Трамп го одложи ултиматумот до Иран до утревечер во 20 часот


Американскиот претседател Доналд Трамп  синоќа се чини дека го одложи својот ултиматум до Иран за уште 24 часа, сега поставувајќи го „вторник во 20 часот“ по источно време, што е 2:00 часот наутро во среда по средноевропско време, за нов краен рок. „Вторник, 20 часот по источно време“, напиша Трамп на својата платформа Truth Social. […]

Без струја поради зафати на мрежата корисниците на неколку улици во Илинден, Чучер Сандево, Бутел и Карпош


Без електрична енергија во одредени периоди од денот поради зафати во електродистрибутивната мрежа денеска ќе бидат корисниците од неколку улици во општините Илинден, Чучер Сандево, Бутел и Карпош. Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа во периодот од 08:00 до 15:00 часот без електрична енергија ќе останат корисниците од ул. „Кадино […]

Најмалку пет лица загинаа во воздушен напад врз иранскиот Ком


Најмалку пет лица беа убиени во воздушен напад врз станбена зграда во Иран, соопштија властите рано утринава, пренесе ДПА. Во нападот, што иранските власти го опишаа како заеднички американско-израелски напад, рано утринава е погоден централниот град Ком, објави новинската агенција Фарс, повикувајќи се на висок безбедносен службеник во покраината. Спасувачките операции сè уште се во […]

Цените на нафтата во пораст поради заканите на Трамп кон Иран


Цените на нафтата на светските берзи пораснаа на почетокот на неделава откако американскиот претседател Доналд Трамп упати нови закани за можна воена акција против Иран што ги зголеми стравувањата од нарушување на глобалното снабдување. Цената на нафтата „Брент“ за испорака во јуни надмина 111 долари за барел, што е за речиси 40 долари повеќе во […]

Јавна расправа во Собранието за предложениот закон за Советот на јавните обвинители


Јавна расправа по предлог-законот за Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија ќе се одржи денеска во Парламентот, во организација на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците, која на седница на 27 март го усвои предлогот во прво читање. Законот го предлага Министерството за правда, а Владата на седница во февруари […]

Претставување на монографијата за Крсте Петков Мисирков од Ганка Цветанова


„Социолошкиот дискурс на Крсте Петков Мисирков: за македонскиот идентитет и за нацијата“ е насловот на монографијата од проф. д-р Ганка Цветанова, издание на „Арс ламина“, која ќе биде промовирана деенска напладне во Музејот на македонската борба за самостојност. Издавачката куќа информира дека монографијата претставува теориско преиспитување на делото на Мисирков, со настојување да се нагласат […]

Иран не ја отвора Ормуската Теснина без надомест за бродарина


Иран одговори на ултиматумот од американскиот претседател Доналд Трамп со објавување нови закани за Ормуската Теснина, што е витална артерија за глобалните испораки на нафта и гас, јави ДПА. „Ормуската Теснина ќе се отвори повторно само кога, според нов правен режим, штетите од наметнатата војна ќе бидат целосно компензирани од дел од приходите од бродарина […]

Сончево и топло до 25 степени


Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 9, а максималната ќе достигне од 19 до 25 степени Целзиусови. Во Скопје ќе биде претежно сончево. Ќе дува слаб ветер од северен правец. […]

Американците сами си бомбардирале два авиона за да не паднат во рацете на Иранците


 Се појавија нови детали за спасувањето на американскиот навигатор F‑15E соборен над Иран.Офицерот бил во несвест со потрес на мозокот и првично не испратил сигнал за помош.Тој го направил првиот контакт во 12:00 часот во петокот, се искачил на највисоката точка за да избегне откривање, пешачел 10-12 километри и се скрил во пукнатина, од каде […]

Турканици во Велес: Бесплатно се делеа 2.000 табли со јајца


Околу две илјади табли со јајца беа буквално разграбани за само еден час во Велес за време на хуманитарна акција која предизвика огромен метеж. Поради безредието меѓу граѓаните кои чекаа во редици, мораше да интервенира и полицијата за да воведе ред и да спречи евентуални повреди, објави СДК.мк  Хуманитарниот настан е донација од велешани кои […]

Во акцијата за спасување на пилотот загинале неколку американски војници, тврди Иран


