Австрискиот амбасадор Памер по вандализмот на Шар Планина: Прашање е дали уште треба да поддржуваме вакви проекти
Амбасадорот на Австрија во Скопје, Мартин Памер, изрази разочарување за уништената зимската маркација од проектот „Славков“ на патеката за планинарење Попова Шапка – Титов Врв. Дипломатот објави дека земјите од Вишеградската група – Австрија, Словачка и Чешка во иднина ќе се запрашаат дали вреди да се поддржуваат вакви проекти.
Повеќе од 45 од вкупно 112 поставени столбови се уништени, оштетени или отстранети. Причинета е голема финансиска штета, но последиците би можеле да бидат многу посериозни. Значителен дел од новопоставената опрема за зимска планинарска маркација на патеката Попова Шапка – Титов Врв, долга приближно 11 километри, е уништен, оштетен или отстранет.

Зимската маркација беше дел од проектот „Славков – Маркација на планинарски патеки во Македонија“, финансиски поддржан од амбасадите на Австрија, Чешка и Словачка, како и од Скопска Пивара, а имплементиран и финансиски поддржан од компанијата Одржливи Авантуристички Патувања и Организацијата за одржлив развој САТ Скопје, во соработка со Планинарската федерација на Македонија (ФПСМ).