Изгореа пет автомобили на паркингот под Кале


Screenshot

Денеска на улицата „Лазар Личеноски“, во близина на скопското Кале, избувна пожар во кој беа зафатени и целосно опожарени пет паркирани возила.

Според првичните информации, огнената стихија брзо се проширила и ги зафатила автомобилите кои биле паркирани на локацијата, при што тие целосно изгореле.

Екипи на Противпожарната бригада на Град Скопје веднаш интервенирале и работат на гаснење на пожарот.

Засега нема информации за повредени лица.

Надлежните служби извршуваат увид на местото на настанот, а причините за избувнување на пожарот ќе бидат утврдени по завршување на истрагата.