Нафтена индустрија на Србија ги подготвува вработените доколку биде прогласена вонредна состојба во државата


Вработените во Нафтената индустрија на Србија денеска, на крајот од работното време, добиле известување на својот мејл во фирмата дека компанијата е должна да обезбеди „предуслови за спроведување на работните обврски доколку се прогласи вонредна или воена состојба“. Како што е наведено во известувањето доставено до агенцијата Бета од страна на вработените во таа компанија, […]

Министерот за одбрана на САД Хегсет ќе се придружи на самитот Трамп-Путин


Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет е на пат кон Алјаска, тој е во авион одделно од американскиот претседател Доналд Трамп, изјави функционер од одбраната за Си-Ен-Ен. Хегсет не беше меѓу функционерите на списокот на оние кои патуваат со американскиот претседател на неговиот самит со рускиот претседател Владимир Путин за да разговараат за војната во […]

Сообраќајот на патот Тетово – Јажинце е нормализиран


Сообраќајот на патот Тетово – Јажинце попладнево е нормализиран, соопшти Автомото сојузот на Македонија. Претходно поради пожар во близина на Јажинце патот Тетово – Јажинце кај село Рогачево беше затворен за сообраќај. 

Зеленски бара тројна средба по самитот Путин–Трамп на Алјаска


Украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој не присуствува на американско-рускиот самит во Алјаска, изјави дека очекува извештај од разузнавачките служби за содржината на разговорите. „Денеска очекувам извештај од нашите разузнавачки служби за моменталните намери на руската страна и подготовките за средбата во Алјаска“, напиша Зеленски на Телеграм. Тој истакна дека главната цел е разговорите меѓу рускиот […]

Десетици илјади Украинци во САД од денеска без правна заштита и под ризик од депортација


 Десетици илјади украински бегалци во САД од денеска почнуваат да ја губат својата правна заштита, што ги изложува на ризик од апсење и депортација, доколку администрацијата на претседателот Доналд Трамп не преземе мерки. Се проценува дека околу 120.000 Украинци, кои пристигнале во последните две години преку програмата „Обединети за Украина“, ќе останат без хуманитарниот статус […]

Мојсовска: Пола влада ќе падне ако МВР влезе во дувлото на Аце Миленковски


Пратеничката на Левица Јована Мојсоска го коментираше изборот на Цвета Ристовска за заменик претседател на ДКСК, која доаѓа според неа од „вмровскиот универзитет“ кој ја наполни владата со кадри. „ДКСК за заменик-претседател (кој ќе ги “мониторира” изборите) ја избра познатата Цвета Ристовска, која ја аминува фалш дипломата на директорот на АНБ. Цвета е уште еден […]

Голем пожар во Јажинце – патот кон граничниот премин и граничниот премин затворени


Поради пожар во близина на Јажинце затворен за сообраќај е патот Тетово – Јажинце кај село Рогачево, а затворен е и граничниот премин. -Во 15:15 часот патниот правец Тетово – Јажинце кај село Рогачево сообраќајот е запрен од страна на ПС од БПС Тетово, заради безбедност на возачите поради проширениот пожар во атарот на селата […]

УХМР: Од понеделник на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи


Променливо облачно време со сончеви периоди ќе преовладува во наредните денови. Како што информира Управата за хидрометеоролошки работи, во недела попладне ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. -Во првите два дена од новата седмица на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и услови за локално невреме со засилен […]

Бошко Јакшиќ: Студентите и граѓаните да не очекуваат помош од ЕУ, таа му помага на Вучиќ


  Регионално познатиот надворешно-политички коментатор Бошко Јакшиќ изјави дека Европската унија (ЕУ) нема да реагира на прекумерната употреба на сила од страна на властите против граѓаните и студентите кои протестираат, бидејќи водечките земји на Унијата се спогодуваат со режимот на Александар Вучиќ преку литиум и „рафали“. Јакшиќ изјави за агенцијата Бета дека студентите и граѓаните […]

Откако го амнестираше Бојан Христовски, ДКСК „улови“ управители со непризнати сертификати


Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) на денешната седница донесе одлука да поднесе иницијатива за утврдување одговорност до основачот на АД Електрани и до надлежното Јавно обвинителство, поради сомневања за незаконито именување управители во компанијата. Според наодите на Комисијата, избраните управители не ги исполнувале законските услови, бидејќи не поседувале меѓународен сертификат за активно познавање […]

Ник Кејв доаѓа во Скопје. Во Скопје дојде и Боб Дилан. Брус Спрингстин е недостижен


