Вкупно 28 пожари на отворено вчера, се очекуваат шест хеликоптери и четири ер трактори од Механизмот за цивилна заштита на ЕУ


Вкупно 28 пожари на отворено го одбележаа изминатиот ден. Најсериозно е во Старо Нагоричане, Кратово, Македонски Брод и Свети Николе. На помош се очекуваат уште шест хеликоптери и четири ер трактори кои се дел од Механизмот за цивилна заштита на Европската Унија. Во меѓувреме, власта вели дека добро се справува со пожарите, додека, опозицијата обвинува […]

Во Крушево почнуваат чествувањата за 121 година од Илинденското востание и Крушевската Република


Со низа свечености денеска во Крушево почнува чествувањето на 121 година од Илинденското востание и Крушевската Република. Синоќа во крушево пристигнаа коњаниците од сите страни на Македонија. Денеска од 10 часот делегации ќе ги посетат Спомен куќата на Смилевскиот конгрес и споменикот на Дамјан Груев, каде ќе се поклонат и ќе положат свежи цвеќиња. Во […]

Почнува петтиот Галичник Филм Фестивал


Вкупно 28 краткометражни филмови ќе бидат прикажани на петтиот Галичник Филм Фестивал, кој вечер ќе биде отворен на планината Бистра. По свеченото отворање, ќе настапат Скопје Брас Квинтет, кои како дел од проектот „Филмско-музичка Фузија“, ќе отсвират новокомпонирана музика на познати филмски сцени. Посетителите до 4 август 2024 година, покрај филмските проекции, ќе имаат можност […]

Без вода Детската болница Козле, Кабинетот на Претседателот на РСМ, високите зони во Козле и Прижино…


Прекинато водоснабдување денеска ќе имаат корисниците од вилите на Водно, Кабинетот на претседателот на РСМ, како и улиците „Ацо Караманов“, „Периша Савељиќ“, „Караорман“, населбата Козле висока зона, населбата Пржино висока зона, како и дел од улиците „Тодор Александров“, „Славејко Арсови“ и Детската болница Козле. ЈП Водовод и канализација – Скопје информира дека прекинот во водоснабдувањето […]

Мадуро побара од Врховниот суд да го потврди резултатот од изборите, што опозицијата го оспорува


Венецуелскиот претседател Николас Мадуро синоќа изјави дека побарал од Врховниот суд да ги потврди резултатите од претседателските избори на кои тој тврди дека победил, а кои опозицијата ги оспорува, а имало и барања од ширум светот за да објават деталните резултати од гласањето. Американските медиуми пренесуваат дека Мадуро им изјавил на новинарите дека владејачката партија […]

Сончево со слаб ветер, максимална температура до 39 степени


Времето денеска ќе биде сончево и топло со слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната ќе достигне од 33 до 39 степени. УВ-индекс 9. Како што информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во Скопје сончево и топло со слаб ветер од променлив правец. […]

Повредени пожарникари кршеле шофершајбна за да излезат од возилото додека огнот беснеел кон нив


 Пожарникари од Кавадарци кои биле вклучени во гаснењето на пожарот во светиниколското село Орел се повредиле откако нивното возило се превртило.  – Откако евакуиравме постари луѓе од селото Орел светиниколско, додека го браневме селото од огнот, пожарот ни се доближи толку многу што моравме да го избегнеме. Согледувајќи дека не можеме против природната стихија, моравме […]