Кумановци можат да аплицираат за субвенции за гасификација


Кумановци можат да аплицираат за субвенции за гасификација во 2026 на јавниот оглас што го објави Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини соопштија на денешната прес-конференција надлежните од ЈП „Куманово-Гас“. Јавниот повик за субвенционирање на граѓаните за приклучок на дистрибутивна гасоводна мрежа или за набавка на гасен котел е објавен пред неколку дена, а […]

Иран негира дека негови дронови го нападнале Азербејџан


  Иранските вооружени сили негираа дека извршиле напад со дронови врз Азербејџан, по извештаите дека два беспилотни летала што летале од правец на Иран паднале во близина на аеродромот во азербејџанската енклава Нахичиван. „Исламската Република Иран… негира дека нејзините вооружени сили лансирале дронови кон Република Азербејџан“, се вели во соопштението објавено од полуофицијалната новинска агенција […]

Шелева со омаж за Тихомир Јанчовски: Тихо замина не само ненадејно, туку и – “недочитан”


На Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, синоќа, пред преполна сала, во присуство на семејството, пријателите и колегите, се одржа комеморација во чест на поетот, писател, преведувач и издавач Тихомир Јанчовски. Ви го споделуваме обраќањето во целост на проф. д-р Елизабета Шелева, истакната литературна критичарка и теоретичарка, и универзитетска професорка на Општа и компаративна книжевност […]

Фармацевтка предупредува: Витамините во додатоци не се безопасни


Многумина чуваат и користат витамини во додатоци во исхраната, заради разни здравствени придобивки – од подобар сон и поздрава коса до регулирање на варењето на храната. Сепак, фармацевтката Роџина Шамс Натери од Лондон, Велика Британија, предупредува на честа грешка што може да направи повеќе штета отколку корист, објави хрватски „Индекс“ (Index). Имено, лекарката од „Лабораторијата […]

СДСМ продолжува да бара оставка од Тошковски


  Опозициската СДСМ и денеска преку прес-конференција повика на оставка на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски за трагедијата во Карпош поради сериозните пропусти на МВР. „Две години постојано имало пријави за семејно, физичко и психичко насилство.  Вкупно 12 пријави имало за сторителот, кој имал и други обвиненија и кривични пријави, а во последниот случај […]

Кој за што, Лефков за Путин, Заев и Филипче


  ВМРО-ДПМНЕ ја продолжува повеќедневната кампања започната пред доаѓањето на генералниот секретар на НАТО во Скопје, во која се обидува да каже дека СДСМ бил продолжение на режимите на Владимир Путин и Александар Лукашенко. За оваа бесмислена тирада на самобрукање и самопонижување е задолжен пратеникот Миле Лефков. „СДС на Заев и Филипче се продолжеток на […]

Сиљановска се запраша „колку вреди женскиот живот“, но не повика на одговорност за трагедијата во Карпош


  Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денска од собраниската говорници запраша „колку вреди женскиот живот“, рече дека е шокирана од бројките за семејното насилство, дека е потресена од „несфатливата смрт на Ивана и Катја“, но не побара директна одговорност од врвните луѓе на полицијата, од директорите за центрите за социјална работа или министри за трагедијата во скопската […]

Франција им дозволи на американските авиони да ги користат нејзините бази на Блискиот Исток


Франција „времено“ им дозволи на американските авиони и други видови авиони да ги користат нејзините бази на Блискиот Исток, кој е местото на војната што ја започнаа САД и Израел против Иран, изјави за АФП францускиот Генералштаб. „Како дел од нашите односи со САД, присуството на нивните авиони е привремено одобрено во нашите бази“ во […]

Италија, Шпанија, Франција и Холандија испраќаат поморски сили за заштита на Кипар


Рим –  Италија, Шпанија, Франција и Холандија ќе испратат поморски сили за заштита на Кипар во наредните денови, изјави денес пред парламентот италијанскиот министер за одбрана Гвидо Кросето. Италијанскиот премиер Џорџија Мелони изјави денес дека земјата планира да испрати помош за воздушна одбрана до земјите од Заливот како одговор на иранските воздушни напади, истакнувајќи ги […]

„Лидл“ гради маркет и во Гази Баба, 1.500 метри квадратни продажен простор и 130 паркинг места


Германската компанија „Лидл“ продолжува со изградба на маркети низ земјава. Нов маркет ќе биде изграден во скопската населба Гази Баба на улицата „Благоја Стефковски“. Новиот продажен објект ќе се протега на површина од околу 2.500 квадратни метри од кои приближно 1.500 квадратни метри ќе бидат продажен простор. Предвидени се околу 130 паркинг места.  Објектот ќе […]

Македонија ја очекува најтоплата година во историјата?


