Претежно сончево време утре и во сабота, потоа дожд и пониски температури


Утре и во сабота ќе преовладува претежно сончево време. Потоа во наредните два дена се очекува зголемена облачност со услови за слаб локален дожд, како и пониски дневни температури, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Од вторник следува период на стабилно време со постепен пораст на дневната температура. 

„Мудис“ ги намали изгледите за српската економија


Во најновиот извештај на Мудис за кредитниот рејтинг за Србија, наведени се полоши изгледи, и тоа може сериозно да го ограничи и да го направи поскапо задолжувањето на државата на странските пазари. Според агенцијата, внатрешната нестабилност во комбинација со лоши политички одлуки ја турка земјата кон Русија и Кина. Пораката на агенцијата Мудис е јасна […]

Како изгледаат бункерите каде што се крие елитата на Дубаи од иранските напади


Иако малкумина иселеници што живеат во луксузот на Дубаи можеа да ги предвидат иранските воздушни напади што го погодија најгламурозниот град во Обединетите Арапски Емирати од саботата, тоа не значи дека тие веќе немале подготвени безбедни засолништа. Екстремното богатство на градот значеше дека многу од луксузните имоти каде што живеат милијардери, претприемачи и влијателни личности […]

Жител на најизолираниот град заборавил да го затвори прозорецот. По 3 години – еве што го чекало


Виралните снимки од ледената Воркута откриваат отворен прозорец, стотици птици и сцени на целосно занемарување. Снимката што стана вирална на социјалните мрежи во изминатите неколку дена покажува сцена што ги поти повеќето луѓе: напуштен стан покриен со гулаби, нивните пердуви и измет, со отворен прозорец низ кој, се чини, тие станале засолниште. Сето ова го […]

Во следните пет години, половина од вкупниот раст на глобалниот БДП ќе дојде од само три земји


Во следните пет години, се очекува речиси половина од вкупниот раст на глобалниот БДП да дојде од само три земји: Кина, Соединетите Американски Држави и Индија. Иако се предвидува дека речиси сите економии ќе растат до 2030 година, поголемиот дел од новосоздадената економска вредност ќе биде концентрирана во мала група од најголемите економии во светот. […]

„Тоска“ од Пучини со осмомартовски попуст на 6 март во НОБ


На 6 март во 19.30 часот на сцената на Националната опера и балет ќе се изведе ремек-делото „Тоска“ од Џакомо Пучини, музичка драма во вистинска смисла на зборот, монументална, брилијантно оркестрирана, реалистична опера во три чина. Љубовта, страста, љубомората и политичките интриги се движечките драмски елементи на овој „оперски трилер“. НОБ најави 50 отсто попуст на билетите […]

Интимен концерт на „Мизар“ на 3 април во Филхармонија


Македонски бенд и бренд „Мизар“ќе одржи ексклузивен, интимен концерт на 3 април во Македонската филхармонија, со специјална „best of“ програма. Под мотото „Најдоброто од Македонија”, на концертот ќе бидат изведени теми од целиот богат опус на еден од најкултните бендови, не само во македонската музика, туку и во и за македонската култура; На концертот ќе […]

Премиера на „Ова е само крајот на светот“  на 7 март во Драмски


 Директорот Роберт Вељановски, режисерката Теа Беговска и актерската екипа на денешната прес-конференција ја најавија премиерата на „Ова е само крајот на светот“ што ќе се игра на 7 март во 20 часот во Драмски театар. Режисерката Теа Беговска во своето обраќање се заблагодари за можноста да ја работи „Ова е само крајот на светот“ како […]

„Танец“ ја отвара новата концертна сезона – Велигденскиот концерт на 8 април во МНТ


Националниот ансамбл за народни игри и песни на Македонија „Танец“, ја најавува својата нова концертна сезона под моќното мото „Пулсот на предците, во ритамот на денешницата“. Оваа сезона „Танец“ продолжува да ја испишува живата историја на македонскиот фолклор, правејќи храбар чекор кон современите сценски текови, притоа задржувајќи ја изворната чистота на македонскиот код. Програмата ветува […]

Јапонскиот славист Мотоки Номачи доби медал „Блаже Конески“ од МАНУ


Во просториите на Претседателството на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), претседателот акад. Живко Попов му го врачи медалот „Блаже Конески“ на јапонскиот славист и македонист, проф. д-р Мотоки Номачи од Универзитетот Хокаидо, Јапонија. Номачи, како што информираат од МАНУ, го доби ова признание во 2024 година за значајниот придонес во афирмирањето на македонскиот […]

Одбраната побара спојување на постапката за пожарот во „Пулс“ со новиот обвинителен акт против 13 полицајци


