Сончево време со мала до умерена облачност


Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 7, а максималната ќе достигне од 12 до 20 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен […]

Дали Барселона беше оштетена: Еве што велат Флик и поранешен судија


Атлетико ја победи Барселона со 2-0 во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите на Камп Ноу. Мадридскиот тим ја постигна победата со головите на Хулијан Алварез и Александар Сорлот. Дефанзивецот на Барселона, Пау Кубарси, доби директен црвен картон поради прекршок врз Џулијано Симеоне во првото полувреме, а тимот на Диего Симеоне го искористи […]

Волстрит: Дау Џонс оствари најголем еднодневен раст во последната година


Акциите пораснаа во средата откако претседателот Доналд Трамп ги суспендираше нападите врз Иран за две недели, паузирајќи го петнеделниот застој што го затвори клучниот воден пат за глобалните снабдувања со енергија. Индустрискиот просек Дау Џонс порасна за 1.325,46 поени, или 2,85%, на 47.909,92. Тоа беше најдобриот ден на референтниот индекс за речиси една година, кога […]

Атлетико ја победи Барселона со играч повеќе. ПСЖ убедлив против Ливерпул


Одиграни се два натпревари од четвртфиналето на Лигата на шампионите. Барселона – Атлетико Мадрид 0:2 (Алварез 45′, Сорлот 70′) ПСЖ – Ливерпул 2:0 (Дуе 11′, Кваратскелиа 65′) Барселона – Атлетико 0:2 Барселона започна офанзивно од самиот почеток. Во првите минути, Маркус Рашфорд се закани двапати, но голманот на Атлетико, Хуан Мусо, беше сигурен. Домаќините продолжија […]

Иран бара по 1 долар за барел платен во крипто за поминување низ Ормускиот теснец


  Иран ќе бара од бродовите што минуваат низ Ормускиот теснец да платат криптовалутен еквивалент од 1 долар за барел нафта на бродот за време на двонеделното примирје со САД, изјави клучна личност за „Фајненшел тајмс“. Хамид Хосеини, портпарол на иранското Здружение на извозници на нафта, гас и петрохемиски производи, кој соработува со иранската влада, […]

Имало ли инсајдерски информации: Пред прекинот на огнот, се обложиле со 950 милиони долари дека нафтата ќе поевтини


Непознати инвеститори вложиле околу 950 милиони долари во облог за пад на цените на нафтата, само неколку часа пред САД и Иран да го објават привремениот прекин на огнот. Овој потег повторно ги отвори прашањата за тајмингот на големите трговски позиции на енергетските пазари и можното поседување инсајдерски информации, пишува Ројтерс, пренесува Индекс. Според податоците […]

Дали е разоткриен Сатоши Накамото, креаторот на биткоинот? Њујорк тајмс го впери прстот кон Адам Бек


Една од најголемите мистерии на модерната финансиска и технолошка историја е повторно во фокусот. Според истрагата на новинарот Џон Кериру од The ​​New York Times, идентитетот на лицето зад псевдонимот Сатоши Накамото, создавачот на биткоинот, би можел да му припаѓа на британскиот компјутерски научник Адам Бек. Истрагата, која траела повеќе од година и пол, вклучувала […]

Македонските ракометарки поразени од Германија во евроквалификациите


Македонската женска ракометна репрезентација загуби вечерва на домашен терен од Германија со 35-27 во рамки на петтото коло од групата 3 во квалификациите за пласман на Европското првенство. За македонските ракометарки ова беше четврти пораз во квалификациската група во која се третопласирани пред вечерашниот дуел меѓу Белгија и Словенија. Во случај на победа на гостинската […]

Амбасада на САД: Албанската полиција е опремена со најновите дронови од најновото американско производство


Амбасадата на САД во Тирана, денеска објави дека Единицата за борба против тероризмот на албанската државна полиција е опремува со најновите дронови од американско производство. “Поддршката за албанските институции во областа на безбедноста останува приоритет, со цел зголемување на стандардите и ефикасноста во борбата против разни закани, стои во соопштението на амбасадата на САД. Се […]

Најмалку шест лица загинаа во судир меѓу миксер за бетон и минибус во Турција


 Најмалку шест лица загинаа денеска во тешка сообраќајна несреќа во која учествувале миксер за бетон и минибус во југозападниот дел на Турција. Според првичните информации на државната новинска агенција Анадолија, во несреќата што се случила во Бурдур има и неколку повредени лица. Засега остануваат нејасни причините поради кои двете возила се судриле на патот меѓу […]

