„Јон Вардар против Галаксијата“: Гоце Цветановски за првиот македонски долгометражен анимиран филм


Пред нешто помалку од еден век, во далечната 1937 година, студиото Волт Дизни го направи првиот долгометражен анимиран филм и му го претстави на светот како нешто ново коешто ја промени иднината засекогаш. Се работи за филмот „Снежана и Седумте Џуџиња“. Анимираните филмови стануваат секојдневно сè повеќе популарни, постои силна конкуренција и натпревар кој ќе направи филм со подобра анимација и приказна. […]

Солидарност во акција: 110 странци моментално се на помош во земјава за справување со пожарите


Солидарноста во акција, напиша денеска на социјалната мрежа X евроамбасадорот во земјава Дејвид Гир, потенцирајќи дека авиони, хеликоптери и теренци од Чешка, Германија, Словенија, Србија и Шведска им се придружуваат на партнерите во Северна Македонија, за да се борат против пожарите. Сето ова се прави преку т.н. ЕУ-механизам за цивилна заштита, односно сета помош што во […]

На 58 години почина поранешен кошаркар на МЗТ Скопје


Поранешниот кошаркар на МЗТ Скопје, Ивица Мавренски почина по долго и тешко боледување, на 58-годишна возраст, објавија српските медиуми. Српскиот кошаркар во неговата 16-годишна професионална кариера, Мавренски играше за Раднички, ФМП Железник и Хемофарм во Србија, но и Ибон од Никшиќ и ЗТЕ од Унгарија. Во Македонија е препознатлив по неговите кошаркарски години во редовите […]

НБА лигата сака „влез“ во европската кошарка


Париз– Адам Силвер, комесарот на НБА, откри дека се водат преговори за соработка со ФИБА. Можните планови вклучуваат организирање турнир еднаш годишно со кој би управувала НБА организацијата. За време на посетата на Олимпијадата во Париз, Силвер и заменик-комесарот Марк Тејтум разговараа со претставници на ФИБА, претставници на лигата и други засегнати страни за подобро […]

Министерството е тоа кое што ќе ја соопшти: Трипуновски за официјалната производна цена


Денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски во општина Кавадарци по негово барање оствари средба со двете земјоделски  здруженија кои што се од регионот Федерацијата на фармери, Здружението на мали семејни винарии, претставници од Земјоделскиот инспекторат, Подрачна единица, пратениците, градоначалниците поради претстојниот откуп на грозје. „Она што сакам да ја информирам јавноста преку […]

Почина Симон Беличанец, доајенот на македонското спикерство


Вчера во Скопје, во 82-ра година од животот, почина Симон Беличанец, доајен на македонското спикерство чија професионална кариера е врзана за Македонската радио телевизија. Роден е на 2-ри јуни 1942 година во Прилеп. Таму го завршил основното образование, како и гимназија, но и нижото музичко училиште.  Уште во гимназиските денови бил ангажиран во Радио Прилеп […]

Тошковски излезе на терен – во атарот на с. Зеленград, пробиштипско


Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска заедно со директорот на ЦУК Стојанче Ангелов изврши увид на состојбата на терен на пожарот во атарот на село Зеленград, пробиштипско. -Искрена благодарност до пожарникарите, доброволците и сите вклучени во гаснењето на пожарите за нивната несебична посветеност и храброст. Во постојана комуникација сме со нашите пријатели од странство […]

Првите Ф-16 пристигнаа во Украина, ќе имаат три клучни мисии. Путин веднаш се закани


ПРВИТЕ борбени авиони Ф-16 пристигнаа во Украина и почнаа да летаат на украинското небо. Ќе биде многу потребно засилување на сегашната флота на Украина на авиони од советската ера. Американскиот претседател Џо Бајден даде зелено светло во август 2023 година за распоредување употребени Ф-16 во Украина, иако САД нема да обезбедат ниту еден свој авион. […]

Најскапиот олимписки сувенир продаден за еден и пол милион долари


Најскапиот продаден олимписки сувенир е златниот медал кој го освои спринтерот Џеси Овенс на Олимписките игри во Берлин во 1936 година. Тој беше продаден на аукција за 1.466.574 долари на Американецот Рон Буркл за време на онлајн аукција во Калифорнија на 8 декември 2013 година, пишува веб-страницата „guinnessworldrecords.com“. Џеси Овенс освои четири златни медали на […]

Ебден и Пирс го освоија златниот медал во двојки


Париз – Австралијците Метју Ебден и Џон Пирс го освоија златниот медал во машка конкуренција на Олимписките игри во Париз. Во извонредното финале на стадионот „Филип Шатрие“, Австралијците ги победија Американците Крајичек и Рам со 6:7, 7:6, 10:8. Крајчек и Рам први стигнаа до брејк и поведоа во првиот сет со 4:2. Сепак, Австралијците веднаш […]

