Во Албанија одложено отворањето на прифатните центри за мигранти


Прифатните центри за мигранти од Италија лоцирани во Албанија во моментов не можат да почнат да примаат луѓе поради технички проблеми, пренесоа албанските медиуми. Центрите првично требаше да бидат отворени во мај. Италијанската премиерка Џорџа Мелони на почетокот на јуни најави дека центрите би можеле да започнат со работа на 1 август. Сепак, датумот за […]

Унгарија ќе испрати три противпожарни возила и воздухополови во Македонија


Поддршка од Унгарија за справување со пожарите: Пристигнуваат теренски возила и воздухоплови, објави министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски на неговиот фејсбук профил. – Во денешниот телефонски разговор, мојот унгарски колега, Петер Сијарто, ме информираше дека Унгарија ќе испрати три противпожарни возила и воздухополови, кои ќе помогнат во справување со пожарите. Помошта од Унгарија е […]

Славјанка Петровска: Срам да ви е за неспособноста


  Поранешната министерка за одбрана Славјанка Петровска објави критики кон актуелната власт за начинот и брзината со која се справува со пожарите кои дивеат низ Македонија како никоаш досега. „Срам да ви е на неспособноста навремено да го активирате НАТО механизмот и да побарате поддршка за гаснењето на пожарите. Срам да ви е на неспособноста […]

По три дена локализиран e пожарот кај Пехчево


Локализиран e големиот пожар кој вчера избувна над пехчевското село Негрево. Гасењето на пожарот траеше речиси два дена, откако синоќа се закануваше да го зафати градот Пехчево, заради што градот денеска цел ден беше мобилизиран.  Најкритично беше кај месноста Равно Борје, а во гаснењето целосно беа вклучени поголем број на луѓе, за што од Општината […]

Надал без медал го заврши настапот на Олимписките игри


Шпанецот Рафаел Надал го заврши настапот на Олимписките игри во Париз откако вечерва заедно со сонародникот Карлос Алкараз претрпеа пораз во четвртфиналето во машки двојки од американските тенисери Остин Крајчек и Раџив Рам. Американската двојка се пласираше во полуфиналето со победа од 2-0 во сетови (6-2, 6-4). Дуелот на централниот терен „Филип Шатрие“ траеше еден […]

Делови од Аеродром, Арачиново и Гази Баба вечер без струја


Делови од населбите Аеродром, Ново Лисиче, Горно Лисиче, Реонски центар и Острово  вечер, од полноќ до 8:00 часот, ќе останат без струја. Како што објави Општина Аеродром на Фејсбук, прекините се поради планирани технички зафати. Без снабдување со електрична енергија вечер, од 1:30 до 9:00 часот ќе бидат селата Арачиново, Орланци, Мојанци, Брњарци, Трубарево, Стајковци, […]

Швјонтек во полуфинале на олимпискиот турнир


Париз– Полската тенисерка Ига Швјотнек се пласираше денеска во полуфиналето на олимпискиот турнир во Париз, откако Американката Даниел Колинс ѝ го предаде дуелот во третиот сет. Швјонтек го доби првиот сет со 6:1, а Колинс беше подобра во вториот со 6:2. Полската тенисерка водеше со 4:1 во третиот сет, пред Колинс да го предаде мечот. […]

Канадски шок за Медведев: Русинот го заврши настапот на ОИ во Париз


  Данил Медведев го заврши настапот на Олимписките игри во Париз, откако денеска загуби во дуелот со Феликс Оже-Алисим. Русинот потклекна во осминафиналето во кое канадскиот ривал диктираше темпо и заслужено го доби мечот во два сета.   Оже-Алиасим во првиот сет беше подобар со 6:3, имаше брејк и во вториот, но мораше да игра […]

Драмски театар добива нова зграда?


На вчерашната седница на Владата, на предлог на Министерството за култура и туризам беше разгледана информација за состојбите од штетите од невремето кои настанаа во објектот на Драмскиот театар Скопје. При тоа владата го задолжува Министерството за култура и туризам, согласно предвиденото во Програмата за работа на Владата 2024-2028 година, во Годишната програма за инвестиции […]

За една недела 78 нови ковид случаи и еден починат, стотици не ни знаат дека се заболени


Во последнава недела, односно во периодот од 22 до 28 јули, Институтот за јавно здраје (ИЈЗ) евидентирал 78 нови случаи на ковид од вкупно направени 263 тестови. Како што информираат оттаму за Мета.мк, при секвенционирањето примероци позитивни на SARS-CoV-2, извршено во одделението за вирусологија при ИЈЗ детектирани се варијантите на Омикрон JN.1 (кај 23 примероци), […]

