5 август во историјата – Мерилин Монро е пронајдена мртва


  На 5 август 1962 година, филмската актерка Мерилин Монро е пронајдена мртва во нејзиниот дом во Лос Анџелес. Откриена е како лежи гола на креветот, со лицето надолу, со телефон во едната рака. Празни шишиња апчиња, препишани за лекување на нејзината депресија, беа расфрлани низ собата. По кратката истрага, полицијата во Лос Анџелес заклучи […]

За два месеца над 35 илјади туристи добиле услуга во летните здравствени амбуланти во Албанија


Во изминатите два месеца, односно од први јуни, кога почнаа да функционираат, до 31 јули, во летните здравствени амбуланти во Албанија услуга добиле околу 35 илјади туристи, објави министерката за здравство Албана Кочи.  Во видеозаписот што го објави на Фејсбук има и изјави на годишноодморци, кои се многу задоволни од односот на медицинскиот персонал и […]

Украина доби 3,9 милијарди долари од САД преку програмата на Светска банка


 Украина доби 3,9 милијарди долари од САД преку програмата на Светска банка, изјави премиерот Денис Шмихал. Ова е прва транша во 2024 година според новиот финансиски договор меѓу Украина и Светска банка објавен неколку дена претходно. „Ова е прва транша од финансиската помош за буџетот што САД ја даваат во 2024 година. Украина ќе добие […]

Мис Мичиген избрана за Мис на САД 2024


Алма Купер (22) од Мичиген е избрана за Мис САД 2024, по изборот во Лос Анџелес кој вклучуваше интервјуа, парада во вечерни тоалети и во бикини. Таа ќе ги претставува Соединетите Држави на изборот за Мис Универзум за 2024 година,  кој ќе се одржи во ноември во Мексико. Купер ја наследи круната од ланската прва […]

Кралицата Ранија од Јордан стана баба – синот Хусеин и снаата Раџва добија девојче


Принцот Хусеин, идниот крал на Јордан и принцезата Раџва станаа родители. Кралскиот Хашемитски двор на 3 август објави дека кралската двојка го дочекала своето прво дете истиот ден. Приновата ги прави родителите на престолонаследникот Хусеин, кралицата Ранија и кралот Абдула од Јордан, првпат баба и дедо. Кралот и кралицата на Јордан се исто така родители […]

„Охридско лето“ го прослави 64. роденден со вечер со салса


Виножитниот спектар на латино ритмови вчеравечер беше прикажан на Долни Сарај, на концертот што по повод 64. роденден на фестивалот „Охридско лето“ го одржаа членовите на салса оркестарот „Меркадонегро“. Музичкото  патување низ земјите на Јужна Америка, со презентација на музика и песна од државите и краиштата од каде доаѓаат уметниците го следеше и претседателката на […]

Двата златни медали во велосипедизам на Ремко Евенепол на иста Олимпијада се повеќе од историја


  Белгиецот Ремко Евенепл влезе во историјата во саботата, станувајќи првиот машки велосипедист кој освоил злато и на друмска трка и на хронометар на исти Олимписки игри. Париз, град кој добро знае да приреди спектакуларно шоу како традиционална крајна точка на Тур де Франс, уште еднаш обезбеди неверојатна позадина за овој монументален настан. Победата на […]

Рајан Гослинг и Ева Мендес прв пат во јавноста по седум години –  ги натера Олимпијадата


Долгогодишната холивудска  двојка беше забележана како во публика ги следи натпреварите во гимнастика и во коњички спортови на Летните олимписки игри во Париз. Ева Мендес (50) и  Рајан Гослинг (43) носеа очила за сонце и шапки . Се чини дека на парот им се придружија и нивните ќерки Есмералда (9) и Амада (8) . Семејното […]

Астма, алергии, дислексија, депресија – што му пречи на олимпискиот шампион?