Муцунски очекува инцидентот со Вјоса Османи мирно да се реши, не наседнувал на провокации


Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски упати порака до Косово, изразувајќи жалење за инцидентот на скопскиот аеродром, каде што вработен во турската компанија ТАВ не дозволил косовската претседателка Вјоса Османи да мине без проверка на нејзиниот телефон и чанта. Во своето излагање, Муцунски вели дека нема да наседнува на провокации и остави можност дека за […]

Лојд Остин ги поништи договорите со терористите за 11 септември, сепак ќе добијат смртна казна


Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин го отповика договорот пред судење постигнат со лица обвинети за планирање на терористичките напади на 11 септември 2001 година. Во меморандумот од петокот, Остин рече и дека го укинува овластувањето на офицерот кој го надгледува воениот суд кој го потпиша договорот во средата. Оригиналниот договор, кој наводно би ги […]

Србија испрати хеликоптер „Ербас Х215 Супер Пума“ за гаснење пожар во државата


 Министерството за внатрешни работи на Република Србија денеска испрати нов хеликоптер на Хеликоптерската единица МВР во Северна Македонија за да помогне во гаснењето на пожарите, јави дописникот на МИА од Белград. -Хеликоптерот на МВР на Србија „Ербас Х215 Супер Пума“, со носивост од три тони вода, со шест припадници на хеликоптерската единица и еден припадник […]

Новиот Европски парламент со поголем „полов јаз“ од претходниот


Брисел – Од 719-те потврдени пратеници во новиот состав на Европскиот парламент само 277 се жени, што е 38,5 отсто од вкупниот број европратеници и претставува намалување од околу 40 отсто колку што беше учеството на жените во претходниот пратенички состав. Ова е прво намалување на процентот на жени во Европарламентот од 1979 година, од кога […]

Службено возило на МВР удрило во 42-годишна жена од Неготинско


Службено возило на МВР удрило во 42-годишна жена од Неготинско, потврди денеска за МИА, Биљана Ѓаковска, портпарол на Сектор за внатрешни работи Велес.  -На 01.08.2024 во ОВР Неготино било пријавено дека во 19.35 часот на улица ,,Маршал Тито”, службено возило на МВР ,,шкода јети”,  управувано од полициски службеник И.П.(46) од Неготино, удрило во пешакот Х.Т.А., […]

Пронајдена е 14-годишната девојка која исчезна вчеравечер во Илинден


Пронајдена е 14-годишната девојка која исчезна вчеравечер во населбата Илинден по претходна расправија во семејниот дом. Како што соопштуваат од МВР, полициски службеници од СВР Скопје ја пронашле К.Р. на Железничката станица во Скопје и ќе биде предадена на родителот. – Денеска околу 12.50 часот на Железничката станица во Скопје полициски службеници од СВР Скопје […]

Пожарот во Косел е реактивиран


Пожарот во охридското село Косел повторно се реактивирал, информираше директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов. Тој утрово рече дека пожарот кај Косел е под контрола и има горење само во еден дел, но поради силниот ветер, како што вели, пожарот избегал од контрола и покрај тоа што 100 лица работат на гаснење […]

Италијанската боксерка Карини наградена со 100.000 долари


Париз– Меѓународната боксерска организација (ИБА) на италијанската боксерка Андела Карини, која го загуби осминафиналето од Алжирката Имане Келиф, ќе и додели парична награда како да е олимписка шампионка, најави претседателот. на ИБА, Умар Кремљев. -Не можев да ги гледам нејзините солзи. Не сум рамнодушен на ваквите ситуации и ве уверувам дека ќе го заштитиме секој […]

Експлодира мина во српската фабрика Крушик: Осум лица се повредени, од кои едно потешко


Белград – Во производствениот погон на воената фабрика  „Крушик“ во Ваљево утринава околу 9 часот експлодирала мина, при што се повредени осум лица, јави дописникот на МИА од Белград. Според првичните информации, инцидентот се случил во работилницата „Фосфор 333“. Како што соопштија медиумите, во просторијата каде што се случила експлозијата имало дваесетина луѓе. Во Ургентниот центар […]

Освои најмногу медали во историјата, а сега на Олимпијадата е во друга улога


Париз – По пет настапи на Олимписките игри (Сиднеј 2000, Атина 2004, Пекинг 2008, Лондон 2012 и Рио 2016)  и 28 медали (23 освоени злата и пет комбинирани сребрени или бронзени медали), Мајкл Фелпс (39)заврши со натпреварувачко пливање и се фокусира на уште поголем предизвик – одгледување четири момчиња. Спортистот се ожени за поранешната мис […]