Ризичниот потег на Макрон се исплатеше


Францускиот претседател Емануел Макрон ја шокираше својата земја – и светот – кога распиша предвремени избори минатиот месец, веднаш откако неговата партија беше поразена од екстремно десничарскиот Национален собир (РН) при гласањето за Европскиот парламент. Освен малата група советници, Макрон не предупреди никого, дури ни неговиот премиер Габриел Атал. Сепак, потегот изгледаше внимателно планиран. А […]

СДСМ: Папагалски лаги на Лефков и ВМРО-ДПМНЕ, да ги докажат тврдењата или да престанат


Лефков и ВМРО-ДПМНЕ или треба да ги докажат обвинувањата или треба да престанат да лажат за претседателот на СДСМ.  Една иста повторена или фабрикувана лага која како папагали ја повторуваат не може да стане вистина, ако на тоа се надева Лефков.    Ова е лоша копија на старото ВМРО-ДПМНЕ кое не се занимава со потребите […]

Затворски казни за петмина обвинети во „Синџир“


Затворски казни и една условна казна затвор, изрече Основниот кривичен суд Скопје за обвинетите кои вчера признаа вина во предметот „Синџир“, кој се однесува на даночно затајување. Обвинети се за „злосторничко здружување“, „перење пари“ и „даночно затајување“.  Првообвинетиот Сашо Вучков доби две и пол години казна затвор, неговиот татко две години казна затвор и илјада […]

Мобилни екипи во Кисела Вода им помагаат на граѓаните за справување со високите температури


Општина Кисела Вода заедно со Црвен Крст на Општина Кисела Вода денес го започна проектот “Топлотен бран” кој има за цел во топлите летни денови да го заштити здравјето на своите граѓани. На најфреквентните локации, парковите, автобуските постојки, мобилни екипи составени од возило на Црвениот Крст, медицинско лице- доктор, волонтери на Црвен Крст, референти од […]

Лефков: Венко Филипче да каже како со плата се купува Ауди Q8 и се гради хациенда на Водно?


Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков денеска го повика новиот лидер на СДСМ, Венко Филипче да каже како „со плата се купува возило марка „Ауди Q8“ и се гради хациенда на Водно“. Лефков на прес-конференција праша чиво е аудито со кое Филипче се вози, односно дали е на негово име или на некој друг. -Дали луксузното […]

Големи пожари во јужниот дел на Албанија


Војници и пожарникари денеска се ангажирани за гаснење пожар во јужна Албанија во во близина на грчката граница, соопшти албанското Министерство за одбрана. Во соопштението се наведува дека противпожарни екипи, поддржани од хеликоптер вчера ставиле под контрола неколку шумски пожари, но високите температури и ветровите го поттикнале ширењето на пламенот во близина на Дропул, Финиќ […]

Бугарија загуби речиси 650 милиони евра поради одлагањето на приемот во Шенген


Како последица на тоа што не беше целосно примена во Шенген зоната, Бугарија годинава загуби околу 648 милиони евра, од кои 423 милиони евра директни загуби и 225 милиони евра изгубени бенефиции, се наведува во извештај на Институтот за економски истражувања при Бугарската академија на науките (БАН).  Податоците во извештајот, изработен за потребите на бугарското […]

Вилем Дефо e именуван за уметнички директор на Биенале Театро во Венеција: „Јас сум сценско животно“


Холивудскиот актер Вилем Дефо е новиот уметнички директор на театарскиот оддел на италијанската уметничка организација Ла Биенале ди Венеција, Биеналето во Венеција, со двегодишен мандат 2025-2026 година. „Театарот е всушност оригиналниот дом на неговата сјајна кариера“, рече Пјетранџело Бутафуоко, претседател на одборот на директори на Биеналето, која е фондацијата што го надгледува филмскиот фестивал во […]

ЕК препорача постапка против седум членки на ЕУ поради „прекумерен дефицит“


Европската комисија реши да му препорача на Советот на ЕУ да покрене постапки против седум земји членки на Унијата поради „прекумерно ниво“ на нивниот буџетски дефицит.  Станува збор за Белгија, Италија, Малта, Полска, Словачка, Унгарија и Франција, за кои според Еврокомисијата постои оправдана основа за започнување постапка за „прекумерен дефицит“.  Согласно ваквиот предлог на ЕК, […]

Двајца министри и ЗЕЛС се договорија да спроведат дигитализација на општините


Министерот за локална самоуправа Златко Перински денеска имаше состанок со министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски и со претседателот на ЗЕЛС Орце Ѓорѓиевски. На состанокот се разговараше за процесот на дигитализација на локалните услуги. Беше констатирано дека дигиталната трансформација на локално ниво е приоритет и на централно и на локално ниво и дека преку соработка […]

