ИТН ќе го врати третиот мандат за формирање влада; во Бугарија на повидок нови предвремени избори


Бугарската партија „Има таков народ“ (ИТН) утре на претседателот Румен Радев ќе го врати нереализираниот трет мандат за составување редовна влада, соопшти денеска лидерот на партијата, Слави Трифонов. Оваа одлука беше очекувана откако стана јасно дека ГЕРБ-СДС и ПП-ДБ нема да поддржат ваква влада. Трифонов на Фејсбук посочи дека Бојко Борисов го исполнил барањето на […]

Левица ќе поднесе интерпелација за Гаши


Левица ќе поднесе иницијатива за интерпелација на претседателот на Собранието Африм Гаши, најавија денес преку соопштение до медиумите од оваа политичка партија. Повод е инцидентот што се случи со претседателката на Косово, Вјоса Османи, на Меѓународниот Аеродром Скопје кој, според Левица, го отсликува системското непочитување на институциите и законите, првично од страна на самиот спикер […]

Од утре дезинфекција на сите гранични пунктови на Бугарија со другите земји поради чума кај малите преживари


Од утре ќе биде воведена дезинфекција на сите гранични премини меѓу Бугарија и другите земји поради опасност од навлегување на чума кај малите преживари, изјави за новинарите во Карџали извршниот директор на бугарската агенција за безбедност на храна д-р Светлозар Патарински. Заедно со заменик министерот за земјоделство и храна, Дејан Страве, тие учествуваа на вонредниот […]

Во Велика Британија 40.000 наставници решиле да ја напуштат професијата


Сè поголем број наставници и наставници во Велика Британија ја напуштаат професијата и само во последната година околу 40.000 просветни работници ги напуштиле државните училишта. Жените во триесеттите ја претставуваат најголемата група што ја напушта професијата наставник. Повеќе од 9.000 жени на возраст меѓу 30 и 39 години ја напуштиле професијата наставничка во 2022 и […]

Истражување: Петина лекови во Африка се со лош квалитет или се фалсификувани


Петина од лековите во Африка не ги задоволуваат стандардите за квалитет или се фалсификувани, покажува обемно истражување кое предизвикува загриженост дека овој проблем може да доведе до бројни смртни случаи во потсахарското подрачје. Истражувачи од Универзитетот Бахир Дар во Етиопија анализирале 7.508 примероци лекови, а од тој број 1.639 не задоволиле квалитет барем на еден […]

Ослободените руски политички затвореници би сакале да се вратат во Русија за да продолжат со активизмот


Двајца руски дисиденти кои беа ослободени од затвор и пристигнаа во Германија во рамки на големата размена на затвореници меѓу Русија и Западот оваа недела, велат дека веќе размислуваат за враќање во Русија, но ветуваат дека ќе продолжат со политичкиот активизам дури и од странство. Со размената, осум Руси, вклучувајќи осуден убиец, се вратија дома […]

Колапсот на виталната океанска циркулација би можел да се случи веќе на крајот на 2030-тите и да предизвика планетарна катастрофа


Новото истражување утврди дека виталниот сегашен систем на Атлантскиот океан, кој влијае на временските услови, би можел да пропадне уште на крајот на 2030-тите. Тоа би било катастрофа од планетарна скала, која би ги променила времето и климата. Неколку студии во последниве години заклучија дека Атлантската меридијална превртена циркулација (AMOC) би можела да биде на […]

Возило излетало на патот Велес – Извор, две лица повредени


На регионалниот пат Велес кај селото Извор во близина на селото Бусилци на кривините утрово во 8:10 часот возилото „фиат браво“ со велешки регистерски таблички излетало од коловозот, а две лица повозрасни сопружници од Велес се повредени, од кои 70 годишната жена која била сопатник во возилото има потешки повреди, а нејзиниот 75 годишен сопруг […]

Хуманитарен пункт од утре во Скопје за настраданите семејства од пожарите


 Хуманитарен пункт каде ќе се собираат материјални добра за граѓаните кои настрадаа од пожарите во Источна Македонија во државата ќе биде отворен од утре во Скопје. На овој пункт граѓаните ќе можат да однесат конзервирана храна, облека, патики, мебел, душеци и разни други материјални добра, кои потоа ќе бидат однесени во 30-тина села на околу […]

Чешки хеликоптер „Блек хок“ го гаси пожарот кај Брезница, ловиштето „Јасен“ не е зафатено


Чешки хеликоптер „Блек хок“ моментално дејствува на пожарот во атарот на с. Брезница и Тажево, пожар што зафаќа голема површина и е многу тежок за гаснење, но од огнот не е зафатено ловиштето Јасен, изјави денеска директорот на ЦУК Стојанче Ангелов.  -Проблемот е што мора да се симне на помала надморска височина, да полета, да […]