Неколку американски војници загинале за време на операцијата за спасување на екипажот на соборениот американски борбен авион во Иран, јавува иранската агенција Тасним, повикувајќи се на извори, додавајќи дека се уништени неколку авиони на американската армија. Во исто време, кинеската телевизиска мрежа CGTN потврди дека неколку американски војници ги загубиле животите во обидот за евакуација […]

Украина негира поврзаност со експлозивот најден до гасоводот во Србија


Украинското Министерство за надворешни работи категорично ги отфрли обвинувањата дека Украина е поврзана со откриениот експлозив во близина на српскиот дел од гасоводот „Турски тек“. – Украина нема никаква врска со тоа, напиша на Х портпаролот на Министерството за надворешни работи, Георгиј Тихи. Според него, „најверојатно станува збор за руска операција под лажно знаме во […]

Вреди тврди дека Ахмети купил зграда од пет ката во центарот на Тетово


Јавноста доби информација преку истражувањето на БИРН дека од ДУИ значително го зголемиле партискиот имот од 2022 година. Али Ахмети преку медиумите си пишува писма сам на себе за албанскиот јазик, но молчи за фактот дека купил зграда од пет ката во центарот на Тетово со површина од 1200 квадратни метри, се вели во соопштенито […]

Сијарто: Украинците би можеле да стојат зад обидот за дигање во воздух на гасоводот во Србија


 Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, изјави дека Украинците би можеле да стојат зад обидот за дигање во воздух на гасоводот „Турски тек“ на територијата на Србија. Сијарто ги изнесе овие тврдења по седницата на Унгарскиот совет за одбрана. Сијарто рече дека „оневозможениот терористички напад во Војводина се вклопува во шемата на украинските дејствија“. […]

Ел Барадеј: Запрете го овој лудак пред да го претвори регионот во огнена топка


Мохамед Ел Барадеј, поранешниот генерален директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), упати итен апел до земјите од Заливот да интервенираат по 48-часовниот ултиматум издаден од американскиот претседател Доналд Трамп против Иран. Изразувајќи длабока загриженост поради ескалацијата на геополитичките тензии, Ел Барадеј ги искористи социјалните медиуми за да го истакне потенцијалот за катастрофална воена […]

„Сан“: Во Обединетото Кралство секој ден во просек по пет Албанци се осудуваат на казна затвор


Во истражувачка сторија на британски „Сан“ (The Sun) се наведува дека во Обединетото Кралство просечно по пет албански државјани дневно се осудени од судовите.   – Според податоците на Министерството за правда, до септември минатата година, 1.865 Албанци биле испратени во затвор. Албанците ја сочинуваат најголемата група странци во британските затвори, околу девет отсто од […]

Трамп со нова закана до Иран: Отворете ја проклетата теснина, луди гадови, или ќе доживеете пекол


Американскиот претседател Доналд Трамп денеска упати нова закана до Иран, најавувајќи дека САД ќе ги уништат иранските електрани и мостови во вторник, ден откако ќе истече ултиматумот што му го даде на Техеран за отворање на Ормуската Теснина. – Вторник ќе биде Ден на електраните и Ден на мостовите, сè заедно, во Иран. Нема да […]

Повеќе од 3.400 учеснички ја истрчаа четиринаесеттата Авицена женска трка


Трката која е посветена на припадничките на понежниот пол – Авицена Женска трка, денеска го одржа своето 14. издание со вкупно над 3.400 учеснички. Оваа трка уште еднаш покажа дека жените без разлика на нивната возраст, имаат спортски дух и здравите навики ги користат секојдневно.  „Со денешната 14. Авицена Женска трка, со 3400 учеснички, припадничките на […]

Независниот академски синдикат не гледа суштински измени во законите за високо образование


 Независниот академски синдикат (НАкС) реагира за пакетот закони чии нацрти ги предложи МОН, а се однесуваат на високото образование, науката и обезбедувањето квалитет во овие области. Според синдикатот, нацрт-законите останале суштински непроменети.   „Во сите три предложени текста очигледно е нарушувањето на универзитетската автономија, преку одземање надлежностите на независните тела и нивно префрлање на МОН. […]

Се поставуваат последните слоеви асфалт на Стара рампа до семафорите кај Црвениот Крст


Се поставуваат последните слоеви асфалт на потегот од Стара рампа до семафорите кај Црвениот крст, на еден од најзначајните, но и за мене особено важни инфраструктурни зафати во градот, булеварот Македонија, објави денеска градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски на својот Фејсбук профил. Ова, како што вели. е симбол на новото време со кое Скопје […]