Во велешките села Иванковци и Кумарино забранета водата за пиење од селските водоводи
Општина Велес ги известува жителите на селата Иванковци и Кумарино дека согласно решение издадено од Агенција за храна и ветеринарство, се забранува водата за пиење од селски водоводи во селата Иванковци и Кумарино. На неколку локации во овие две велешки села е поставено предупредување „Водата не е за пиење“.
Поради утврдена неправилност, водата не смее да се користи за пиење, сè до укинување на забраната од Агенцијата за храна и ветеринарство. Забраната е издадена врз основа на анализите на вода направени од стручни екипи на ЈЗУ Центар за јавно здравје Велес.
Од Оптшина Велес ги повикуваат жителите доследно да ја почитуваат изречената забрана и да постапуваат согласно насоките на надлежните институци.