Јамал доби сертификати од Гинисовата книга на рекорди


Фудбалерот на Барселона и репрезентацијата на Шпанија, Ламин Јамал доби сертификати од Гинисовата книга на рекорди. Седумнаесетгодишниот фудбалер стана најмладиот играч кој учествувал во завршната фаза на Европското првенство, како и најмладиот стрелец на гол на Евро. Јамал одигра седум натпревари за шпанската репрезентација на Евро 2024, постигна еден гол и четири асистенции. За време […]

Италија: Јадранското Море станува тропски топло со температури од околу 30 степени


 Јадранското Море, на италијанска страна, годинава во јули достигна рекордна температура од 30 степени, а во некои делови и повеќе, што доведе до исчезнување на одредени видови риби, како и до цутење на морето. Според „Гардијан“, топлината на морето и слабите струи придонеле за широко распространета пролиферација, особено во северните и централните области на Јадранот, […]

Од денеска во Скопје хуманитарен пункт за настраданите семејства од пожарите


Од денеска во Скопје ќе биде отворен хуманитарен пункт каде ќе се собираат материјални добра за граѓаните кои настрадаа од пожарите во Источна Македонија. Граѓаните ќе можат да донесат конзервирана храна, облека, патики, мебел, душеци и разни други материјални добра, кои потоа ќе бидат однесени во 30-тина села на околу 400 домаќинства. Пунктот ќе биде […]

Кого ќе спасува Курти во Македонија – Африм Гаши или Вјоса Османи?


Премиерот на Косово, Албин Курти, денес ќе има тешка задача во Македонија. Сите очекувања се дека тој ќе го расчистува инцидентот во кој беше инволвирана косовската претседателка Вјоса Османи, од чиј третман од страна на македонските аеродромски служби се најде навредена и понижена јавноста во Косово, но и Албанците во Македонија. Но, прашање е исто […]

Руските „неутралци“ на Олимписките игри како да не постојат


Ретко на подиумот и забранети на  церемонијата на отворање, 15-те Руси кои се натпреваруваат на Олимпијадата во Париз имаат непријатен статус на „индивидуални неутрални спортисти“ (АИН) поради руската инвазија на Украина во 2022 година. Некои во Олимпиското село се спротивставија на нивното учество на Летните игри, а мислењето во Русија беше поделено. Во Русија Олимпијадата […]

Со хеликоптери се гасне пожарот кај Охрид


Два полициски хеликоптери, еден на македонското МВР и еден српски од утрово продолжуваат да гаснат во непосредна близина на Охрид кај селото Косел. Пожарот над Косел, Охридско, повторно се разгорува иако повремено локалните власти со поддршка на хеликоптери на МВР и на Република Србија успеваат да воспостават контрола. Сепак, пожарот се уште не е изгаснат, […]

Битка со дезинформациите: Погледнете како се шири омраза на Олимпијадата


Сите очи на светот деновиве се вперени во Олимписките игри во Париз, кои злонамерните структури се обидуваат да ги искористат со ширење дезинформации за да влеат страв кај целните групи на општеството. Русите на тој начин се обидуваат да го подгреат стравот од терористички напад. „Реки крв ќе течат низ улиците на Париз“ – ова […]

Претседателскиот кандидат Кенеди: Оставив мртва мечка во парк во Њујорк


Независниот оретседателски кандидат  Роберт Кенеди Џуниор објави видео на социјалните мрежи во кое признава дека оставил мртва мечка во њујоршкиот Централ парк во 2014 година. Видеото, објавено на неговиот X профил (поранешен Твитер), го прикажува заедно со контроверзната американска комичарка Розеан Бар како ги опишува бизарните околности што довеле до инцидентот пред 10 години. Ја […]

Двајца швајцарски триатлонци се повлекоа од олимписката штафета поради инфекција


Швајцарските триатлонци Адриен Брифо и Сајмон Вестерман не учествуваат во мешаната штафета на Олимписките игри во Париз поради цревна инфекција, соопшти прес-службата на швајцарскиот олимписки комитет. Првично, Брифо кој беше 49-ти во поединечна конкуренција, беше пријавен за трката, но поради здравствени проблеми беше заменет од Вестерман. Но, подоцна и Вестерман пријавил цревна инфекција и се […]

Адел настапи пред 80.000 луѓе во Минхен, Германците направија цел стадион само за неа


