Селекторот на Јужен Судан ги нападна судиите од мечот со Србија: „Травестија“


Селекторот на Јужен Судан, Ројал Ајви, го изрази своето незадоволство од судењето по поразот од Србија со 96:85. -Каква травестија, каква травестија! Моите момци ги вложија срцето и душата во играта… Каква травестија! Тоа е се што имам да кажам, изјави 42-годишниот американски стручњак за литвански „Баскетњуз“. Долгогодишниот НБА играч доби техничка грешка затоа што […]

Пацоли за случајот Османи: Функционер на ИАТА ми потврди дека нема имунитет што може да ја избегне контролата


Претседателот на Алијансата за Ново Косово, поранешен косовски претседател и еден од најбогатите Албанци во светот, Беџет Пацоли, објави дека првиот човек на Одделот за безбедност на патници при Меѓународната асоцијација за воздушен транспорт (ИАТА) од Торонто, со кого патувал за Италија, потврдил дека не „постои тип на имунитет што може да го оправда избегнувањето […]

Ватикан изрази жалење за навредливите сцени на свеченото отворање на Олимписките игри во Париз


Ватикан соопшти дека жали за сцената на свеченото отворање на Олимписките игри во Париз, која беше пародија на сликата „Тајната вечера“ на Леонардо да Винчи. „Светата столица беше натажена од одредени сцени на церемонијата на отворањето на Олимписките игри во Париз и не може, а да не се придружи на гласовите што се кренаа последниве […]

МНР повика нашите граѓани веднаш да го напуштат Либан


Поради влошенета безбедносна ситуација во Либан, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија ги повикува сите наши државјани кои се наоѓаат во оваа држава, истата да ја напуштат во првата можна прилика.   Како што соопшти Министерството, имајќи ја предвид непредвидливата безбедносна состојба на Блискиот Исток, Министерството за надворешни работи и […]

Харис ја одби понудата на Трамп за дебата на Фокс њуз


Американскиот потпретседател Камала Харис и нејзиниот изборен штаб ја одбија поканата од поранешниот американски претседател Доналд Трамп да учествуваат на телевизиска дебата на Фокс њуз во септември. Харис инсистира дека Трамп се држи до претходно договореното појавување на ABC News. Вчера, на својата платформа „Социјална вистина“, Трамп го прифати предлогот на телевизијата Фокс да одржи […]

„Беркшир Хатавеј“ на Ворен Бафет го намали уделот во „Епл“ за речиси 50 отсто


„Беркшир Хатавеј“ на Ворен Бафет го намали својот удел во технолошкиот гигант „Епл“ за речиси 50 отсто, според извештајот за заработката на „Беркшир“ во вториот квартал објавен во саботата. „Беркшир Хатавеј“ (Berkshire Hathaway) откри дека неговите акции во „Епл“ биле проценети на 84,2 милијарди долари на крајот на кварталот, паѓајќи од 790 милиони акции на […]

Пожарот во Калифорнија прерасна во четврти најголем во историјата на оваа сојузна држава


 Повеќе од 6.000 пожарникари и натаму се борат со огромниот пожар, што досега прерасна во четвртиот по големина во историјата на Калифорнија. Жештината воопшто не носи олеснување на ситуацијата, а властите соопштија дека пожарот е локализиран 27 отсто. -Имавме грмотевици кои ни зададоа проблеми, рече Кристофер Јанг, портпарол на Калифорниското одделение за шумарство и заштита […]

Трамп му честиташе на Путин за уште една „голема работа“ – ослободување убијци


  Поранешниот американски претседател Доналд Трамп синоќа му честиташе на рускиот претседател Владимир Путин за големата размена на затвореници меѓу Русија, Белорусија и неколку западни земји. -Би сакал да му честитам на Владимир Путин што направи уште една голема работа, рече републиканскиот претседателски кандидат во рамки на неговата кампања во Атланта, во американската сојузна држава […]

Доделени наградите на 19-тиот „Астерфест“


Членовите на официјалното жири на 19-тиот „Астерфест“, Зејгам Азизов од Велика Британија, Ганимет Сава од Косово и Никола Пијанманов од Македонија, синоќа, на 3 август 2024, во Струмица, едногласно донесоа одлука за наградените автори и филмови. Гран прито (Најдобар краток филм) го доби краткиот игран филм „Љубовни  маки“ на Александер Саул (ММ Продукции, Данска). Златната […]

Хезболах ноќеска истрелал 50-тина ракети врз северен Израел, повеќето биле соборени од „Железната купола“


Проиранското либанско шиитско движење Хезболах рано утринава соопшти дека истрелало десетици ракети врз Беит Хилел во северен Израел. Групата во соопштението напиша дека „како одговор на нападите на израелскиот непријател врз непоколебливите јужни села и безбедните куќи, особено нападите насочени кон селата Кафр Кила и Деир Сарџан и повредените цивили, Исламскиот отпор (Хезболах) за првпат […]

