Без вода дел од Центар и висока зона Пржино


Поради уличен дефект на ул.Ристо Шишков во Центар, без вода од 09:00 часот ќе бидат корисниците на потегот од Фонтана Парк до зградата на Владата и од булевар Илинден до Градски стадион, информира ЈП Водовод и канализација – Скопје. Вода од 09:00 часот ќе немаат и корисниците на дел од ул.Славејко Арсов и висока зона […]

Повторно штрајк на таксистите во Грција


Нов, 24-часовен штрајк, започнаа утрово таксистите низ цела Грција со цел уште еднаш да го изразат нивното незадоволство и несогласување за новиот закон од Министерството за транспорт што воедно се однесува и на такси превозот, а во текот на денешниот ден се очекува да биде ставен на гласање пред пратениците, јави дописничката на МИА од […]

Одбележување на Светскиот метеоролошки ден


Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) денеска ќе го одбележи 23 Март – Светскиот метеоролошки ден, кој секоја година се одбележува во над 190 земји-членки на Светската метеоролошка организација (СМО). Одбележувањето во кое УХМР се вклучува како рамноправен партнер во борбата за справување со глобалните климатски промени и опасните временски појави, годинава е на тема „Набљудуваме […]

Предлог-програмата за одбележување јубилејни годишнини на значајни настани и истакнати личности за 2026 пред Комисијата за култура


Во Собранието денеска ќе се одржа седница на Комисијата за култура и туризам на која на дневен ред е Предлог-програма за одбележување јубилејни годишнини на значајни настани и истакнати личности за 2026 година.  Членовите на Клубот за младински прашања и политики ќе имаат средба со Никол Варнс, в.д. амбасадор на САД во Република Северна Македонија.

Вучиќ во Абу Даби на средба со Бин Зајед: Србија е солидарна со пријателскиот народ на ОАЕ во тешки околности


Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вчера оствари ненадејна посета на Обединетите Арапски Емирати, каде што се сретна со претседателот, шеикот Мохамед бин Зајед Ал Нахјан. Посетата, како што истакна доцна синоќа Вучиќ на својот Инстаграм профил, била исклучително важна за зајакнување на билатералните односи и заедничката работа за мир и стабилност во тешки меѓународни околности. […]

Голоб победи на изборите, но без мнозинство – Словенија пред неизвесни коалициски преговори


Либералната партија на словенечкиот премиер Роберт Голоб освои најмногу гласови на парламентарните избори одржани вчера, но ја загуби владејачката мнозинска позиција заедно со коалициските партнери од левиот блок, покажуваат првичните официјални резултати. Движењето „Слобода“ (ГС) на Голоб освои 28,54 отсто од гласовите и 29 пратенички места, откако беа пребројани речиси сите гласови, соопшти државната изборна […]

Променливо облачно со повремен дожд


Времето денеска ќе биде променливо облачно. Попладне ќе има повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од минус два до пет, а максималната ќе достигне од девет до 15 степени. Во Скопје времето ќе биде променливо облачно. Попладне во делови од котлината […]

Почнува судењето за железничката несреќа кај Темпи пред три години


Долгоочекуваниот судски процес за железничката несреќа пред три година кај месноста Темпи, почнува денеска во специјално адаптираната просторија на конгресниот центар на Универзитетот Тесалија во грчкиот град Лариса, а обвинети се 36 лица, од кои 33 се гонат кривично, јави дописничката на МИА од Атина. Поради почетокот на судењето, грчката железница утрово започна 24-часовен штрајк, […]

Протест во Тирана, летаа молотови коктели и пиротехнички сретства (ВИДЕО)


Најавен како мирен протест, со марширање низ Тирана, вечерашниот собир на опозицијата многу не се разликуваше од претходните, освен што немаше обраќање на претставници на политичките партии. Приврзаниците се собраа пред зградата на владата, каде почнаа да фрлаат молотови коктели и пиротехнички средства кон објектот, поради што мораше да интервенира противпожарно возило. Полицијата ја растури […]

Божиновска: Имаме доволно деривати, снабдувањето е во одлична кондиција


Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска изјави дека снабдувањето со горива е во одлична кондиција и во земјата има доволно деривати. – Ние го следиме сето тоа. Засега снабдувањето е во одлична кондиција, што значи дека има доволно деривати. Пазарната инспекција ги провери и оние пет дена што мора да имаат резервни […]

Дали Орбан ја намами ЕУ во стапица?