Читаат, но не разбираат – пад на знаењето кај учениците


Сè поголем број на ученици во Македонија читаат, но не разбираат што прочитале. Истражувањата покажуваат загрижувачки резултати. Децата се потешко ги искажуваат своите мислења, не ги разбираат текстовите што ги читаат и имаат прблем да влезат во дискутисија за нив. ИСППИ спроведе анализа на 1.288 деца од четврто и осмо одделение. Децата одговарале на 6 […]

„Шел“ очекува раст на профитот по пазарните турбуленции од војната во Иран


Британската компанија „Шел“ очекува значително зголемување на профитот од тргување со енергенси во првиот квартал од 2026 година, поттикнато од силните пазарни осцилации поради војната меѓу САД и Иран. Компанијата соопшти дека приходите од трговскиот сегмент, особено во хемискиот и нафтениот бизнис, ќе бидат „значително повисоки“ поради растот на цените и зголемената волатилност на пазарите, […]

Десет врвни лекари добија Повелба за придонес во развојот на медицинската наука


Десетмина доктори се добитници на повелбата „Трифун Пановски“, која вчера ја додели Македонското лекарско друштво на одбележувањето на Светскиот ден на здравјето. Признанието „Трифун Пановски“ се доделува за исклучителен и континуиран придонес во развојот на медицинската наука, унапредувањето на клиничката практика и подигнувањето на квалитетот на здравствената заштита. Годинава добитници се проф. д-р Гордана Ристовска, […]

Турција продава 52 тони злато, Русија и Полска размислуваат за слични потези


Турција продава злато, Русија и Полска размислуваат за слични потези, додека Кина ги зголемува своите резерви, што има големо влијание врз глобалниот пазар на скапоцени метали и движењата на цените. Турција продаде или позајми злато за околу 20 милијарди долари од почетокот на војната со Иран, во распродажба што придонесе за најголемиот месечен пад на […]

Македонија ќе купува течен природен гас од Америка


 Владите на  Македонија и на САД објавија заедничка изјава по одржувањето на втората сесија на Стратешкиот дијалог во Вашингтон, предводена од министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски и заменик-државниот секретар Кристофер Ландау. Заедничката изјава е достапна на веб-страницата на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија. Според неа, договорот вклучува купување течен природен […]

Хегсет: Иран или ќе го предаде ураниумот или САД со сила ќе го одземат


Американскиот министер за војна, Пит Хегсет, денеска упати ултимативно предупредување до Техеран дека САД се подготвени со сила да го одземат иранскиот збогатен ураниум доколку тој не биде доброволно предаден, нагласувајќи дека по 38 дена воени операции, иранската судбина сега е во рацете на Вашингтон. На заедничката прес-конференција со началникот на Генералштабот на американската армија, […]

Како Моџтаба Хамнеи склучи договор за примирје со Трамп: Сите чекори


  Американскиот медиум „Аксиос“ дава детална анализа за трескавичните чекори што беа направени од понеделникот и вторникот за да се стигне до договор за примирје меѓу Доналд Трамп и лидерите на Иран. Во разговори со 11 официјални лица „Аксиос“ го објаснува чекор по чекор развојот на настаните. Новинарот на „Аксиос“, Барак Равид, е еден од […]

Која е фирмата што ќе копа антимон со парите од САД?


  Австралијанец со потекло од Македонија е сопственикот на фирмата кој нашата делегација го однесе на стратешкиот дијалог со САД, за да потпише договор за финансиска поддршка во износ од пет милиони долари за истражување критични минерали во Македонија. Станува збор за Ник Јовановски, извршен директор на „Пела глобал лимитед“, фирма чија главна стратшка цел […]

Сите во Европа импровизираат, само Македонија има вистински мерки, тврди Мицкоски


  Не само што е „трета економија во Европа#, туку Македонија единствена имала вистински мерки за смирување на кризата преку, а сите други во Европа прават импровизација. Вака премиерот Христијан Мицкоски ја пофали својата влада на денешните пратенички прашања во острата размена со претседателот на СДСМ, Венко Филипче. Филипче ја обвини дека владата не реагирала […]

Кугларите на „Макпетрол“ ја освоија 25 титула на шампионатот на Македонија


Кугларски клуб „Макпетрол“ испиша нова златна страница во својата историја. Скопската екипа освои двојна круна оваа сезона во домашните натпреварувања, односно шампионска титула во лигата, како и Купот на Македонија. Со овој успех, тимот 25 пат е првак на земјава и 14 пат се закитува со националниот куп, со што уште еднаш е потврдена доминацијата […]