Законот за спречување на уништувањето на шумите и „создава главоболки“ на Еврокомисијата


Законот на ЕУ заштита на шумските предели предизвикува загриженост меѓу бизнис заедницата, земјоделците и невладините организации, особено по одлуката на Еврокомисијата за повторно одлагање на објавување на новите правила за спречување на уништувањето на шумите, само пет месеци пред стапувањето во сила на оваа законска регулатива.  Се проценува дека одредите од Законот ќе влијаат врз […]

Белгијците би сакале да одат порано во пензија, особено помладите


Жителите на Белгија сметаат дека идеална возраст за заминување во пензија е на 60 години, иако според законот старосната граница за пензионирање во земјата е 65 години, покажуваат резултатите на истражувањето на глобалната специјализирана мрежа за човечки ресурси СД Воркс со седиште во белгискиот град Антверпен.  Сепак, мрежата посочува дека посакуваната возраст за пензионирање е […]

Променливо облачно со локален пороен дожд во западните делови


Времето денеска ќе биде променливо облачно со локална појава на пороен дожд и грмежи, претежно во западните делови. Долж Повардарието ќе дува засилен северен ветер. Минималната температура ќе се движи од 13 до 22, а максималната ќе биде во интервал од 27 до 37 степени Целзиусови. УВ индексот ќе изнесува 8. Во Скопје ќе биде […]

Кошарка: Македонските јуниори се пласираа во финалето на Европското првенство „Б“ дивизија


Македонските кошаркари до 18 години ја совладаa Бугарија со 92-68 во полуфиналето на Европското првенство „Б“ дивизија кое се одржува во Скопје. „Црвено-жолтите“ ќе играа во финалето, а истовремено обезбедија место и во А-дивизијата. Луканоски имаше „дабл-дабл“ учинок со 20 поени и 16 скокови, исто како и Трајанов со 17 поени и 11 скокови, Јаничиќ […]

Трамп се исплаши па закажа дебата на Фокс Њуз место на Еј-Би-Си Њуз, велат од штабот на Харис


Вашингтон – Изборниот штаб на Камала Харис, американската потпретседателка и најверојатна кандидатка на демократите на претстојните избори во ноември, денеска го обвини поранешниот американски претседател и републикански кандидат Доналд Трамп дека се обидува да ги промени условите на дебатата за Еј-Би-Си Њуз, закажана за 10 септември, за да создаде опкружување за дебата што може да му […]

„Газета експрес“: Курти в понеделник во Скопје на средба со Мицкоски


Приштина – Косовскиот премиер, Албин Курти в понеделник, на 5 август, ќе допатува во Скопје, каде што ќе се сретне со неговиот македонски хомолог, Христијан Мицкоски, дознава македонското дописништво на приштинскиот портал „Газета експрес“. Неименувани извори на порталот од владејачките структури во Скопје тврдат дека средбата на премиерите на Северна Македонија и Косово ќе се одржи […]

Нов златен медал за Симон Бајлс во Париз


Париз – Американската гимнастичарка Симон Бајлс денскаповторно освои злато, овој пат во дисциплината прескок. Таа во првата низа изведе потег наречен (по неа) „Бајлс II“ – најтешкиот скок преку „коњот“ според женските правила, кој беше доволен за 15.700 поени. Следен потег беше „Ченг“ со свртување и половина во воздух. По вториот скок, просекот од 15.300 […]

Женг ја освои олимписката титула во тенис за жени во сингл


Париз – Кинеската тенисерка, Кинвен Женг ја освои титулата во сингл за жени на Олимписките игри во Париз. Шестата носителка Женг во финалето оствари триумф над 13.пласираната Хрватка Дона Векиќ со 6:2, 6:3. Таа стана првата Кинеска која освоила златен медал во сингл на Олимписките игри. Натпреварот траеше час и 46 минути.

Охрид секој ден со концерти, еве како се справува со ѓубрето


Лименки, пластични шишиња и остатоци од храна расфрлани по улиците, вдолж крајбрежјето, но и на просторите каде се одржуваат концертите – се реална слика во доцните вечерни часови и наутро во најголемиот туристички бисер Охрид кој во екот на летаната сезона е преполн со гости и нема место за паркирање.  Оперативните служби на „Охридски комуналец“ […]

Гром удри на плажа во Италија, повредени најмалку три лица


Рим – Најмалку три лица се повредени денеска, од кои едно потешко, кога гром удри на плажа на италијанскиот јадрански брег, јавуваат медиумите. Италијанските медиуми јавуваат дека околу пладне гром ја погоди плажата кај Алба Адријатика, во регионот Абруцо, додавајќи дека бројот на повредени може да достигне до седум. Според италијанската агенција АНСА, повредените со хеликоптер […]