Македонските одбојкари ќе одат на што поубедлив триумф над Грузија


Македонската одбојкарска репрезентација има само една опција за да обезбеди учество на четвртото во низа Европско првенство. Тоа е што поубедлива победа над Грузија во последното коло квалификациите за ЕП 2026. Откако избраниците на селекторот Јошко Миленкоски во средата пропуштија шанса да освојат сет со Грција, сега ќе треба билетот за ЕП да го заверат […]

Канадскиот премиер ја поздрави подготвеноста на САД за безбедносни гаранции за Украина


Канадскиот премиер Марк Карни ја пофали „подготвеноста на САД да обезбедат безбедносни гаранции за Украина“ во рамките на договорот за прекин на војната на Русија против Украина. „Сигурните и доверливи гаранции се клучни за праведен и траен мир. Ја поздравувам подготвеноста на САД да обезбедат безбедносни гаранции како дел од напорите на ‘Коалицијата на подготвените’“, […]

Во синоќешните протести во Србија уапсени 18 лица, повреден жандарм


Министерот за внатрешни работи на Србија Ивица Дачиќ изјави дека и синоќа дошло до „драстично нарушување на јавниот ред и мир“, придружено со „брутални напади врз полицијата“, демолирање и палење на објекти на институции и политички партии. Тој посочи дека е повреден еден припадник на Жандармеријата, а уапсени се 18 лица. Според него, најмногу инциденти […]

Синер и Алкараз финалисти на турнирот во Синсинати


Италијанскиот тенисер Јаник Синер и Шпанецот Карлос Алкараз ќе се борат за трофејот на турнирот во Синсинати, САД. Во полуфиналните натпревари, Синер синоќа го победи Французинот Теренс Атман (7:6 (7:4), 6:2), а Алкараз ноќеска беше поуспешен од Германецот Александар Зверев (6:4, 6:3).  Тенисерите ќе се сретнат во финале на АТП турнирите по четврти пат. Финалето […]

Глобално лично богатство: Кои земји имаат најголем удел во Европа и каде се земјите од регионот


САД и Кина заедно поседуваат повеќе од половина од глобалното лично богатство (54%), додека Европа држи само 22%, а петте најголеми економии доминираат на листата. Во исто време, земјите од ЕУ поседуваат само 16,6% од светското лично богатство, а само ако се вклучат уште четири европски земји, тој процент се зголемува на 22,3%. САД поседуваат […]

Израелската армија почнува да ги преселува Палестинците. Подготвува напад врз градот Газа


Жителите на Газа ќе добијат шатори и друга заштитна опрема почнувајќи од утре пред нивното преместување од борбените зони во „безбедните“ зони на југот од енклавата, изјави портпарол на израелската армија. Одлуката доаѓа неколку дена откако Израел објави дека има намера да започне офанзива за преземање на контролата врз северниот град Газа, најголемиот урбан центар […]

Сончево утро, нестабилно попладне


Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 28 до 35 степени. […]

Србија не се смирува, вечерва се протестира во десет градови


Србија не се смирува, вечерва се одржуваат повторно протести. Тоа е и мото на протестот на студентите – „Србија не може да се смири“ – кој се одржува на неколку локации во Белград и во девет други градови низ земјата. Причината, велат тие, е прекумерната употреба на полициска сила и нападите врз демонстрантите од страна […]

Полицијата казни учесник во протестот во Љубојно против масовната сеча


Жителите на преспанското село Љубојно шести ден по ред одржуваат протести и блокади против, како што велат, масовната и прекумерна сеча на шумата над селото. Според мештаните, за време на протестот полицијата изрекла казна кон еден од учесниците поради наводно попречување на патот. Жителите предупредуваат дека сечата може да предизвика сериозни последици врз животната средина […]

Израел ќе гради населба што ќе го подели Западниот Брег – бран меѓународни осуди


 Израелскиот министер за финансии Безалел Смотрич најави почеток на изградба на контроверзно населено место Е1, кое би го поделило Западниот Брег и би го отсекол од Источен Ерусалим. Според неговиот кабинет, проектот ќе ја „погреба“ идејата за палестинска држава, што предизвика серија остри реакции. Стоејќи на местото на идната населба во Мале Адумим, седум километри […]