Светската метеоролошка организација (WMO) предупреди дека моментално активната слаба состојба на Ла Ниња може да премине во ENSO-неутрални услови и потенцијално да се развие во Ел Нињо подоцна оваа година – промена што би можела да донесе промени во глобалните површински температури. Со појава во поширокиот контекст на климатските промени предизвикани од човекот, временските настани како Ел Нињо […]

На Глигоров му понудиле 100 милиони долари за промена на името. Тој одбил, открива ЦИА


  Грција во 1992 година му нудела на тогашниот македонски претседател Киро Глигоров финансиска помош од 100 милиони долари за земјата во замена за промена на името на државата, но тој го одбил предлогот, се наведува во неодамна декласификуван документ на американската тајна служба ЦИА, кој го пренесува македонската редакција на Дојче веле. „(…) и покрај големата […]

Судот не го прифати предлогот на бранителите за спојување на постапките за пожарот во „Пулс“


Судот денеска одлучи да не ги спои тековната судска постапка и новиот обвинителен акт против 13 полициски службеници за истиот кривично-правен настан од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, поднесен на 30 јануари годинава, со образложение дека евентуалното спојување би довело до одолговлекување на сите постапки.   Судијката Дијана Груевска Илиевски оцени дека имајќи ја […]

Приведен кичевец, за да излезе порано од работа лажно пријавил дека има поставена бомба во РЕК „Осломеј“


Четириесет и четиригодишниот Р.Б. од Кичево е лишен од слобода бидејќи за да излезе порано од работа лажно пријавил дека има поставена бомба во РЕК „Осломеј“.  -На 5 март во 03:30 часот, полициски службеници од Полициското одделение Осломеј го лишија од слобода Р.Б.(44) од Кичево, вработен во РЕК Осломеј. Тој, во 02:25 часот испратил порака […]

Нов притвор од 48 часа за насилниот сопруг и татко од Карпош


Од Скопското обвинителство информираат дека е одреден нов притвор од 48 часа за Стојанче Јовановски, насилниот сопруг и татко од Карпош, чија сопруга и 6-годишно дете починаа по пад од балкон. -Основното јавно обвинителство Скопје поднесе предлог за продолжување на мерката краткотраен притвор за нови 48 часа, бидејќи се постапува по издадените наредби за вештачење […]

Колина за новите правила и VAR: Тоа е како брак во криза


Легендарниот судија Пјерлуиџи Колина даде остра проценка за моменталната состојба на VAR, споредувајќи ги проблемите на технологијата со брак во криза. Додека фудбалот се подготвува за серија радикални промени во судиските правила, човекот од кој некогаш се плашеа најдобрите светски играчи сугерира дека почетната лудост за технологијата наиде на сериозни тешкотии, објавува Goal.com. Споредбата на […]

Трамп вети дека ќе ги сопре војните. Тој напаѓа повеќе земји од кој било друг претседател на САД


Доналд Трамп се врати во Белата куќа во 2025 година откако во кампањата ветуваше дека ќе ја прекине вмешаноста на Америка во „бесконечни војни“. Но, само нешто повеќе од една година од неговиот втор мандат, Соединетите Држави започнаа неколку големи воени операции во странство. Најновиот пример се случи на 28 февруари, кога американските сили, заедно […]

Сопственикот на објектот на „Пулс“ не сака да доаѓа на рочиштата – судијката му се закани со притвор, тој го прифаќа


Гроздан Милковски, сопственик на објектот во кој беше сместена дискотеката „Пулс“, денеска, пред почетокот на рочиштето за трагичниот пожар, рече дека слушнал како некои групи во Кочани „се спремаат да го лишат од живот“. Тој беше хоспитализиран во болница и едно од рочиштата беше одложено поради тоа, но сега тврди дека иако го пуштиле од […]

„Црн печат“ и оценка -10 за Антикорупциска од Форумот за разумни политики


  Форум за разумни политики го објави третиот анализиран случај во рамки на Индексот на политички интегритет, кој се однесува на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК). Во анализата се нотира дека во период од само шест месеци јавноста беше сведок на две оставки во врвот на Антикорупциската комисија – претседателката Татјана Димитровска поднесе оставка по обвинение од Обвинителството за […]

Арбер Исаку и Сејфула Османи – кандидати за член на Судскиот совет што го избира Собранието


Комисијата за прашања на изборите и именувањата утврди два кандидата кои продолжуваат во процедурата за избор на член на Судскиот совет што го избира Собранието. Членовите на Комисијата со која претседаваше пратеничката Дафина Стојаноска, заменик претседател на Комисијата за прашања на изборите и именувањата го прифатија предлогот на пратеникот Беким Ќоку, кандидатите Арбер Исаку, дипломиран […]