Спојување на тековната судска постапка со новиот обвинителен акт против 13 полициски службеници за истиот кривично-правен настан, побара одбраната на денешното судско рочиште за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ кое што се одржува во судницата во „Идризово“.  Бранителката на првообвинетиот Дејан Јованов, адвокатката Ивана Коцевска, истакна предлог за спроведување единствена постапка, посочувајќи дека на 30 […]

Законските измени за ред во подземната инфраструктура поддржани од матичната собраниска комисија


 Предлог законите за изменување на Законот за градење и на Законот за градежно земјиште, по скратена постапка, денеска добија поддршка од матичната собраниска комисија која без расправа ги проследи во натамошна собраниска процедура откако констатираше дека не се поднесени амандмани.  Според предлагачот, Министерството за транспорт, со измените на Законот за градежното земјиште ќе се воспостави […]

Пол Томас Андерсон на чекор да стане 12-тиот режисер што ќе освои три важни Оскари


Според предвидувањата на „Голд Дерби“, се очекува Пол Томас Андерсон да постигне ретка „тројка“ на Оскарите за „Една битка по друга“. Познатиот режисер е фаворит за освојување на наградите за најдобар филм, најдобар режисер и најдобро сценарио, а доколку успее, ќе стане само 12-тиот режисер кој го постигнал овој подвиг во 98-те години на доделување […]

Од Скопје до Софија со воз до 2030 година


До 2030 година, Бугарија и Северна Македонија ќе го завршат железничкото поврзување. Тоа било истакнато на состанокот во бугарското Министерство за транспорт и врски меѓу вршителот на должноста министер за транспорт и врски Корман Исмаилов и македонската амбасадорка во Софија Агнеза Руси Поповска, соопшти прес-центарот на бугарското Министерство за транспорт.  По ратификацијата на Договорот за […]

(Видео) Драма во Азербејџан: Ирански дронови погодија аеродром


  Три ирански дронови го погодија патничкиот терминал на аеродромот Рази во Нахчиван, Азербејџан, во близина на границата со Иран. Три ирански дронови го погодија патничкиот терминал на аеродромот Рази во Нахчиван, Азербејџан, изјавија за „Еуроњуз“ азербејџанските власти. Видеата од местото на настанот покажуваат дрон како лета кон аеродромот, штета на главниот терминал и службите […]

Трамп го купи долгот на Нетфликс среде борбата на Парамаунт за Ворнер Брос


Парамаунт можеби ја доби битката за Warner Bros. Discovery, но претседателот Доналд Трамп продолжува да се обложува на финансиската стабилност на Netflix. Додека Парамаунт се обидуваше да го одвои Ворнер Брос  од стриминг гигантот, Трамп додаде повеќе обврзници на Нетфликс во своето лично портфолио, покажуваат финансиските откритија објавени од Белата куќа во среда. Објавувањата покажуваат […]

ТВ премиерата на 29.Златна Бубамара в недела, на Канал 5


ТВ премиерата на 29.Златна Бубамара што се одржа на 26 февруари во „Борис Трајковски“ ќе се емитува на 8 март, в недела, во 19, 45 на Канал 5, соопшти телевизијата.  „ Очекувајте апсолутна радост со снимката од апсолутната забава, во време на апсолутна власт“, велат во најавата за премиерата од Канал 5.  (Галерија) Со „апсолутна […]

ОН: Ниту една земја во светот не постигнала целосна правна еднаквост за жените


Ниедна земја во светот не постигнала целосна правна еднаквост меѓу жените и мажите, изјави вчера претставник на Обединетите нации пред Меѓународниот ден на жената. Сара Хендрикс, директорка на одделот за политика на ОН за жени, им изјави на новинарите во Њујорк дека напредокот постигнат во области како што се заштитата од насилство, еднаквоста во семејното […]

Иран демантира дека лансирал ракета кон Турција


Техеран – Иран негира дека лансирал проектил кон Турција. Демантот од Техеран уследи откако Анкара вчера објави дека противвоздушната одбрана на НАТО соборила проектил од иранско производство додека се движел низ турскиот простор. – Вооружените сили на Исламската Република Иран го почитуваат суверенитетот на соседната и пријателска земја Турција и негираат какво било лансирање на ракета […]

МНТ со „Кец на десетка“ ќе ја отвори манифестацијата „Кичево – Град на културата 2026“


Со изведбата на „Кец на десетка“ на Македонскиот народен театар во Домот на културата Кичево, вечер свечено ќе биде отворена театарската програма на манифестацијата „Кичево – Град на културата 2026“. -Со хит претставата „Кец на десетка“, која неодамна јубилејно беше одиграна по 100-ти пат, Македонскиот народен театар ќе гостува во Домот на културата Кичево, на […]