СДСМ тврди дека приватна разузнавачка компанија работи против нив по наредба на Мицкоски


СДСМ обвини дека премиерот Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ангажирале странска приватна разузнавачка компанија за следење на опозицијата и фабрикување афери. Според партијата, станува збор за израелската компанија „Блек кјуб“, која ја опишуваат како „приватен Мосад“ и која, како што наведуваат, е позната по активности како собирање информации, следење и спроведување операции насочени кон политички противници. […]

Американската војска ги предаде сите главни бази во Сирија


Американската војска го заврши предавањето на сите главни бази во Сирија, потврди во петок Централната команда на САД (CENTCOM). Американските сили продолжуваат да ги поддржуваат партнерските напори за борба против тероризмот за да се обезбеди безбедноста во регионот, изјави портпаролот на CENTCOM како одговор на барањето за коментар. Сириската влада претходно објави целосно повлекување на […]

Десет години по Брегзит: Повеќе од половина од Британците се за повторно влегување во ЕУ


Поддршката за повторно приклучување кон Европската Унија, не само кон единствениот пазар, расте меѓу британските гласачи, при што повеќе од 80 проценти од гласачите на Лабуристичката партија, Либерално-демократската партија и Зелените ја поддржуваат оваа опција, покажува анкета за ставовите на гласачите десет години по референдумот за Брегзит. Експертите предупредуваат дека „резервираниот“ пристап на Лабуристичката партија […]

Политички пресврт во Словенија: Јанша ја презема власта?


Три недели откако Словенците излегоа на гласање, се чини дека добија одговор на основното прашање – веројатно е дека следната влада, по четврти пат, ќе ја формираат Јанез Јанша и неговата Словенечка демократска партија (СДС). Вчера, лидерот на демократите, Анже Логар, објави дека ги прекинува коалициските преговори со партијата Движење за слобода на поранешниот премиер […]

Протести пред зградата на Владата во Тирана, демонстрантите фрлаа молотови коктели


Синоќешните протести на опозицијата во Тирана пред зградата на Владата на Албанија се претворија во инциденти, откако некои демонстранти фрлаа молотови коктели и пиротехнички средства кон зградата. Ескалацијата се случи по говорот на лидерот на опозициската Демократска партија на Албанија, Сали Бериша, кој рече дека партијата е „единствената надеж за спасување на земјата“ и ја […]

„Инструментите на моите предци“ – натпревар на изворни и класични инструменти во ЈУ Детски културен центар – Карпош


 Натпревар на изворни и класични инструменти „Инструментите на моите предци“ ќе се одржи денеска ЈУ Детски културен центар – Карпош, со поддршка на Град Скопје.  Македонските традиционални инструменти се клучни за богатата музичка култура, вклучувајќи дувачки инструменти како кавал, гајда, зурла и дудук, како и жичени инструменти како тамбура, ќемане и гусла. Тие се често […]

Олимписки пикник за здрави животни навики


 Олимпискиот комитет на Северна Македонија денеска од 12 до 16 часот кај тениските терени во рамки на Спортскиот центар во Скопје, ќе организира „Олимписки пикник“, посветен на промоција на олимпизмот, здравите животни навики и меѓународното пријателство. Како што информираат од Олимпискиот комитет, пикникот е замислен како неформално дружење на отворено, со пријатна атмосфера, музика, освежување […]

Сончево со мала до умерена облачност


Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во југоисточните делови ќе има услови за краткотраен локален дожд и појава на ретки грмежи. Ќе дува засилен, повремено силен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Утринските температури ќе се движат од 5 до 11 степени, а дневните […]

Три земји од ЕУ бараат раскинување на договорот со Израел: „Ги кршат човековите права“


Шпанија, Словенија и Ирска побараа од Европската комисија да покрене дискусија за евентуалното суспендирање на Договорот за асоцијација меѓу Европската Унија и Израел, објави денес шпанскиот медиум „Кадена Сер“. Министрите за надворешни работи на трите земји испратија заедничко писмо до високата претставничка на ЕУ за надворешна политика, Каја Калас. Во писмото тие бараат итна ревизија […]

Кир Стармер се соочува со „судниот ден“ околу дебаклот со Питер Менделсон


  Тврдењето на британскиот премиер Кир Стармер дека бил „запрепастен“ што не бил информиран за неуспехот на проверката на осрамотениот амбасадор во САД, Питер Манделсон, предизвика неверица низ Вестминстер и обвинувања дека отпуштил висок државен службеник за да го спаси своето премиерско место. Високи владини претставници изјавија дека премиерот се соочува со „судниот ден“ следната […]