Сончево со умерена облачност, во западните и југозападните делови појава на пороен дожд и невреме


До крајот на денот ќе преовладува сончево со умерена облачност. Во западните и југозападните делови ќе има локална појава на пороен дожд, грмежи и услови за изолирано краткотрајно невреме. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието и во источните делови наместа повремено засилен северен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 30 до […]

Концерт на салса оркестарот „Меркадонегро“ за роденденот на „Охридско лето“


Датумот 4 август и денот кога беше одржан концертот на Ана Липша Тофовиќ што се слави како роденден на Фестивалот „Охридско лето“, по традиција секоја година нуди доживувања малку поинакви од вообичаените содржини карактеристични за фестивал на класична, камерна музика како што е „Охридско лето“. За овој 64-ти роденден публиката ќе има можност да ужива […]

Доларот е на најниско ниво во последните четири месеци


Минатата недела доларот потона на најниско ниво за повеќе од четири месеци, додека јенот имаше најголеми добивки, бидејќи Банката на Јапонија почна да ја затегнува монетарната политика по 17 години. Индексот на доларот минатата недела потона за 1,07 отсто, на 103,21 поен, а за време на тргувањето во петокот накратко падна на 103,12 поени, што […]

СДСМ тврди дека член на обезбедувањето на Гаши тешко ги прекршил овласувањата


СДСМ денес преку соопштение до медиумите обвини дека ВМРО-ДПМНЕ се обидува „по секоја цена да го заштити членот на обезбедувањето на Гаши“ кој предизивика инцидент на аеродромот при посетата на косовската претседателка, Вјоса Османи.  „Согласно информациите кои ги имаме во детали, членот на обезбедувањето на Гаши тешко ги прекршил своите овласувања за што треба да […]

Вучиќ ја прозва СПС за протестите против литиумот. Дачиќ: Не правиме ништо против претседателот


Претседателот на Социјалистичката партија на Србија (СПС), Ивица Дачиќ, изјави дека партијата не учествува, ниту ќе учествува додека е тој на чело на партијата, во какви било активности или операции против претседателот на Србија, Александар Вучиќ и актуелната власт, затоа што со тоа би работеле против себе и заедничките цели. Вучиќ претходно изјави дека на […]

Американската влада поднесе нова тужба против ТикТок за нарушување на приватноста на децата


Американската влада поднесе нова тужба против ТикТок, обвинувајќи ја кинеската компанија за незаконско собирање податоци за деца во случаи кога родителите се обиделе да ги избришат акаунтите на нивните деца. Би-Би-Си го цитира американското Министерство за правда во соопштението дека е пракса оваа социјална мрежа „масовно“ да навлегува во приватноста на децата. Официјалните лица изјавија […]

Златото достигнува нови рекордни височини


Цените на златото се искачија на нови рекордни височини три пати за помалку од три недели, надминувајќи ги 2.500 долари за унца на својот врв, со потенцијал за дополнително зголемување бидејќи благородниот метал продолжува да се одржува како „безбедно засолниште“. Златото за декемвриска испорака GCZ24 GC00 поскапе за 7,80 долари или 0,3 отсто на 2.480,80 […]

Од 42 пожари пет се активни, четири ставени под контрола


Вкупно 42 пожари имало вчера на отворен простор, од кои во моментов пет се активни. Четири се под контрола и 33 се изгаснати, соопштија од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Активни се пожарите во Општина Македонски Брод, кај селото Тажево – Брезница – кракот кон Јасен, во Општина Демир Хисар и Општина Охрид кај […]

Мицкоски ја обвини ДУИ за неодговорно однесување и дека е закана за мирот и стабилноста


Премиерот Христијан Мицкоски и лидер на ВМРО-ДПМНЕ во интервју за „Фокус“ ја обвини ДУИ за неодговорно однесување и дека претставува закана за мирот и стабилноста во државата. „Со ова неодговорно однесување, ДУИ ја загрозува интеретничката слика во државата и претставува закана по мирот и стабилноста на Македонија како држава. И, ние ќе ги преземеме сите неопходни […]

Палестинец со нож убил две и повредил уште две други лица во градот Холон, во централен Израел


Палестинец од окупираниот Западен Брег, кој илегално влегол во Израел, утринава во градот Холон, во централниот дел на земјата, убил две и ранил уште две лица, јавија израелските медиуми. Првично беше јавено за една жртва, 66-годишна жена, која починала на самото место и три други ранувања, но бројот на загинати набрзо се зголеми на двајца, […]