Ланските субвенции за велосипеди ќе се исплтат наскоро, уверува Ѓорѓиевски


Скопјани кои аплицираа на јавниот повик на Град Скопје за субвенции за нов велосипед објавен уште во јуни минатата година, девет месеци потоа се уште ја чекаат исплатата на субвенциите. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, на денешната седница на советнички прашања, објасни дека исплатата ќе биде во наредниот период, затоа што во изминатите месеци се соочиле со […]

Годишната инфлација во март скокна на 4,9 отсто


  Tрошоците на животот, преку кои се искажува инфлацијата  кај нас, во март 2026 година, во однос на март лани, бележат зголемување од 4,9 отсто, а цените на мало од 3,4 отсто, соопшти денеска Државниот завод за статистика. Инфлацијата во март годинава во однос на претходниот месец е 0,7 отсто. Цените на мало, пак, во […]

Трпевски по вторпат амбасадор во Албанија, прозборе и албански во Собранието


Новиот амбасадор на Македонија во Албанија, Веле Трпевски, денес ги презентираше приоритетите пред Комисијата за надворешна политика. Трпевски по третпат е именуван за амбасадор на Македонија и со исклучок на вториот мандат кога беше во Австралија, повторно амбасадорува во Албанија. Тоа го искористил за да научи албански и денес на Комисијата , на барање на […]

Џ.Д. Венс го испофали Орбан за да му помогне на изборите


  Потпретседателот на САД Џ.Д. Венс денеска во Будимпешта да му помогне на унгарскиот премиер Виктор Орбан да може да ги сврти трендовите во анкетите и да ги добие многу важните избори избори в недела на 12 април. Џ.Д. Венс продолжува велејќи дека „има толку многу работи на кои можеме да посочиме“ во однос на […]

Половични мерки имаат половичен успех, реакција на СДСМ


  Владата на Христијан Мицкоски задоцни со мерки и носи само делумни решенија без ефект. Холистичкиот пристап на македонскиот Далај Лама нема ефект, секогаш кога ќе најави мерки цената на дизелот поскапува, изјави денеска на прес-конференција потпретседателката на СДСМ, Јова Тренчевска. Таа рече дека буквално сѐ е поскапено: лебот, брашното, месото, млечните производи, овошјето, зеленчукот, […]

„Реплек“ со раст на домашниот пазар од 20% во првиот квартал од годинава и зголемена дивиденда за 25%


Со стабилни продажни резултати и зајакната позиција на домашниот фармацевтски пазар, „Реплек АД Скопје“ ја стартува 2026 година. Во првиот квартал од годинава компанијата оствари вкупни продажби во сегментот Фармација од 7,2 милиони евра, при што домашниот пазар бележи изразен раст од 20%. На акционерското Собрание кое се одржа на почетокот на април беше донесена […]

Станбена криза во ЕУ: Унгарија со рекорден скок на цените на недвижностите


Цените на становите во Европската Унија продолжуваат да растат, а за една деценија скокнаа за речиси 65 отсто, се наведува во денеска објавениот извештај на Евростат. Пазарот на недвижности во ЕУ забележа значителен раст во четвртиот квартал од 2025 година, при што цените на становите скокнаа за 5,5 отсто, додека кириите пораснаа за 3,2 отсто […]

Создадена мобилна апликација за следење и истражување на пеликаните во Преспанско Езеро


Македонското еколошко друштво (МЕД), Друштвото за заштита на Преспа од Грција и Друштвото за заштита и зачувување на природната средина во Албанија во рамки на „Проект ПреспаНЕТ III – зачувување на биолошката разновидност на прекугранична Преспа“ промовираа мобилна апликација за следење и истражување на пеликаните во Преспанско Езеро. Мобилната апликација „PelicanWatch“ ја создаде Друштвото за […]

Битолската ЗОО Градина ќе вдоми животни од Зоолошките градини во Скопје и Белград


ЈУ Зоолошка градина-Битола од денеска има нови жители, мајмуни од видовите патас, лемури и коати, кои ги доби од Зоолошката градина во Скопје, а наскоро ќе вдоми нови жители и од ЗОО Градина Белград. За време на денешната посета на ЈУ ЗОО Градина Битола, градоначалникот Тони Коњановски од директорот на таа општинска установа Жарко Тренковски […]

Актуелната криза со нафтата и гасот е посериозна од оние во 1973, 1979 и 2022 заедно, вели шефот на MAE


Сегашната криза со нафтата и гасот предизвикана од блокадата на Ормуската Теснина „е посериозна од кризата во 1973, 1979 и 2022 година заедно“, изјави Фатих Бирол, шеф на Меѓународната агенција за енергија (MAE), за весникот „Ле Фигаро“. „Светот никогаш не доживеал прекин на снабдувањето со енергија од ваков обем“, рече тој во интервју за француски […]

