Одлука на Народната банка: Стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот останува на 2% и во второто тримесечје од 2027 година


Врз основа на редовната квартална оцена на системските ризици, според податоците за последниот квартал од 2025 година, вклучително и последните расположливи податоци, Извршниот одбор на Народната банка донесе одлука да не се промени висината на стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот за изложеностите на банките, односно таа да се задржи на 2% од активата […]

Седница на Советот на ЈО, ќе се избира шеф на Вишото ЈО – Скопје


Советот на јавните обвинители денеска треба да ја одржи 40-тата седница, на чиј дневен ред се повеќе точки, меѓу кои донесување одлука за избор на виш јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство – Скопје.  На дневен ред е и донесување одлука за избор на јавни обвинители во Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и […]

Aлександар Пендароски и Мартина Михајлова избрани за зет и невеста на Галичка свадба 2026


Мартина Михајлова и Александар Пендароски се избрани за невеста и зет на манифестацијата „Галичка свадба 2026“. Одлуката ја донесе Советот на  Месната заедница Галичник откако ги разгледал сите пристигнати апликации. Месната заедница Галичник им го честита изборот на годинашните младенци на Галичката свадба и, како што соопшти, верува дека „ Александар и Мартина достојно ќе […]

Невреме оштети покриви во Словенија, затворени училишта и градинки


 Силна бура, проследена со налети на ветер што надминуваат 100 километри на час, синоќа го погоди поголемиот дел од Словенија, соборувајќи дрвја, оштетувајќи покриви и оставајќи илјадници домаќинства без електрична енергија, додека надлежните служби апелираа до граѓаните да останат во своите домови. Според Радио-телевизија на Словенија (РТВ СЛО), најтешко погодени беа Приморските и Горењските региони, […]

Италија вратила 23 милиони долари украдени од првата „Бонд девојка“


Италијанската финансиска полиција заплени средства во вредност од околу 20 милиони евра во истрага за финансиска измама насочена кон швајцарската актерка Урсула Андрес, најпозната по улогата во првиот филм за Џејмс Бонд, „Д-р Но“. Се верува дека средствата се стекнати преку кривични дела за перење пари извршени против актерката, соопшти Финансиската управа во четврток. Заплената […]

ЕУ воведува нови такси за мали пратки и строги казни за опасни производи


Земјите-членки на ЕУ и Европскиот парламент постигнаа договор за воведување такси за обработка на сите пратки со ниска вредност увезени во Унијата, кои ќе почнат да се применуваат најдоцна од 1 ноември. Овие нови давачки ќе се додадат на претходно утврдената такса од 3 евра по артикл за „мали пратки“ (под 150 евра) која стапува […]

Тејлор Свифт испиша рекорд на iHeartRadio Мusic Awards


Лос Анџелес – Доделувањето на музичките награди iHeartRadio за 2026 година беше посветено на Тејлор Свифт. Музичката суперѕвезда доминираше на вечерта синоќа во Лос Анџелес и однесе седум награди од девет номинации, дополнително зацврстувајќи го својот статус како најнаградувана жена-уметница во историјата на настанот. Нејзиниот свршеник, ѕвездата на американскиот фудбал Тревис Келси, беше покрај неа […]

Недела на франкофонски филм во Кинотека


Францускиот институт во Скопје и Амбасадата на Франција, во соработка со Амбасадите на земјите-членки на Меѓународната организација на Франкофонијата (Белгија, Грција, Швајцарија, Франција, Канада, Албанија и Романија) и со Кинотеката, и годинава ја организираат традиционалната Недела на франкофонски филм, којашто ќе се одржи од 30 март до 4 април 2026 година во Кинотеката на Северна Македонија.  Манифестацијата ќе […]

Војната во Иран ги празни складиштата за нафта. Европа се соочува со енергетска криза


Цените на гасот во Европа се зголемија за 70%, складиштата се речиси празни, а прекините во снабдувањето, зголемената инфлација и можноста за затегнување на монетарната политика од страна на Европската централна банка (ЕЦБ) ги зголемуваат стравувањата од повторување на енергетската криза од 2022 година. За само неколку недели, конфликтот во Иран ја промени енергетската пресметка […]

Десетици паднати дрвја, покриви… откажана наставата во Загреб


Градот Загреб штотуку ја објави одлуката за прекин на наставата откако бурните ветрови со налети на ураган предизвикаа бројни проблеми низ целиот град во текот на ноќта и утрото. Во неколку населби се регистрирани паднати дрвја, оштетувања на покриви и расфрлани ќерамиди, гранки и делови од огради на патиштата, додека некои семафори се нефункционални или […]