Во Скопје донесовме многу големи ѕвезди, ама за мене беше историски настан, концертот на Боб Дилан, во 2010 година, и сега, долгоочекуваниот концерт, веќе 20 години, на Ник Кејв, на 22 август , на стадионот АРМ, во рамки на Скопје колинг, а во рамки на соло турнејата низ Европа. Ќе биде придружуван од Колин Гринвуд, […]

Пазарните инспектори на терен, ќе контролираат дали поевтинил училишниот прибор


 Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) соопшти дека од денеска негови тимови на терен ги контролираат правните субјекти дали се придржуваат до одлуката на Владата со која ги задолжи трговците да ги намалат цените на училишниот прибор за најмалку 10 проценти во трговија на големо и 15 проценти во трговија на мало, која ќе важи од денеска […]

Трамп: Нема бизнис со Путин без мировен договор


Доналд Трамп изјави дека нема да соработува со Владимир Путин додека не се постигне мировен договор.Зборувајќи од „Ер Форс Уан“ на пат кон Алјаска, американскиот претседател рече за својот руски колега: „Забележав дека тој носи многу бизнисмени од Русија и тоа е добро. Ми се допаѓа тоа затоа што тие сакаат да работат, но нема […]

Македонија2025 донираше медицинска опрема за поддршка на македонското здравство и жртвите од трагедијата во Кочани


Македонија2025, во партнерство со истакнати донатори од дијаспората донираше современа медицинска опрема за три главни здравствени институции во Скопје и Кочани. „Донираните современи апарати и материјали во вредност од над 400 илјади денари се главно насочени кон третирање на пациентите кои се здобија со критични повреди во трагедијата во Кочани, но имаат и долгорочна вредност […]

Три пожари активни во моментов, деновиве од 20 до 30 пожари на отворен простор


Генерално, во текот на денот, деновиве, имаме по најмалку 20, па некаде до кај 30 пожари на отворен простор, некои од нив вообичаено се шумски, односно пожари што влегуваат во сериозна шума. Во овој момент, на територијата на државата досега имавме пет пожари на отворен простор, од нив два се целосно изгаснати, три се активни, […]

УЈП спроведе 383 контроли за фискализација – 27 отсто од контролираните субјекти со утврдени неправилности 


Во периодот од 04.08 до 10.08 2025 година, Управата за јавни приходи (УЈП) спроведе вкупно 383 теренски контроли за фискализација, насочени кон различни типови деловни субјекти, меѓу кои: ресторани, кафе барови, шанкови на плажа, хотели, бутици, колонијали, цвеќарници, месарница, паркинзи и други трговски објекти за продажба на мало. Контролите беа реализирани низ државата во повеќе […]

Охридското езеро порибено со околу милион единки на охридска пастрмка


  Денеска Охридското Езеро беше порибено со околу милион единки на охридска пастрмка. На овој наста присуствуваше и министерот за земјододелство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, кој рече дека порибувањето на Охридското Езеро е согласно договорот на Министерството со Хидробиолошкиот завод – Охрид и Институтот за сточарство и рибарство согласно Програмата од 2024 година. „Обврската е […]

Полицијата брутално тепа млади луѓе на протестите во Ваљево


  За време на синоќешниот протест во Ваљево, граѓаните се судрија со српската полиција, а во таа прилика десетици демонстранти беа повредени и приведени. На социјалните мрежи се проширија видеа од бруталното тепање на млади мажи на улица од страна на полицијата, а на новите можете да слушнат од кои градови и општини дошле полициските […]

Билјана Ивановска ја објави кандидатурата за Центар, па веднаш доби кривична пријава


  Билјана Ивановска, поранешната претседателка на Државната комисија за спречување корупција, добила кривична пријава, 11 часа откако ја објави кандидатурата за градоначалничка на општина Центар. Таа за ова информираше на својот профил на Фејсбук. „По 11 часа откако ја објавив мојата кандидатура за градоначалничка на Општина Центар, полицајци затропаа на мојата врата. Синоќа во 20,30 часот, двајца […]

ДОМ се дистанцира од Лилјана Поповска


  Демократска обнова на Македонија (ДОМ) ја разјасни својата позиција во однос на повторените јавни поврзувања на Лилјана Поповска со партијата и во основа се дистанцираше од поранешната претседателка и пратеничка. „Иако ја цениме нејзината досегашна улога во политичкиот живот, сметаме дека е важно да се направи јасна разлика меѓу минатото и сегашната насока на […]