Најавата за блокади на иранските пристаништа ја зголемија цената на нафтата


Цената на нафтата забележа значителен раст во раното тргување на пазарите, откако Соединетите Американски Држави соопштија дека од денеска воведуваат блокада на иранските пристаништа. Котирањето на американската сурова нафта пораснаа за осум отсто, на 104,24 долари за барел, додека нафтата од типот „брент“ поскапе за седум проценти и достигна цена од 102,29 долари. Во текот […]

Познати двојките за плејофот и плејинот на НБА


По завршувањето на регуларниот дел од НБА-лигата, формирани се двојките за разигрувањето за шампионската титула. Победникот од Западната конференција, Оклахома Сити, и Сан Антонио (второпласиран) ќе ги добијат своите противници по плејин рундата. Сан Антонио ќе игра против победникот од плејин натпреварот помеѓу Феникс (7) и Портланд (8). Поразениот од овој натпревар ќе го одреди […]

Најстудено утрово во Маврово со температура од 4 степени


Утрово најстудено беше во Маврови Анови каде беа измерени три степени. На Попова Шапка 4, Крива Паланка 5, Берово 6, Лазарополе, Kрушево 7, Скопје-Петровец, Кавадарци 8, Охрид, Куманово, Прилеп, Виница, Струмица 9, Претор, Тетово, Битола 10 Велес, Скопје-Зајчев Рид, Гевгелија 11, соопшти УХМР. На Попова Шапка има и снежна покривка од 25 см. Времето денеска […]

Кој е Петер Маѓар, новиот премиер на Унгарија?


Будимпешта – Кога Петер Маѓар бил дете, на ѕидот во својата спална соба залепил фотографија од Виктор Орбан, тогаш антикомунистички бунтовник, воодушевен од првите демократски избори во Унгарија во 1990 година. Само пред неколку години, Маѓар му аплаудираше на говорот на Орбан од првиот ред, пред да се појави како најсериозен предизвикувач на националистичкиот лидер […]

Скопското Кале, од праисторијата до османлискиот период: Археолошкиот музеј со најголем инвестициски проект во 2026


Јасна и возбудлива слика за континуитетот на животот на Скопското Кале, од праисторијата до османлискиот период, ќе прикажат постојаните поставки кои се подготвуваат за музеите на Скопското Кале, што е најголем инвестициски проект на Археолошкиот музеј во 2026 година.  Директорката на Археолошкиот музеј, Магдаела Манаскова, изјави дека поставките ќе вклучат оригинални артефакти, дигитални реконструкции и […]

Климатските промени во Македонија се реалност, потребни се интегрирани институционални решенија


Климатските промени одамна престанаа да бидат апстрактен глобален проблем и сè појасно се чувствуваат и во Македонија – преку повисоки температури, подолги сушни периоди, поинтензивни пожари, аерозагадување и деградација на природните ресурси. Заедничката порака од научниците, универзитетските професори и граѓанскиот сектор е јасна: трендовите се загрижувачки, причините се добро познати, решенијата постојат, но недостига системска […]

Трамп остро го нападна папата Лав XIV по неговиот антивоен повик


Вашингтон – Американскиот претседател Доналд Трамп упати остри критики кон папата Лав XIV, нарекувајќи го „ужасен“ во надворешната политика и „слаб во борбата против криминалот“. Во објава на платформата „Трут соушал“ (Truth Social), Трамп дополнително ги заостри односите со Ватикан. Трамп ги критикуваше ставовите на папата за глобалните конфликти, наведувајќи дека не сака поглавар кој […]

Лорен Санчез за мајчинството: „Би сакала да имам дете со Џеф“


Лoрен Санчез Безос изјави дека би сакала да има дете со Џеф Безос, иако веќе имаат големо семејство со седум деца од претходни врски. Во статија објавена во „Њујорк тајмс“викендов, 56-годишната новинарка и добитничка на наградата Еми изјави дека без двоумење би размислила за додавање нов член во семејството. „Утре би имала уште едно. Утре […]

По масовните протести, Даблин ги намалува акцизите и го одложува еколошкиот данок


Даблин – Ирскиот премиер Михол Мартин најави дополнителни намалувања на акцизите на горивата и одложување на зголемувањето на данокот на јаглерод. На итна владина седница беше постигната согласност за реакција на енергетската криза која предизвика масовни протести низ земјата, пренесе ДПА. Вредноста на денешниот пакет изнесува околу 505 милиони евра и е дополнување на мерките […]