Американскиот атлетичар Ноа Лајлс откри со какви проблеми се соочил, а кои не го задржале по освојувањето на златниот медал на Олимписките игри во Париз. Пред 85.000 гледачи во Париз, Лајлс славеше во возбудлива трка на 100 метри. Американецот заврши пред Јамајканецот Кишан Томпсон за пет илјадити делови од секундата. По победата тој објави статус […]

По Хераклеа, на Антички: Слаткар изненадување на концертот на Калиопи во Охрид


Македонската дива, поп-ѕвездата Калиопи, на 2 август одржа спектакуларен концерт под отворено небо во Античкиот театар во Охрид. Со фантастична енергија и емоции кои несебично ги споделуваше со публиката, таа приреди вистинско волшебно музичко патување во градот Охрид, за кој кажа дека е место полно со магија, уметност, неверојатна природа, место каде што се родила […]

Најголемиот светски производител на литиум бара државна помош поради падот на цената на металот


Бруталниот пад на цената на литиумот им отежна на западните компании да се натпреваруваат со кинеските компании поради помалите трошоци, пишува Фајненшл тајмс, додавајќи дека најголемиот светски производител на литиум, американската компанија „Албемарле“, била принудена да ги намали плановите за проширување и да побара државна помош. „Албемарле“, додаде ФТ, ги повика владите да интервенираат за […]

Истражување: Ноќното улично осветлување ги прави лисјата нејадливи за инсектите


 Ноќното улично осветлување може да влијае на растенијата, создавајќи продолжена фотосинтеза. Тоа, пак, ги прави лисјата премногу тврди, така што инсектите не можат да ги јадат, што е закана за синџирот на исхрана, според ново научно истражување спроведено во Кина, објави „Гардијан“. – Забележавме дека, во споредба со природните екосистеми, лисјата на дрвјата во повеќето […]

Грчка вечер на „Охридско лето“


Вечерва на програмата на „Охридско лето“, во рамките на Грчката вечер, ќе се одржи концерт на Христос Гримпас-виолончело и Џорџ – Емануел Лазаридис –пијано. Концертот е од 21 часот во црквата „Света Софија“. Христос Гримпас студира на Државниот конзерваториум во Солун (проф. Д. Патрас) како и на Универзитетот за уметности во Берлин. Пост- дипломските студии […]

Зак Ефрон вели дека е „среќен и здрав“ по инцидентoт во базенот на Ибица


Зак Ефрон сподели порака на својата приказна на Инстаграм во неделата, откако се појави веста дека бил хоспитализиран поради инцидент со пливање вна Ибица, во Шпанија неколку дена претходно. „Среќен и здрав“, напиша Ефрон. „Благодарам за добрите желби“. Актерот имал „мал инцидент со пливање“ во петокот вечерта додека користел базен во вила на Ибица, потврдил […]

Инфлацијата во Турција се намали за десет процентни поени, сега е 61,78 отсто


Во јули годишната стапка на инфлација во Турција се намали од 71,6 отсто во јуни на 61,78 отсто, објави денеска турскиот институт за статистика Туркстат. Ова е втор пад на годишната инфлација во Турција по седум последователни месеци раст, а инфлацијата во таа земја сега е најниска од октомври 2023 година. Цените на храната и […]

Ангеловска-Бежоска − Агелер: Народната банка придонесува за стабилноста на економијата и ужива висока доверба


„Во услови на глобална неизвесност, монетарната политика придонесува со своите мерки за одржување на стабилноста на макроекономското окружување во земјава“, беше истакнато на средбата помеѓу гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и амбасадорката на Соединетите Американски Држави во земјава, Ангела Агелер, при што беше нагласена високата доверба на јавноста кон Народната банка, дури и во […]

Вангел Таво нов градоначалник на Химара, го повика противкандидатот да му биде заменик


 Кандидатот на владејачката Социјалистичка партија, Вангел Таво е новиот градоначалник на албанското приморско гратче Химара. На вчерашните делумни избори тој освои 5022 гласа или 58,62%, додека неговиот против кандидат Петро Ѓикурија од опозициската коалиција “Победуваме заедно” 3545 или 41,38% од гласовите. Вангел Таво(55) роден е во Ѓирокастро, бил министер за труд и социјална политика, пратеник, […]

Германија го освои златото во мешана триатлон штафета на Олимпијадата


Германскиот тим во триатлон го освои златото во мешана штафета на Олимписките игри во Париз. Во тимот беа Тим Хелвиг, Лиза Терч, Ласе Лурс, Лаура Линдеман. Нивното вкупно време е 1 час 25 минути 39 секунди. Среброто го освои тимот на САД за 1:25.40 минути.  Репрезентацијата на на Велика Британија ја освои бронзата за 1:25.40.  […]

Во Англија се шират немири, премиерот свика итен состанок


Британскиот премиер Кир Стармер денеска ќе одржи итен состанок со полициските началници по насилните антиимигрантски протести кои се интензивираа во последните денови, при што беа подметнати пожари во згради, возила и хотели во кои се сместени барателите на азил. Минатата недела избувнаа немири во повеќе градови, откако три девојчиња беа убиени во напад со нож […]