Вработените во ПИОМ ќе добијат покачување на платите од пет проценти во наредните три години


Директорот на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, Никола Мемов, денес потпиша Анекс на Колективниот договор со претставниците на репрезентативните синдикати УПОЗ, САДУ и КСОМ. Според Анексот, вработените во Фондот ќе добијат покачување на платите од пет проценти започнувајќи со априлската плата за оваа година, а истото покачување ќе биде имплементирано и во 2027 и […]

Мицкоски очекува мартовската инфлација да е 4,5 – 5 проценти


Со корекциите што ги направи Владата и почетните мерки за намалување на ДДВ-то за горивата од 18 на 10 проценти и можноста за намалување на акцизата е оневозможено инфлацијата да биде двојно поголема од таа за март, која се очекува да биде меѓу 4,5 и 5 проценти – вели премиерот Христијан Мицкоски. Додава дека внимателно […]

Криза на идентитетот на еврото: Бетовен или птици?


  ЕУ ги редизајнира банкнотите на својата единствена валута и, во тој процес, се сопнува на најзагрижувачкото прашање: што точно е Европа? По пет години работа, Европската централна банка (ЕЦБ) влегува во завршната фаза од преуредувањето што ќе ги замени сегашните мостови и архитектонски стилови што ги дефинираа банкнотите од нејзиното раѓање во 2002 година. […]

Тимовите задолжени за „Скопје европска престолнина на културата 2028“ работат интензивно, уверува Ѓорѓиевски


Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска, одговарајќи на советничко прашање, нагласи дека тимовите задолжени околу организацијата на „Скопје европска престолнина на културата 2028“ работат интензивно со подготовките. -Дополнително, интензивно тимовите кои се задолжени таму работат околу координацијата и подготовките. Ни следи процес во кој ќе има и ребрендирање на започнување на нашиот главен град, на […]

Дресираното куче Пончо од Мадрид го воодушеви светот, изведувајќи кардиопулмонална реанимација на полицаец за време на вежба


Мадрид – Во Мадрид, дресирано полициско куче по име Пончо привлече големо внимание откако видеоснимка од неговата обука беше објавена онлајн, прикажувајќи го како изведува кардиопулмонална реанимација на полициски службеник за време на вежба. Додека полицаецот лежел на земја, Пончо се стрчал кон него и веднаш започнал со постојани, ритмични компресии на градниот кош со шепите, […]

Засилени безбедносни мерки во Бања Лука пред доаѓањето на Доналд Трамп Помладиот


Бања Лука – Во Бања Лука е забележано засилено присуство на безбедносните сили во пресрет на доаѓањето на Доналд Трамп Помладиот, син на американскиот претседател Доналд Трамп, кој, според најавите, доаѓа на покана на Игор Додик. Околу Банскиот двор е воспоставена т.н. „стерилна зона“, при што никој нема да може да се приближи на помалку од […]

Црн рекорд на Алпите: Најмалку 135 загинати во лавини оваа сезона


Берлин – Од почетокот на октомври 2025 година, во лавини на Алпите и другите планински подрачја во Европа настрадаа најмалку 135 лица, покажуваат податоците на Европската служба за предупредување од лавини. За споредба, во текот на зимата 2024/25 во Европа беа забележани вкупно 70 жртви, што значи дека оваа сезона бројот на загинати е речиси удвоен, […]

„Стандард и Пурс“: Банкарскиот сектор е стабилен, а инфлацијата на среден рок ќе се врати на историскиот просек


Агенцијата за кредитен рејтинг „Стандард и Пурс“ го потврди кредитниот рејтинг на земјава на ББ- со стабилен изглед, при што посочува дека банкарскиот сектор е стабилен, а инфлацијата на среден рок ќе се стабилизира и ќе се движи околу историските нивоа. Во извештајот се наведува дека, пред конфликтот на Блискиот Исток и растот на светските […]

Ѓорче Петров доделува субвенции за возачка дозвола


Општина Ѓорче Петров официјално го објави јавниот повик за доделување субвенции во износ од 10.000 денари за полагање на возачки испит, наменет за млади лица кои за првпат аплицираат. Со оваа мерка, општината, велат од таму, продолжува со конкретна и директна поддршка на младите, овозможувајќи им полесен пристап до возачка дозвола – значаен чекор кон […]

Карпош подели 140 хуманитарни пакети на социјално загрозени семејства


И оваа година, традиционално, по триесет и четврти пат по ред, Општина Карпош преку Одделението за детска, социјална и здравствена заштита, во рамките на хуманитарната акција, им подели повеќе од 140 хуманитарни пакети на граѓани и семејства кои се во социјален ризик. Станува збор за пакети со прехранбени продукти (зејтин, брашно, ориз, конзервирани и кондиторски […]