Април како филмска археологија во Кинотеката


Априлската програма на Кинотека на Македонија претставува внимателно куриран филмски мозаик во кој се преклопуваат историската меморија, авторската естетика и современите општествени дилеми. Овој репертоар не функционира само како календар на проекции, туку како концептуална мапа што го исцртува континуитетот и трансформацијата на македонската и европската кинематографија, од нејзините пионерски чекори до актуелните авторски изрази. […]

Модата како културна архитектура – 32 сезони подоцна


Од денеска до 29 март ќе се одржи 32-то издание на Fashion Weekend Skopje, којшто, според организаторите, го позиционира Скопје како активен учесник во глобалниот моден разговор. -Домаќин на оваа пролетна енергија е „Дајмонд мол“, современ урбан простор што ја рефлектира токму таа трансформација: отворен, флексибилен, европски. Со поддршка на УНИБанка како генерален партнер, ова […]

Драмски ќе потпише партнерство со „Дајнерс клуб“ и организира крводарителска акција по повод Светскиот ден на театарот


По повод 27 Март – Светскиот ден на театарот, Драмски театар Скопје ќе потпише Договор за покровителство со Дајнерс клуб интернатионал Мак АД Скопје, означувајќи почеток на ново партнерство во рамки на одбележувањето на 80-годишнината на театарот. Настанот се оценува како значаен чекор во унапредувањето на културната соработка и поддршката на театарската уметност, како и […]

„Мост што звучи“ – нова стихозбирка од Санде Стојчевски


 „Мост што звучи“ е насловена новата стихозбирка на поетот Санде Стојчевски, објавена од Здружението за уметност и култура на живеење „Дијалог“ од Скопје во рамките на едицијата „Современа македонска поезија“. Поетската книга содржи 90 песни во четири циклуси: „Гласови“, „Одгласи“, „Кругови“ и „Самодива“ и есеј од Стојчевски насловен „Зрачењето и значењето на зборот“. Во рецензијата […]

Почнува меѓународниот фестивал за кларинети „Кларифест – Скопје 2026“


Од денеска до недела (29 март) ќе се одржува 8. Меѓународен фестивал за кларинети „Кларифест – Скопје 2026“, во организација на Здружението за култура и уметност „Артистико“ од Скопје, на кој годинава ќе има учесници од Полска и од Грција.  Фестивалот ќе почне вечер од 19.30 часот во  Салон 19:19 во КИЦ-Скопје, со концерт на […]

Советот за безбедност на ОН ќе одржи затворена седница за Иран


Советот за безбедност на Обединетите нации утрово ќе одржи затворена седница за Иран. Состанокот го побара Русија, која го покрена прашањето за нападите на САД и Израел врз цивилната инфраструктура во земјата, изјавија доцна синоќа двајца дипломати на ОН, кои побараа анонимност бидејќи седницата не е отворена за јавноста. Соединетите Американски Држави, кои моментално претседаваат […]

Усвоена Стратегијата за образование 2026-2032


Министерството за образование и наука информира дека е усвоена новата  Стратегија за образование 2026-2032 и Акцискиот план за нејзина имплементација.  -Стратегијата во изминатите неколку месеци е изработена преку широка дискусија, со учество на бројни чинители – Делегацијата на ЕУ, УНИЦЕФ, Светска банка, ГИЗ, УНДП, ЕТФ, Стопанската комора, Швајцарската амбасада, Бирото за развој на образованието, Центарот […]

Потписот на Доналд Трамп ќе се најде на американскиот долар


Министерството за финансии на САД објави дека потписот на претседателот Доналд Трамп ќе биде вклучен на новите доларски банкноти, што е првпат во историјата на банкнотите да фигурира име на актуелен претседател. Првите банкноти од 100 долари со новиот потпис ќе бидат отпечатени во јуни, а подоцна и останатите номинали. Од 1861 година, на американските […]

Курти денеска ќе побара нешто многу опасно од Макрон, вели Вучиќ


Српскиот претседател Александар Вучиќ синоќа изјави дека косовскиот премиер Албин Курти денеска во Париз ќе се сретне со францускиот претседател Емануел Макрон и ќе му изнесе две барања, од кои едното е „многу опасно“. Тој ги повика сите светски претставници „да не си играат со тоа“. Вучиќ на телевизијата Прва изјави дека Курти ќе побара […]

Индија ги намали дополнителните акцизи за горивата, и Виетнам презема мерки


Индија ги намали специјалните дополнителни акцизи за бензинот од 13 на три рупии по литар, а за дизелот од 10 на нула рупии по литар. Одлуката на Владата во Њу Делхи е во насока на поддршка на енергетскиот сектор поради неповолното влијание на војната на Блискиот Исток врз снабдувањето со нафта и природен гас. Индија […]