Адел ја започна својата 10-ноќна концертна резиденција во Минхен, Германија во петокот, 2-ри август, настапувајќи пред публика од 80.000 луѓе. Пејачката излезе на сцената во Месе Минхен, која привремено беше наречена „Адел арена“, по реновирањето од 130 милиони долари, кое вклучуваше инсталирање на ЛЕД екран од 721 на 98 метри, сцена од 43.000 квадратни метри […]

Мицкоски ќе го пречека косовскиот премиер Курти


Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски денеска ќе го пречека и ќе биде домаќин на косовскиот премиер Албин Курти. Како што соопштија од владината прес-служба, во рамки на посетата предвидена е тет-а-тет средба помеѓу премиерите Мицкоски и Курти, по што ќе следи билатерална средба на која покрај премиерите ќе присуствуваат и владини […]

Првиот српски сателит ќе го снима Сонцето и Србија оддалеку


Белград – Првиот сателит – Мозаик – што Србија де подготвува да го испрати во орбитата освен што ќе го набљудува Сонцето во доменот на рендгенските зраци, што е невозможно од земјата, има и мала камера што ќе ја снима Србија оддалеку. Тоа го нагласи во изјава за Политика научниот соработник на српската Астрономска  опсерваторија во […]

Австралија го зголеми нивото на терористичка закана од „можно“ на „веројатно“


Канбера – Австралија го подигна нивото на закана од терористички напад од „можен“ на „веројатен“ поради порастот на екстремистичкото расположение кај јавноста. Ова значи дека веројатноста за планирање и подготовка на напад во Австралија во следните 12 месеци е за 50 отсто поголема. Премиерот Ентони Албанезе изјави дека степенот на готовност е зголемен по препорака на […]

Хамас го избра Халед Машал за привремен лидер


Газа – Палестинското исламистичко движење „Хамас“, кое управува со Појасот Газа го избра Халед Машал за привремен лидер, јавуваат арапските медиуми. Според изворите на порталите Ал-Арабија и Ал-Хадад, лидерите на групата се согласија Машал да биде на чело на Хамас до одржувањето на нови избори. Машал, кој беше лидер на групата од 1996 до 2017 […]

Сопругот на Камала Харис призна дека имал афера за време на првиот брак


  Вашингтон – Сопругот на потпретседателката Камала Харис, Даг Емхоф, во саботата во изјава за Си-Ен-Ен призна дека имал афера за време на неговиот прв брак, откако наводните детали за врската ги објави британски таблоид. „За време на мојот прв брак, Керстин и јас поминавме низ тешки времиња поради моите постапки. Ја презедов одговорноста и […]

Петти ден амандманска расправа за ребалансот на Буџетот за 2024 година


Во собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска ќе продолжи амандманската расправа за Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот за 2024 година со кој вкупните приходи се планирани на ниво од 318,2 милијарди денари, а расходите на ниво од 362,8 милијарди денари. Растот на БДП е проектиран на 2,1 процент, инфлацијата на ниво од […]

Борел: Се чини дека Гонзалес е победник на претседателските избори во Венецуела


Брисел– Европската Унија и натаму со голема загриженост ги следи случувањата во Венецуела и повикува на смиреност и воздржаност, се наведува во писмената изјава на високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел објавена доцна синоќа во врска со настаните во оваа јужноамериканска држава по претседателските избори одржани на 28 јули.  – […]

Промоција на VR и AR апликациите изработени во рамките на проектот Владетелки на Балканот


 Центарот за научно истражување и промоција на културата „ХАЕМУС“ од Скопје, заедно со соработниците од Археолошкиот институт од Белград и координаторот DIGI.BA од Сараево денеска во Европската куќа во Скопје во 10 часот ќе ги промовира VR и AR апликациите изработени во рамките на проектот „SHELeadersVR“ (Владетелки на Балканот) поддржан од програмата Креативна Европа. Целта […]

Симон Трпчевски блескаво ја заокружи серијата концерти во Монте Карло


Македонскиот пијанист од светски глас Симон Трпчески синоќа (4 август) во „Палатата на Принцот“ во Монте Карло со блескав настап го заокружи своето гостување како резиденцијален артист на Филхармонискиот оркестар на Монте Карло, во чии рамки одржа серија концерти во тековната сезона 2023/24 година. Овој пат публиката со овации ја поздрави изведбата на Концертот за […]

Сончево и топло, попладне со локална облачност


Времето денеска ќе биде сончево и топло, попладне со мала до умерена локална облачност. Во планинските подрачја на северозапад ќе има услови за краткотраен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 22, а максималната ќе достигне од […]