Аеродром со 138 милиони денари реконструира 18 улици или 5,4 км


Денеска започна реконструкцијата на сообраќајница во Мичурин . Се работи за улицата „Симеон Кавракиров“, каде на увид денеска беа градоначалникот на Општина Аердором, Дејан митески и претседателот на Владата, Христијан Мицкоски. – Ова не е само реконструкција – ова е инвестиција во безбедноста, мобилноста и квалитетот на живот. Со должина од 485 метри, улицата претставува […]

Не е јасно за што е виновна, а за што не е: Апелација ја укина затворската казна за Лидија Димова


  Апелацискиот суд во Скопје ја укина пресудата Лидија Димова, поранешната директорка на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, со која таа беше осудена на двегодишна казна затвор за злоупотреба на службената положба. Апелација го врати предметот на повторно судење во Кривичниот суд На пресудата се жалеа и обвинителството и одбраната и расправата […]

Американци ќе копаат антимон во Македонија, Мицкоски го нуди и „Чебрен и Галиште“


  Американска компанија ќе експлоатира руда антимон во Кривопаланечко, која потоа ќе се преработува во Соединетите Американски Држави, а на американски инвеститори ќе им биде понуден и проектот „Чебрен и Галиште“, што била лична заложба на премиерот Христијан Мицкоски. Ова денес на новинарите им го откри премиерот Мицкоски, во одговор на прашање за денешниот стратешки […]

На суд се решава експропријација за да се пушти мостот „Генерал Михајло Апостолски“


Експропријацијата на куќите и другите објекти кои се наоѓаат на патот што треба мостот „Генерал Михајло Апостолски“ да го поврзе со сегашниот ТЦ „Ист гејт“, не оди така мазно и лесно, како што ветуваше градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. Имено, за дел од објектите кои пречат и треба да се урнат, се водат судски постапки. – За […]

Старо урнебесно видео од Вучиќ и Орбан повторно стана вирално, собра 300.000 прегледи за еден ден


  Старо видео од српскиот претседател Александар Вучиќ и унгарскиот премиер Виктор Орбан од воз повторно стана вирално на социјалните мрежи, само неколку дена пред парламентарните избори во Унгарија. Во видеото од 2022 година во возот на тогаш новата брза линија што ги поврзува Белград и Нови Сад, Вучиќ погледна низ прозорецот и мавташе за […]

Учениците од Визбегово немаат градски автобус до училиште, директорот на ЈСП треба да го реши проблемот


Автобусот 18 а, кој единствен сообраќа кон Скопје од Визбегово, повеќе не сообраќа, па децата сами треба да си обезбедат превоз или родителите да ги одведат до училиште. Овој проблем и уште два други, поврзани со ЈСП „Скопје“ и градскиот превоз во главниот град ги изнесе советникот Авдуљ – Селам Селами од Националната алијанска за […]

Стратешкиот дијалог со Македонија од американска страна ќе го води заменикот-државен секретар Кристофер Ландау


  Околу 11 часот по американско време (17 часот по македонско) во Стејт департментот во Вашингтон треба да се одржи Стратешкиот дијалог меѓу САД и Македонија. Од Македонија на овој состанок ќе биде присутна висока владина делегација, предводена од министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски, министрите за внатрешни работи Панче Тошковски, за одбрана Владо Мисајловски, […]

Егзит Фестивал се враќа во Црна Гора


Подгорица – Организаторите на Фестивалот Егзит соопштија дека, откако беше најавено дека оваа година нема да се одржи во Србија поради низа политички притисоци поврзани со поддршката на студентските протести,  фестивалот започнува ново поглавје во својот развој, а Црна Гора ќе биде една од клучните дестинации ова лето. „Во рамки на договорот постигнат со Владата на […]

ДЗР: Со националниот скрининг за рак на дојка опфатени само 0,8 до 5,4 отсто од жените


Во периодот 2021-2024 година се направени вкупно 20.946 скрининг мамографии на жени на возраст од 40 до 69 години во двегодишен циклус во повеќе мамографски центри. Скринингот на рак на грло на матка се спроведува по пат на ПАП тестови кај жени на возраст од 21 до 59 години во тригодишен циклус и во периодот […]

Асошиејтед прес планира намалување на работните места


Њујорк – Американската новинска агенција Асошиејтед Прес (АП) планира намалување на работните места на својот домашен пазар, објави вчера организацијата. Синдикатот Њуз Медиа Гилд соопшти дека повеќе од 120 негови членови добиле понуди за откуп вчеравечер. Не е јасно колку работни места всушност ќе бидат намалени, бидејќи АП не открива колку новинари вработува низ целиот свет. […]

