Манчестер Сити без клучен играч од одбраната во дуелот со Арсенал
Менаџерот на Манчестер Сити Пеп Гвардиола се соочува со проблем во пресрет на дербито со Арсенал в недела на „Етихад“. Поради повреда на коленото Гвардиола нема да може да смета на Рубен Диаз.
Но, тимот на Сити и досега имаше успех во натпреварите кога овој фудбалер не настапуваше поради повреди, а без негова помош „граѓаните“ ги добија Арсенал во финалето на Карабао купот, како и Ливерпул и Челзи во Премиер лигата.
Инаку, се очекува на централните места во одбраната на Сити да настапат Марк Геи и Абдулкодир Хусанов.
Евентуален триумф за Манчестер Сити би можело да му донесе психолошка предност во однос на Арсенал бидејќи на тој начин бодовната разлика ќе „падне“ на три бодови, а Манчестер Сити има еден одложен дуел со Кристал Палас.