Тиса на Петер Маѓар го зголеми бројот на мандатите, стигна до 140


  Поразот на Виктор Орбан и неговата партија Фидес станува уште поголем додека се бројат гласовите што стигнале по пошта и од гласањето во странство. Тоа се однесува на натпреварите по изборни единици. Во денешното конечно пребројување на гласовите во изборната единица јужно од Будимпешта кандидатката на Тиса го победила претставникот на Фидес за нешто […]

Топлото време ги измами влекачите – внимавајте кога одите на Водно


Со порастот на температурите, се зголемува и активноста на влекачите, особено на планинските и шумските подрачја. Попладнево, на социјалните мрежи беше споделена објава за забележана змија на Водно, за која според коментарите станува збор за поскок. Според објавата, змијата била забележана на патеката од ресторанот „Два Елена“, во близина на капијата кај претседателската вила. „Личи […]

Лагард предупреди на инфлациските ризици од војната со Иран


Претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард, денеска ги предупреди учесниците на конференцијата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) за инфлациските ризици што произлегуваат од војната на Блискиот Исток. Нејзините коментари дојдоа пред американскиот претседател Доналд Трамп и иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи да објават во одделни изјави дека Иран се согласил да […]

Брза реакција на професионален војник спречи ширење на пожарот на скопското Кале (видео)


Професионалниот припадник на Армијата Христијан Божиновски со навремена и пожртвувана реакција помогна да се спречи ширење на пожар кој попладнево избувна под скопското Кале, при што беа опожарени повеќе паркирани возила. При интервенцијата, војникот се здобил со полесна повреда на раката, по што му била укажана соодветна медицинска помош, информираат од Армијата. Професионалниот војник  при […]

Манчестер Сити без клучен играч од одбраната во дуелот со Арсенал


Менаџерот на Манчестер Сити Пеп Гвардиола се соочува со проблем во пресрет на дербито со Арсенал в недела на „Етихад“. Поради повреда на коленото Гвардиола нема да може да смета на Рубен Диаз. Но, тимот на Сити и досега имаше успех во натпреварите кога овој фудбалер не настапуваше поради повреди, а без негова помош „граѓаните“ […]

Би пробале сладолед од ракови?


Последното место каде што би можеле да очекувате да најдете варен рак е во сладолед, но токму тоа го нуди една продавница за сладолед во Хјустон, Тексас, за време на врвот на сезоната на ракови напролет. Ники Нго, сопственичка на Red Circle Ice Cream, изјави за Reuters дека почнала да служи сладолед од рак во […]

Со новите законски измени, пензионирани лекари и сестри ќе можат да продолжат да работат до 70 години


Министерот за здравство Азир Алиу, кој денеска беше во посета на Општата болница со проширена дејност во Дебар, изјави дека со измените на законот, кои се во владина процедура, пензионираните лекари и медицински сестри ќе може да продолжат да работат и по пензионирањето односно до 70-годишна возраст. Според него, еден од проблемите што ги детектирале […]

Тројца пешаци во Скопје, Штип и во Битола настрадале во сообраќајки


Три одделни сообраќајни несреќи со тешко повредени пешаци се случиле во текот на 16 април во Скопје, Штип и Битола. Утрото, во 7:30 часот, било пријавено дека на улицата „Маџари“ во Скопје автобус Mercedes со скопски регистарски ознаки, управуван од В.Р. (56), удрил во 78-годишната М.П., двајцата од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди […]

Изгореа пет автомобили на паркингот под Кале


Денеска на улицата „Лазар Личеноски“, во близина на скопското Кале, избувна пожар во кој беа зафатени и целосно опожарени пет паркирани возила. Според првичните информации, огнената стихија брзо се проширила и ги зафатила автомобилите кои биле паркирани на локацијата, при што тие целосно изгореле. Екипи на Противпожарната бригада на Град Скопје веднаш интервенирале и работат […]

Eксградоначалникот на Сарај, Беџети, дозволил фирма да се стекне со над 700.000 евра


Полицијата поднесе кривична пријава против поранешниот градоначалник на Сарај, Блерим Беџети, и овластено службено лице од Град Скопје за Злоупотреба на службената положба и овластување. Денеска полицијата поднесе кривична пријава против З.Д. (61) од Скопје и Б.Б. (49) од Скопје, поради основано сомневање за сторено кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување. З.Д. во […]