азил во САД. Доколку биде спроведена, мерката би претставувала најголемо еднократно масовно укинување визи во историјата на САД. Стејт департментот во следните недели би требало да објави укинување на таканаречените Б1 и Б2 […]

Врховниот суд на САД му дозволи на Трамп да го ограничи гласањето по пошта


Врховниот суд на САД денес ја поништи судската одлука со која се блокираше администрацијата на претседателот Доналд Трамп да ја спроведе неговата извршна наредба со која се ограничува употребата на гласање по пошта пред ноемвриските конгресни избори, на кои ќе се одлучи која партија ќе го контролира тој дом. Судиите го одобрија итно барање од […]

Сончево и топло, во вечерните часови наместа нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер


Времето денеска претпладне ќе биде сончево и топло, а попладне и во вечерните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со засилен до силен ветер и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 15 до 21, а максималната ќе […]

Јубилејна проекција на „Џган“ на Вардан Тозија во летното кино на „Синеплекс“


Со проекција на филмот на „Rooftop Open Air Cinema“ во Скопје Сити Мол вечерва ќе се одбележува 10 години од светската премиера на еден од највпечатливите филмови во современата македонска кинематографија „Џган“ по сценарио и во режија на Вардан Тозија. Филмот за првпат беше прикажан на најстариот филмски фестивал во Чикаго (Chicago International film festival). […]

(Видео) Роботски бокс, фудбал и спринт на Светските игри со хуманоиди во Кина


Во Кина е во тек второто издание на Светските игри со хуманоиди. Натпреварот, кој започна во саботата, ќе трае пет дена и веќе вклучува робот кој трча побрзо од светскиот рекорд на Усеин Болт во спринт на 100 метри. На друго место на настанот во Пекинг, робот ја изведе иконската прослава „Siuuu“ на Кристијано Роналдо […]

Високите цени на горивата ја поттикнаа продажбата на електрични автомобили


Продажбата на електрични автомобили забрза во јули на повеќето европски пазари, поттикната од високите цени на горивото, владините субвенции и зголемената понуда на подостапни модели, покажаа податоците доставени до Ројтерс. Растот на интересот за електрични возила дополнително се забрза по почетокот на војната со Иран во февруари, што доведе до зголемување на цените на нафтените […]

Трамп најави царини од 50 отсто за канадските возила, делови и челик од 1 јануари


Царините за увоз во САД на сите автомобили, камиони, автомобилски делови и челик од Канада ќе бидат зголемени на 50 отсто од 1 јануари 2027 година – изјави денеска американскиот претседател Доналд Трамп по неуспехот на трговските преговори со Канада. – Произведувајте во САД и ЦАРИНИТЕ СЕ НУЛА. Канада повеќе нема да биде третирана како […]

Франција забрани децата да користат мобилни телефони во училиште


Целосна забрана за мобилни телефони ќе стапи на сила во сите средни училишта од почетокот на новата учебна година, која започнува следната недела во Франција. Одлуката ја потврди денеска портпаролката на владата Мод Брежеон, која соопшти дека францускиот претседател Емануел Макрон одлучил да донесе закон со кој се воведува мерката, објави Euronews. „Уставниот совет ја […]

Без вода утре делови од Центар и Карпош


Без вода утре од 08.30 часот ќе бидат дел од улиците „Мирче Ацев“ и „Мирче Мацан“ во општина Центар, а од 9 часот улица „2“ и дел од ул.„Козле“ – висока зона во општина Карпош – најави Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје.  Причина за прекинот во снабдувањето со вода е изведување […]