Астрономски календар


Денеска е понеделник, 5 август 2024 година, 218-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 148 дена.  Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 32 минути, а ќе зајде во 19 часот и 47 минути. Денов трае 14 часа и 15 минути. Месечината, која е во фаза на млада Месечина ќе изгрее во […]

Македонските кошаркарски јуниори го освоија Европското првенство во „Б“ дивизија


Јуниорската кошаркарска репрезентација на Македонија ја совлада Австрија во финалето на Европското првенство „Б“ дивизија со 98-88 и го освои пехарот на натпреварувањето кое во изминатиов период се одржуваше во главниот град на земјава. Македонците беа подобар противник од Австријците во меч во кој целосно доминиравме од почетокот до крајот. Нашиот национален тим забележа осум […]

Камала Харис избира потпретседателски кандидат, познати тројца фаворити


Американската потпретседателка Камала Харис денеска зборуваше во нејзината резиденција во Вашингтон со тројца водечки демократски кандидати за потпретседател, пред конечната одлука за нејзиниот најблизок соработник за ноемвриските претседателски избори. Харис е домаќин на гувернерот на Минесота Тим Волц, сенаторот од Аризона Марк Кели и гувернерот на Пенсилванија Џош Шапиро. Се очекува Харис да го објави […]

Американците по 20 години го вратија олимпиското злато во драматична трка на 100 метри


Трката на 100 метри е еден од најатрактивните настани на Олимписките игри, а вечерашната трка ја заслужи титулата на најизедначена во историјата. Како победник ќе остане запаметен Ноа Лајлс, кој забележа време од 9,79 секунди. Колку беше нереална трката на 100 метри во Париз, говори и податокот дека осум спортисти ја завршија за временска разлика […]

Алкараз по поразот од Ѓоковиќ: Заминувам со крената глава, направив се што можев на теренот


Карлос Алкараз не успеа повторно да го победи Новак Ѓоковиќ во финалето на еден голем турнир. Српскиот тенисер овој пат беше подобар во мечот за златниот медал на Олимписките игри. Алкараз во финалето одигра високо ниво на тенис, но Ѓоковиќ едноставно беше посилен во клучните моменти. -Моето ниво беше многу високо, презадоволен сум од играта, […]

Австрија со стратегија за енергетска независност од Русија до 2027 година


Австриската владејачка коалиција се согласи целосно да го запре снабдувањето на земјата со руски гас до 2027 година. Одлуката е донесена во согласност со Брисел и има за цел „намалување на зависноста од увоз на руски енергенти за да се заштитат економијата и домаќинствата од нови ризици поврзани со цените и снабдувањето“. Во документот се […]

Прекини на ГПС услугите во Израел поради можен ирански напад


GPS услугите во голем дел од Израел се прекинати поради стравувања од ирански напад врз територијата на земјата, јави „Тајмс оф Израел“. Прекините се однесуваат не само на граничните области блиску до Либан, туку и на густо населените области во центарот на земјата. Израел е во состојба на највисок степен на готовност поради заканите од […]

Активни се уште осум пожари, 10 се целосно изгаснати, а еден е ставен под контрола


Во текот на денов имавме вкупно 19 пожари, од кои 10 се целосно изгаснати, еден е ставен под контрола, a во моментов имаме уште осум активни пожари, информираше вечерва директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов.  Како што посочи, најтешка е ситуацијата во селото Тажево кај Македонски Брод каде има неколку изгорени […]

СДСМ: Владеењето на ВМРО-ДПМНЕ досега е само театар на обвинувања


„Откако дојде на власт, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ секојдневно ја замајуваат јавноста со некакви индиции за криминал од претходната Влада без да понудат никаков доказ или да поднесат некакво обвинение.  Мицкоски не може да разбере дека веќе не е во опозиција туку е на власт и ваквите обвинувања без никакви докази предизвикуваат потсмев во јавноста. Тој […]

Во нападот на толпа на хотел со мигранти во Ротерхем повредени се најмалку 10 полицајци


 Полицијата во Јужен Јоркшир соопшти дека најмалку 10 полицајци се повредени, вклучително и еден кој изгубил свест во „ужасното насилство“ пред хотелот Холидеј Ин Експрес во областа Манверс во Ротерхем. „Апсолутно ги осудуваме немирите на кои бевме сведоци, во кои учествуваа околу 700 луѓе“, се вели во соопштението на полицијата. „Насилниците фрлаа дрвени штици кон […]