Веројатно откако Маргарет Тачер беше на власт, лидерите на ЕУ не биле толку огорчени од еден од своите колеги, како што беа минатата недела кога Виктор Орбан повторно блокираше критичен заем од 90 милијарди евра за финансирање на воените напори на Украина. Секако, јазикот не беше толку шарен како што понекогаш се користи за британската […]

Петер Маѓар се тестира за дрога, ако победи на изборите ќе мора и Орбан


Лидерот на опозициската партија ТИСА во Унгарија, Петер Маѓар , објави фотографија од Виена каде што замина за да направи тест на дрога од примерок земен од косата. Пред изборите на 12 април, Маѓар е под постојан удар на медиумите контролирани од  Фидес на Виктор Орбан, кои сакаат да го прикажат како политичар склон кон […]

Партијата на Голоб неофицијален победник на изборите во Словенија


Владејачкото левичарско-либерално Движење за слобода освои најмногу гласови на 10-тите парламентарни избори од независноста на Словенија, според првата излезна анкета објавена вечерва. Сите гласачки места, околу 3.000, беа затворени во 19, а излезноста до 16часот беше 50,37 проценти, околу еден процент повеќе од истиот период за време на последните парламентарни избори во 2022 година. Првата […]

Иран ги прогласи за легитимна цел купувачите на американски државни обврзници


Претседателот на иранскиот парламент, Мохамад Багер Галибаф, упати остро предупредување, прогласувајќи ги „финансиските субјекти кои го финансираат американскиот воен буџет за легитимни цели“. Тој ја објави пораката на социјалната мрежа X. „Американските државни обврзници се натопени со крвта на Иранците. Ако ги купите, купувате и удар врз вашите седишта и имот“, напиша Галибаф. „Ги следиме […]

Суад Мисини ќе го претвори домот во засолниште за ранливи лица


Скопјанец реши домот што зад себе го оставила неговата покојна сопруга да го стави во служба на заедницата, со идеја просторот да прерасне во сигурно засолниште за ранливи групи граѓани.Станува збор за Суад Мисини од Скопје, активист за човекови права, кој заедно со синот Исак решил да ја донира куќата по смртта на Азбија Мемедова. […]

Продолжен притворот на Артан Груби


На Артан Груби му е продолжен домашниот притвор во истрагата за злоупотребите во Државна Лотарија. Од скопскиот Кривичен суд потврдија дека по барање на обвинителството пред државниот празник, за Груби е продолжен домашниот притвор со 24 часовно полициско обезбедување. Поранешниот вицепремиер и министер по повеќе од 14 месеци бегство се врати на 23-ти февруари, но […]

Мерц и Трамп разговараа за ситуацијата во Украина и на Блискиот Исток


Германскиот канцелар Фридрих Мерц објави на Х дека разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп при што фокусот бил на Украина и на ситуацијата на Блискиот Исток. „Денеска разговарав за ситуацијата во Иран, Израел и Украина со американскиот претседател Доналд Трамп“, напиша Мерц. „Се согласивме да одржуваме близок контакт во иднина. Нашата размена на мислења ќе […]

Министерот Муцунски во работна посета на Брисел


Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија, Тимчо Муцунски, во следните два дена ќе престојува во дводневна работна посета на Брисел. Како што соопшти Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, во рамки на посетата Муцунски ќе оствари средби со еврокомесарката за проширување, Марта Кос, како и со извршната потпретседателка на […]

Цената на горивото расте, цената на авионските билети може да се зголеми


Вредноста на 20-те најголеми авиокомпании во светот се намали за вкупно околу 53 милијарди долари од почетокот на американско-израелската војна со Иран на крајот на февруари, според денешниот извештај на „Фајненшл тајмс“. Авиоиндустријата поминува низ најлошата криза од пандемијата на коронавирусот, бидејќи војната ја наруши работата на главните аеродроми низ Персискиот Залив и приземјелни се […]

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ викаше нема мерки, сега велат зошто има!


ВМРО-ДПМНЕ оздговори на обвинувањата на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, дека мерката за намалување на ДДВ-то за горива е задоцнета и недоволна и нема да влијае на цените на храната кои веќе галопираат. „СДС и Филипче до вчера велеа нема мерки и сега кога Владата презема мерки велат зошто има мерки. На СДС и Филипче […]