Алонсо ги критикува новите болиди: Крајот на херојот зад воланот


Двократниот светски шампион во Формула 1, Фернандо Алонсо, продолжува да ги критикува модерните автомобили. Алонсо не се двоуми да го каже своето мислење. Никогаш не го сторил тоа, а во оваа фаза од кариерата сигурно нема да започне. Возачот на тимот на „Астон Мартин“ повторно го посочи проблемот анализирајќи го однесувањето на новите автомобили според […]

Иран и САД го добиле пакистанскиот план за прекин на непријателствата


Иран и САД добија план за прекин на непријателствата што би можел да стапи на сила денеска и повторно да ја отвори Ормуската Теснина, јави денеска Ројтерс, повикувајќи се на неименуван извор запознаен со предлогот. Според изворите, Пакистан ја изготвил рамката за прекин на непријателствата и синоќа ја доставил до Иран и САД, а во […]

Вдовицата на Хју Хефнер се премажи за хавајски бизнисмен


Кристал Харис, вдовицата на основачот на „Плејбој“, Хју Хефнер, се премажи. Поранешната „Плејмејт“ се омажи за хавајскиот бизнисмен Џејмс Ворд, но предизвика контроверзии тврдејќи дека никогаш вистински не го сакала својот ултрабогат прв сопруг. Девет години по смртта на Хефнер, Харис вели дека конечно го пронашла мажот од своите соништа.     Приватна церемонија Кристал, […]

Расте интересот за сметководството: ИСОС со нови иницијативи за младите


Институтот на сметководители и овластени сметководители (ИСОС) изминатиот период спроведе низа активности за подигнување на атрактивноста на сметководствената професија и нејзина промоција меѓу студентите и средношколците. ИСОС го поддржа студентскиот проект кој беше инициран по Втората регионална конференција на сметководители и овластени сметководители, за отпочнување на видео подкаст „Повеќе од само бројки – Сè што […]

Најстудено во Берово, најмногу снег на Попова Шапка


Најстудено со температура од -1 степен Целзиусов утрово е во Берово, 0 степени се измерени во Лазарополе, 1 во Mаврови Анови, 2 во Битола, по 3 во Скопје-Петровец, Крива Паланка, Тетово, Охрид, Претор, Прилеп, Демир Капија, Струмица и Попова Шапка, 4 во Штип и Велес, 5 во Гевгелија и Kрушево, 6 во Скопје-Зајчев Рид, Куманово […]

Истражувања: Вишокот килограми може „да се отпешачат“, до одреден степен


Лос Анџелес – Одењето е веројатно најпристапниот облик на вежбање што го имаме, а сè поголем број истражувања покажуваат дека тоа е добро за здравјето на срцето, крвниот притисок, менталното здравје и друго. Одењето трипати неделно речиси го преполовува ризикот од болки во грбот, според новите истражувања. А пак, правењето 10.000 чекори дневно ја намалува […]

Кинотеката на Македонија одбележува полувековен јубилеј


Половина век постоење годинава одбележува Кинотеката на Македонија, формирана како институција од посебен интерес за Републиката, со задача да прибира, обработува, чува, заштитува и презентира филмови и филмски материјали од особено уметничко, културно, научно, историско и друго општествено значење. Официјално почнува да работи во 1976 година, две години подоцна од усвојувањето на  Законот за формирање […]

Почина Јасмина Зисовска, една од најистакнатите активисти за заштита на манастирот во Матејче


Почина Јасмина Зисовска-Зис, историчарка на уметност од Куманово, една од најистакнатите кумановки која со децении алармираше за исклучително лошата состојба за манастирот во Матејче. Нејзините колеги од Македонија се простуваат со неа, укажувајќи дека остави неизбришлива трага во зачувувањето на сакралните објекти. Зисовска е родена на 28 февруари 1959 година во Куманово каде завршува основно […]

Од петок почнува целосната имплементација на ЕЕС системот за влез во ЕУ


Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека од 10 април 2026 почнува целосната имплементација на системот за влез во ЕУ (EES – Entry/Exit System), со што на надворешните граници на Европската Унија се воведува нов, дигитализиран начин на евиденција и контрола на државјаните што патуваат за краткорочен престој, а се од држави што не […]

МНТ со „Народен пратеник“ гостува на фестивали во Велес и во Пожаревац


Претставата „Народен пратеник“, по текст на комедиографот Бранислав Нушиќ и во режија на Егон Савин, на 6 април ќе гостува на 5. издание на фестивалот „5-РЕ“ во Велес. Веднаш потоа, ансамблот заминува за Србија, каде на 8 април ќе настапи на јубилејното 30. издание на фестивалот Актерски свечености – „Миливоје Живановиќ“ во Пожаревац, кој годинава се одржува од 3 […]

Судење за пожарот во дискотеката „Пулс“


Во судницата во „Идризово“ продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во која загинаа 63 лица, а над 200-те беа повредени. На претходните рочишта сведоците на Обвинителството посочија на сериозни пропусти, недостиг на противпожарни апарати, празен хидрант и заклучена помошна врата, но и дека Општина Кочани повеќе од една деценија немала инспектор за […]

Газираната вода – здрава навика или скриен проблем?


