Женг ја освои олимписката титула во тенис за жени во сингл
Париз – Кинеската тенисерка, Кинвен Женг ја освои титулата во сингл за жени на Олимписките игри во Париз.
Шестата носителка Женг во финалето оствари триумф над 13.пласираната Хрватка Дона Векиќ со 6:2, 6:3.
Таа стана првата Кинеска која освоила златен медал во сингл на Олимписките игри.
Натпреварот траеше час и 46 минути.