Трилерот „Малдорор“ ја заокружува регионалната турнеја со три проекции во Кинотека


Промоцијата и дистрибуцијата на филмот „Малдорор“ од Фабриц ди Велц кој се прикажуваше изминатиов период во кинатата низ регионот, во Македонија го заокружуваме со три проекции (7, 8 и 9 април) во Кинотека. Филмот ја освои наградата на публиката на Јадранската мрежата на фестивали (Adriatic Audience Award), која беше доделена на 31. издание на Фестивалот на […]

Почна реконструкцијата на улица „Ленинова“, воведен привремен режим на сообраќај


Општина Центар започна со реконструкција на вториот дел од улицата „Ленинова“ во должина од над 600 метри, на потегот од бул. „Партизански одреди“ до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Во моментов се реализираат првата и втората фаза од реконструкцијата, на делот од бул. „Партизански одреди“ до ул. „Наум Наумовски Борче“. На овој потег воведен […]

Џокси, Дац и Александар со нова верзија на „На Велигден сум се заљубил“ (видео)


Со огромна почит кон музичкото наследство и во духот на претстојните празници, Џина Папас Џокси, Драган Спасов Дац и Александар Митевски ја претставуваат новата верзија на легендарната песна „На Велигден сум се заљубил“.   Оваа преработка доаѓа како музичка честитка за Велигденските празници, носејќи свежа енергија и современ звук, а притоа задржувајќи ја препознатливата емоција […]

Меѓународниот саем за туризам во Турција ги претвора планините Качкар во светски центар на туристичката мапа


Средината на април е резервирана за уште еден престижен туристички настан во Турција. На 17 и 18 овој месец ќе се одржи Меѓународниот саем за туризам Качкар во истоимениот планински масив во провинцијата Ризе, со поддршка на Министерството за култура и туризам и Агенцијата за промоција и развој на туризмот на Турција (ТГА). Овој саем […]

Пристапно предавање на новоизбраниот дописен член Ивица Џепароски на 15 април во МАНУ


Македонската академија на науките и уметностите кани на пристапно предавање на новoизбраниот дописен член на академијата, проф.д-р Ивица (Иван) Џепароски, на тема „Уметноста и институционалната теорија на уметноста“.  Предавањето ќе се одржи во амфитетатарот на МАНУ, на 15 април, во 12 часот. Пригодна реч ќе одржи акад. Влада Урошевиќ.

Стратешка енергетска соработка: Божиновска на средба во Белата куќа со советник на Трамп


Во рамки на официјалната посета во Соединетите Американски Држави, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска оствари средба во Белата куќа со Jarrod Agen, Заменик-советник на претседателот Доналд Трамп и извршен директор на Националниот совет за енергетска доминација на САД. -Средбата се одвиваше во отворен и суштински дијалог, со јасно дефиниран фокус на […]

Цената на нафтата расте додека се приближува рокот за ултиматум на Трамп кон Иран


Цените на нафтата денеска пораснаа додека се наближува истекувањето на новиот рок од ултиматумот што американскиот претседател Доналд Трамп му го постави на Иран, а пазарите се фокусирани на тековните нарушувања на глобалните енергетски резерви – јави ДПА. Суровата нафта „Брент“ за испорака во јуни утрово се искачи за 1,2 отсто, на 111,11 долари за […]

Грција купува израелски ракетен систем PULS: Соработката со Израел се зајакнува


Грција продолжува да ги модернизира своите вооружени сили и го купува израелскиот ракетен артилериски систем PULS, објави dpa во понеделник. Договорот за купување на системот PULS беше потпишан во понеделник во Атина, објави грчкото Министерство за одбрана. Според информации од грчките воени кругови, ќе бидат испорачани ракети со дострел од 35 до 300 километри, а […]

Работилница во Народна банка: СЕПА овозможува значителна заштеда за државните институции


Народната банка организира работилница за државните институции за практичните аспекти при вршење плаќања во евра во Единствената област за плаќања во евра (СЕПА). Целта на работилницата е запознавање на државните институции на кои Народната банка им дава платежни услуги со конкретните придобивки од членството на земјата во СЕПА, како и со новите услови и начинот […]

Уапсен најодликуваниот австралиски војник Бен Робертс-Смит поради обвиненија за воени злосторства


Најодликуваниот жив австралиски војник, Бен Робертс-Смит, е уапсен изутринава на аеродромот во Сиднеј, во врска со петте обвиненија покренати против него за извршени воени злосторства и убиства на невооружени цивили за време на неговата служба во Авганистан. Според австралиската Сојузна полиција, приведувањето на 47-годишниот Робертс-Смит е во врска со обвиненијата што се однесуваат на наводни […]