Газирана вода често отвора безброј прашања, иако во суштина станува збор за едноставен производ. Сомелиерката за вода Анастасија Барбер објаснува дека тоа е „вода која содржи растворен јаглерод диоксид“, додека пак, експертот за диети Кирстин Џексон дополнува дека гасот може да биде природно присутен во изворите или да се додава во процесот на производство. Според […]

Расте гневот на Унгарците поради живеењето во „најкорумпираната земја во ЕУ“


Официјално пријавениот имот на унгарскиот лидер Виктор Орбан е скромна: некои заштеди и заедничка вила во Будимпешта, но гласачите во земјата, која според „Транспаренси Интернешнл“ е прогласена за најкорумпирана во Европската унија, мислат поинаку, објавува француската новинска агенција АФП. И тоа би можело скапо да го чини Орбан на општите избори на 12 април, кои […]

Астронаутите на „Артемис 2“ стигнаа до сферата на гравитациско влијание на Месечината


Четворицата астронаути на мисијата „Артемис 2“ стигнаа до сферата на гравитационо влијание на Месечината, што е точката кога гравитацијата на Месечината има посилен ефект врз вселенското летало „Орион“ отколку врз Земјата, соопшти денеска НАСА, пренесува ДПА. Американските астронаути Виктор Гловер, Кристина Кох и Рид Вајзман и канадскиот астронаут Џереми Хансен – се првите луѓе по […]

Неверојатната „соларна печка“ што ја менува иднината на производството на енергија


Во срцето на каталонските Пиринеи, на границата помеѓу Франција и Шпанија, се наоѓа една од најфасцинантните научни инсталации во светот, сончевата печка во Фонт-Ромеу-Одејло-Вија, или поедноставно – во Одејло. Овој импресивен комплекс, поголем дури и од Триумфалната капија во Париз, го користи сонцето за да достигне температури што ги надминуваат повеќето индустриски печки. Тоа е […]

Протест на студентите за полагање правосуден испит на албански јазик


Денеска, со почеток во 12:30 часот од страна на група граѓани ќе се организира протестен марш како израз на незадоволство поради неспроведување на Законот за употреба на јазиците во првосудниот испит. Протестот ќе започне од пред плоштадот „Карпошово востание“, улицата „11-ти Март“ преку Камени мост, продолжува по улицата „Никола Вапцаров“ и завршува на улицата „Димитрие […]

Германските „блу-чип“ компании ќе исплатат рекордни дивиденди за 2025 година


Најголемите јавно котирани компании во Германија ќе исплатат рекордни дивиденди на акционерите и покрај континуираното економско забавување, според студијата на консултантската фирма EY. Се очекува 40-те компании во водечкиот индекс DAX во земјата да исплатат вкупно околу 55,3 милијарди евра (63,7 милијарди долари), што е зголемување од 5,9% во однос на 52,2 милијарди евра минатата […]

Интер ја прекина серијата од три натпревари без победа


Интер синоќа на свој терен ја победи Рома со 5:2 дома во натпревар од 31. коло на италијанската Серија А. Лаутаро Мартинез постигна два гола за домаќините (1. и 52. минута). Хакан Чалханоглу (45.+ 2.), Маркус Турам (55.) и Николо Барела (63.) постигнаа по еден гол. За гостите од Рим погодија Џанлука Манчини (40. минута) […]

Аксиос: САД, Иран и медијаторите разговараат за 45-дневен прекин на огнот


САД, Иран и група регионални медијатори разговараат за условите за потенцијален 45-дневен прекин на огнот што би можел да доведе до траен крај на војната, објави вчера Axios, повикувајќи се на четири американски, израелски и регионални извори запознаени со разговорите. Ројтерс не можеше да ја потврди веста, бидејќи Белата куќа и американскиот Стејт департмент не […]

Најмалку пет повредени во руски напади врз Одеса


Најмалку пет лица се повредени во интензивните воздушни напади на руската армија извршени ноќеска врз украинскиот пристанишен град Одеса, соопштија официјални претставници. Според информациите од локалните власти, во нападите биле нападнати неколку делови на градот, при што биле погодени станбени згради. Ракодителот на воената администрација, Сергеј Лисак, преку „Телеграм“ информираше дека нападите предизвикале значителна материјална […]