Аналитичари: Унгарија ќе добие милијарди по победата


Убедливата победа на Пeтер Маѓар на изборите во Унгарија ѝ даде на неговата централно-десничарска партија Тиши силен мандат што ќе ѝ даде одврзани раце да спроведе реформи, да го зајакне владеењето на правото и потенцијално да одмрзне милијарди евра од фондовите на Европската Унија, објавува Ројтерс. Најдобар сценарио за ЕУ ​​и пазарите Економистите и политичките […]

Папата Лав XIV ја започнува најдолгата посета на Африка во својот понтификат


Ватикан – Папата Лав XIV денеска ја започнува 11-дневната турнеја низ четири африкански држави – Алжир, Камерун, Ангола и Екваторска Гвинеја – што претставува најдолго патување во неговиот понтификат, кој започна пред помалку од една година. Ниту еден папа досега не го посетил Алжир, земја со околу 9.000 католици во претежно муслиманското население од речиси 47 […]

Демократите и некои републиканци го слават поразот на Орбан. Маск: Сорос ја презеде Унгарија


Американските демократи вчера го прославија изборниот пораз на унгарскиот премиер Виктор Орбан, додека сојузниците на претседателот Доналд Трамп и републиканците имаа мешани реакции на заминувањето на политичарот што го поддржуваше Трамп. Трамп отворено го поддржа Орбан пред гласањето, дури и кратко разговараше по телефон минатата недела на предизборен митинг во Унгарија, за време на посетата […]

Карни: Деновите кога нашата војска испраќаше 70 центи од секој долар во САД се завршени


Канадскиот премиер Марк Карни објави дека Канада ќе ја намали својата долгогодишна зависност од САД за воени трошоци и набавки, ветувајќи дека ќе ја зајакне домашната индустрија и ќе ги прошири глобалните партнерства. На националната конвенција на Либералната партија во Монтреал, Карни им рече на делегатите дека „поминаа деновите кога нашата војска испраќаше 70 центи […]

Обама: Победата на опозицијата во Унгарија е потсетник дека сите треба да продолжат да се борат за правда


„Победата на унгарската опозиција на вчерашните избори, како оние во Полска во 2023 година, е победа за демократијата, не само во Европа, туку и во целиот свет.     Пред сè, тоа е доказ за отпорноста и решителноста на унгарскиот народ, како и потсетник за сите дека мора да продолжиме да се залагаме за правда, […]

Унгарија ја одбра Европа, вели Урсула фон дер Лајен


Претседателката на Европската Комисија Урсула фон дер Лајен меѓу првите му честиташе на Петар Маѓар на изборната победа во Унгарија.  – Унгарија ја одбра Европа. А Европа секогаш ја одбиваше Унгарија. Земјата се врати на европскиот пат. Унијата стана посилна. Европското срце денеска чука посилно во Унгарија, напиша Фон дер Лајен на социјалните мрежи, на […]

Сончево со умерена облачност


Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец со брзина над 60 километри на час, најави Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).  Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 15 до 21 степен.  Во Скопје, […]

Астрономски календар


Денеска е понеделник, 13 април 2026 година, 103-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат  262 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 57 минути, а ќе зајде во 19 часот и 12 минути. Денов трае 13 часа и 15 минути. Месечината, која е во фаза на последна четвртина ќе изгрее во […]

„Њујорк тајмс“ за Орбан: Пораз на „светилникот на десницата“


  Унгарскиот премиер Виктор Орбан, светилник на десницата, кој инспирираше популистички движења низ целиот свет, не можеше да го надмине растечкото незадоволство на своите граѓани, пишува „Њујорк тајмс“, наведувајќи дека Орбан денес го признал изборниот пораз на парламентарните избори. Унгарскиот премиер Виктор Орбан, ѕвездата-водилка за воините на културата на МАГА и десничарските популисти во Европа, […]

Филипче: По поразот на Орбан ВМРО-ДПМНЕ го загуби единствениот сојузник


  Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, вечерва ја поздрави победата на опозицијата на изборите во Унгарија велејќи дека паѓаат автократските режими во Европа и дека е време за демократија. Во објавата на Икс тој рече дека со падот на Виктор Орбан ВМРО-ДПМНЕ го загуби единствениот сојузник во Европа „Вечерва Унгарија рече ДОСТА E! Недемократскиот режим […]

Македонија со најголема невработеност во Европа, неколку соседни земји меѓу најдобрите


Македонија го држи неславното место во Европа на земја со највисока невработеност, додека неколку земји од регионот се меѓу оние со најмал процент невработени. Новата мапа на невработеност за 2026 година покажува значителни разлики меѓу европските земји, а Македонија, со стапка од 11,4 проценти, е најлошо рангирана меѓу земјите со поизразени проблеми на пазарот на […]