Путин со непристоен предлог, бара Донецк и Луганск да станат руски


Украинскиот претседател Володимир Зеленски го отфрли предлогот на Владимир Путин Украина да се повлече од Донецк и Луганск како дел од мировниот план, кој наводно бил поддржан од Доналд Трамп. Според Ројтерс, во телефонски разговор со Трамп кој траел час и половина, Зеленски јасно ставил до знаење дека таква опција не е можна. Лидерите на […]

Левица: Неизгласувањето на измените на Изборниот законик е перфиден театар на однародените елити


Левица ја нарече перфиден театар денешната вонредна аседница на Собранието на која не беа изгласани измените на Изборниот законик со кои се утврдува начинот на учество на независните кандидати на изборите. -Денешната неуспешна вонредна седница за измена на Изборниот законик, на само два месеца пред денот на локалните избори, претставува уште еден политички циркус во […]

МВР не дозволи учество на „Маршот за ангелите“ на луѓе од други градови


И оваа сабота во центарот на Кочани се одржа „Маршот за ангелите“, организиран од членовите на семејствата на младите кои загинаа во пожарот во дискотеката „Пулс“ на 16 март годинава. Министерството за внатрешни работи денеска не им дозволува на граѓаните од други градови да влезат во Кочани со цел учество на најавениот собир „Маршот за […]

Му откажале бубрезите на момчето што беше брутално претепано во Ваљево


Потпретседателот на Демократскатра партија во Србија , Миодраг Гавриловиќ, изјави дека шеснаесетгодишното момче кое беше претепано на протест во Ваљево е во многу сериозна состојба и дека бубрезите му откажале. „Невидено полициско насилство е регистрирано овие денови во Ваљево. Момчето А.Р. кое беше брутално претепано во Ваљево е родено во 2009 година, има само 16 […]

Поради пожарот во „Јасен“, затворен регионалниот пат Македонски Брод – Скопје


Регионалниот пат Р1106 Македонски Брод – Скопје е затворен за секаков вид возила поради пожарот во националниот Парк Јасен, соопшти АМСМ. Како што информира попладнево директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Стојанче Ангелов, во гаснење на пожарот се вклучени екипи на ЈП „Национални шуми“, ЈП „Јасен“ и на Територијална противпожарна бригада на Град […]

Полицијата спаси жена што се фрли во Вардар


  Денеска околу 14 часот полицијата интервенираше и спаси жена што се фрли во водите на реката Вардар во Скопје.Според информациите од СВР Скопје, пријавата била примена за лице во реката Вардар, под мостот на улицата „Војвода Васил Чакаларов“. Веднаш по пријавата, полициски службеници од ПС Карпош пристигнале на местото на настанот и утврдиле дека жената […]

Европските лидери поканети во Белата куќа на средбата Трамп-Зеленски


Европските лидери се поканети да присуствуваат на состанокот меѓу украинскиот претседател  Володимир Зеленски и американскиот претседател Доналд Трамп во Белата куќа во понеделник, објави „Њујорк тајмс“, повикувајќи се на неименувани претставници. „Трамп ќе разговара за овој план (за решавање на конфликтот) со Зеленски во понеделник во Белата куќа, а европските лидери се поканети да присуствуваат […]

Државјанин на Турција пронајден мртов во хотел кај Бит Пазар


Во хотел во близина на Бит Пазар вчера во СВР Скопје било пријавено дека во 07:37 часот бил пронајден починат 44-годишен маж, државјанин на Република Турција. Оттаму додадоа дека од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт без видливи траги на насилство. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, а […]

Русија прогласи дипломатски успех по разговорите во Анкориџ


По самитот во Анкориџ, Алјаска, меѓу претседателите на Русија на САД Владимир Путин иДоналд Трамп, високи руски политичари го прогласија состанокот за победа на Русија и нејзината позиција во однос на војната во Украина. „Самитот во Алјаска ја потврди желбата на Русија за долгорочен и праведен мир“, изјави Андреј Клишаш, влијателен пратеник од партијата Единствена […]

Кедев: Болници оперираат пациенти без потреба, само заради профит


Во денешното издание на емисијата „Стадион“ гостин беше интервентниот кардиолог Сашко Кедев. Тој во емисијата обвини за докажани непотребни хируршки интервенции врз пациенти, чија цел е профитот, а притоа се ризикува животот и здравјето на оперираниот пациент: Најголем дел од мојата консултативна активност е во одвраќање на луѓе од непотребни интервенции, непотребни стентирања, непотребни операции. […]