Без вода утре делови од Центар и Карпош


Фото: Б: Грданоски

Без вода утре од 08.30 часот ќе бидат дел од улиците „Мирче Ацев“ и „Мирче Мацан“ во општина Центар, а од 9 часот улица „2“ и дел од ул.„Козле“ – висока зона во општина Карпош – најави Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје. 

Причина за прекинот во снабдувањето со вода е изведување водоводен приклучок на ул.„2“ бр.2  во Козле и отстранување дефект на приклучна цевка ф-2 на ул.„Мирче Ацев“ бб.