Првиот трејлер за филмот за Формула 1 со Бред Пит 


Оскаровецот Бред Пит го игра главниот протагонист во филмот F1. Станува збор за спортска драма за Формула 1, која во кината ќе пристигне за околу една година. Во филмот играат и Хавиер Бардем, Луис Хамилтон, Демсон Идрис и Кери Кондон. Во интервју за Sky Sports во 2023 година, Бред Пит рече дека во филмот „F1“ […]

Портокалов аларм до средината на наредната недела, температури и над 40 степени


Под влијание на многу топла воздушна маса од југ, продолжува периодот на сончево и многу топло време, освен во недела кога во попладневните часови ќе има услови за изолирана нестабилност со пороен дожд и грмежи, соопшти УХМР. Дневната температура насекаде ќе биде над 30°C, а наместа ќе надминува 40°C. Особено топло ќе биде од четврток […]

 „Ѓаволот носи Прада“ се враќа по две децении –  „Дизни“ работи на продолжението


Подгответе се, модни фанови! Миранда Пристли можеби ќе се врати на големото платно по речиси две децении. Писателката на The Devil Wears Prada, Алин Брош Мекена наводно работи на продолжението на хитот на бокс офисот од 2006 година, пренесува Puck News. Венди Фајнерман, продуцент на оригиналниот филм, треба да го развие и продуцира продолжението. Дедлајн […]

Промена во „Тиквеш“: Јаневска и Крстевски заминуваат од Управниот одбор


Љупчо Крстевски и Драгана Јаневска не се повеќе дел од составот на Управниот одбор на Винарската визба „Тиквеш“. Одлуката е донесена од страна на Надзорниот одбор. За измените во овој орган на управување од компанијата информираат преку Македонска берза. „По Одлука од седница на Надзорен одбор отповикани се двајца членови на Управниот одбор на Акционерско […]

Таборот на Макрон планира враќање на врвот


ПАРИЗ – Прашината едвај се спушти по неделниот изненадувачки резултат на француските избори кои доведоа до поделено Национално собрание, а веќе сојузниците на претседателот Емануел Макрон се надеваат да ги свртат превирањата во своја полза. Наспроти неодамнешните предвидувања, левичарската алијанса Нов народен фронт освои најмногу места во последниот круг од парламентарните избори во неделата, престигнувајќи […]

Сакал да отиде Грција со фалсификувана бугарска лична карта откако го пуштиле на викенд од затворот „Штип“


Вчера полициски службеници го уапсиле 32-годишниот А.Р. откако со фалсификувана бугарска лична карта сакал да влезе во Грција преку Богородица. При дополнителни проверки било откриено дека издржувал затворска казна во Затвор Штип и бил пуштен за викенд. „На 08.07.2024 во 23.00 часот на Граничниот премин Богородица, на излез од државата, полициски службеници го лишиле од […]

НАТО наполни 75 години, каква е неговата иднина


  НАТО наполни 75 години. Кога неговите лидери ќе се состанат овие денови во Вашингтон, ќе го прослават фактот дека издржа толку долго. Но, сојузот треба да направи повеќе од опстанок за да биде вистински успешен. Исто така, треба да им служи на интересите на своите членови. Историјата на НАТО е приказна за борбата да […]

„Чад и оган“ – нова збирка раскази од Паскал Гилевски


 Во издане на „Матица македонска“ од Скопје, излезе од печат збирката раскази „Чад и оган“ од современиот македонски писател Паскал Гилевски. На страниците од своето ново дело авторот застапува тринаесет раскази создавани во последните години. -Неговите раскази се проткаени со поетски лиризам и метафоричност. Во прозниот исказ на овој автор постојат автохтони лингвистички јадра од […]

„Ефтеркланг: Македониум бенд” – распродадена премиерата за отварањето на Синедејс на 11 јули


Со проекција на филмот „Ефтеркланг: Македониум бенд”, во режија на Андреас Јонсен, во продукција на МКЦ, Rosforth и Rumraket, како и со концерт на „Ефтеркланг: Македониум бенд”, на 11 јули ќе биде отворен  23. издание на фестивалот СИНЕДЕЈС. Музичкиот документарен филм кој се снимаше во текот на април 2023 претставува музичко патешествие на групата Ефтеркланг […]

(Видео) Вака Грците прават макарони со спанаќ и фета сирење


Има многу рецепти за макарони, а ние ви предлагаме да ги направите на грчки начин со фета и спанаќ. Познато е дека макароните доаѓаат од Италија и ги имаат најдобрите рецепти. Но, исто така, во секоја земја домаќинките и професионалните готвачи го прилагодуваат познатото јадење на нивниот вкус. Ви го пренесуваме и познатиот грчки рецепт […]