Ерупцијата на Етна ги прекина летовите на Сицилија


Главниот аеродром на италијанскиот остров Сицилија денеска ги запре летовите поради вулканската активност на планината Етна. Како резултат на утринската вулканска активност, кризниот штаб нареди затворање на секторот Б1 и намалување на бројот на пристигнувања на шест летови на час, соопштија од Аеродромот Катанија. Етна, еден од активните вулкани во јужна Италија, кој се наоѓа […]

Сајкоски: Еколошка катастрофа во Кичево, пожар ја зафати дивата депонија направена од Општината


Пожар ја зафати дивата депонија во Кичево, која што е направена од страна на Општината и ЈП Комуналец – Кичево, соопшти денеска генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во Собранието, Ѓорѓија Сајкоски. Во објава на својот Фејсбук профил, тој вели веќе подолг период се случува „еколошка катастрофа“ во Кичево, каде Општината и ЈП Комуналец – […]

Ѓоковиќ: Златото за Србија на Игрите е мојот најголем успех во кариерата


По два брејка и речиси три часа борба, Новак Ѓоковиќ го освои олимпиското злато, откако во финалето на натпреварувањето во Париз го совлада Карлос Алкараз. Српскиот тенисер на тој начин го освои единствениот трофеј што му недостигаше во кариерата, потврдувајќи го епитетот најголем во историјата на овој спорт и дека повредата на коленото која му […]

Стотици демонстранти нападнаа хотел за сместување мигранти во Јужен Јоркшир


 Стотици антиимиграциони демонстранти нападнаа хотел во Јужен Јоркшир кој се користи за сместување мигранти, јави британски „Телеграф“. Дел од нив упаднаа во објектот и ја запалија околната трева. Видеа објавени на социјалните мрежи покажуваат како полицијата се повлекува при напад на предмети фрлени од демонстрантите пред хотелот Holiday Inn Express во Манверс, Ротерхем. Други снимки […]

Без вода утре ќе останат дел од корисниците на Општина Центар


Поради дефект на улична водоводна мрежа на крстосницата на улицата „Франклин Рузвелт“ и булевар „Партизански одреди“, утре, без вода ќе останат корисниците од дел од булевар „Партизански одреди“, дел од улица „Борка Талевски, како и дел од улица „Франклин Рузвелт“. Како што соопштуваат од ЈП Водовод и канализација – Скопје, прекинот ќе трае од 8:30 […]

Зошто ВМРО-ДПМНЕ ја поткопува министерката за финансии Димитриеска-Кочоска?


  Изгледа прилично нелогично вчерашната прес-конференција на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, на која тој го повтори ставот на премиерот и министерот за транспорт дека 560 милиони евра наменети за третата делница на пругата кон Бугарија од Крива Паланка до Деве Баир треба да се пренаменат кон железницата што води кон Грција. Нејасно е зошто […]

Турција испрати сондажен брод за природен гас во Црното Море


Турскиот сондажен брод „Абдулхамид Хан“ отплови за Црното Море заради сондажни активности, објави „Хуриет дејли њуз“. На бродот, министерот за енергетика и природни ресурси Алпарслан Бајрактар изјави дека гасното наоѓалиште Сакарија, откриено во 2020 година, е најголемото откриено во турски води и дека земјата треба брзо да го зголеми производството. Дневното производство во Сакарија моментално […]

Ѓоковиќ го победи Алкараз и го освои олимпиското злато што му недостигаше


Новак Ѓоковиќ го освои златото во машка поединечна конкуренција во тенис на Олимписките игри во Париз. Во финалето го победи Карлос Алкараз со 7:6 (3), 7:6 (2). Тоа е прв златен медал во кариерата на 37-годишната српска тениска легенда, кој на тој начин го заокружи „Златниот слем“ во кариерата, односно ги освои сите четири грен […]

Германија бара контроли на унгарските граници


Германските политичари бараат санкции за Будимпешта поради либерализацијата на визниот систем за Русија, а од соседите на Унгарија, вклучително и Хрватска, бараат да воведат гранични контроли со Унгарија. „Треба да се воведат контроли на унгарските граници, тоа е законски можно. Сега соседните земји како Австрија, Хрватска, Словачка и Романија се на потег“, рече министерот за […]

Земјоделец повреден во рака од заталкано зрно од ловџиска пушка додека работел во нива


А.М.(33) од штипското село Чардаклија вчера околу 08.15 часот бил повреден во пределот на раката од заталкано зрно од ловџиска пушка додека работел во нива на местото викано „Брестика“, атар на село Долни Балван, општина Карбинци.  Како што информира МВР настанот бил пријавен вчера во 09.45 часот во СВР Штип, а А.М. бил пренесен во […]