Владата именуваше триесетина нови в.д. директори, заменици и национални координатори


Владата на вчерашната седница донесе повеќе кадровски одлуки, односно именуваше в.д. директори на институции, национални координатори, а донесе и препораки до членовите на Управните одбори кого да изберат за претседател. Ова се новите кадровски решенија на Владата: 1. Хасим Муртезани e именуван за заменик на Генералниот секретар на Владата. 2. Павле Трајанов e именуван за […]

Алкараз – Пол, втора четвртфинална двојка на Олимпијадата во Париз


Париз – Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз се пласираше во четвртфиналето на Олимписките игри откако лесно го совлада Русинот Роман Сафиулин со резултат 2:0 (6:4, 6:2) за еден час и 29 минути. Во првиот сет Алкараз по два брејка водеше со 3:0, а иако Русинот врати еден брејк, Шпанецот водеше со 1:0 во сетовите. Во вториот […]

Кели Ортберг доаѓа на чело на Боинг


Кели Ортберг, поранешен извршен директор на Роквел Колинс, го презема раководството на американскиот производител на авиони Боинг. Името на новиот извршен директор Боинг го објави откако ги објави оперативните резултати кои покажаа дека загубата се продлабочила на 1,4 милијарди долари во вториот квартал од оваа година од 149 милиони долари минатата година. Ортберг го презема […]

„Делта ер лајнс“ ќе загуби 500 милиони долари поради прекинот предизвикан од „КраудСтрајк“


Извршниот директор на „Делта ер лајнс“ (Delta Air Lines), Ед Бастијан изјави дека авиопревозникот ќе загуби 500 милиони долари поради прекинот предизвикан од „КраудСтрајк“ (CrowdStrike). Авиокомпанијата „Делта ер лајнс“ помеѓу главните американски авиопревозници најбавно се опоравува по глобалните проблеми со оперативниот систем „Виндоус“ (Windows) на „Мајкрософт“ (Microsoft) на 19 јули, што доведе до откажување на […]

Венеција му посака топло добредојде на Кевин Костнер


Венеција– Вториот дел од филмот „Хоризонт: Американска сага“ на Кевин Костнер ќе ја има својата светска премиера на филмскиот фестивал во Венеција во септември, соопштија организаторите во средата. „Поглавје второ“ првично требаше да има премиера во кината во средината на август, но беше повлечен од распоредот откако „Прво поглавје“ беше недоволно гледано. Продолжението на вестернот […]

„Тоа не функционира така“: Амбасадорот Гир за желбата да се пренаменат европските пари за железницата


  Евроамбасадорот Дејвид Гир вели дека е едноставно да се каже, но дека е речиси невозможно да се спроведе пренамената на европските пари од изградбата на железницата кон Бугарија на пругата од Коридорот 10 (кон Грција). Во интервју за „Слободен печат“ Гир вели: „Не може едноставно да се пренаменат парите од Коридорот 8 на Коридорот […]

УЈП: Даночните обврзници да платат ДДВ во законскиот рок, по доставените опомени ќе пристапи кон присилна наплата на долгот


Управата за јавни приходи по сумирани податоци од обработката на ДДВ пријавите информира дека ДДВ долг за јуни пријавиле 4.030 месечни даночни обврзници во вкупен износ од 3.168.673.344 ден. За кварталот април-јуни пријавиле 16.534 тримесечни даночни обврзници во вкупен износ од 1.982.960.788 ден. Од УЈП ги повикуваат останатите 1.277  месечни обврзници, кои имаат долг од […]

Ќе се скрати процедурата за градење здравствени, образовни и научни објекти, но и за катни гаражи


Министерството за транспорт на денешната седница на Владата предложи измени на Законот за урбанистичко планирање.  Како што се посочува во соопштението од владината седница, со измените ќе се скрати и олесни процедурата за изградба на здравствени, образовни и научни објекти, како и катни гаражи кои ќе бидат во функција на решавање на сообраќајниот хаос. Со […]

И „Комунална хигиена“ поставува контејнери за кабаст отпад – опфатени сите скопски општини


ЈП Комунална хигиена-Скопје ги информира граѓаните дека од 5.8..до 11.9. 2024 г. на повеќе локации во сите општини на градот ќе постави контејнери за кабаст отпад во близина на нивните домови кадешто граѓаните ќе можат бесплатно да го одложат во контејнерите. Со тоа ќе се избегне грдата слика во населбите на нашиот град. Се надеваме […]

Влада: До сега подготвени 56 проектни документации за капитални инвестиции и проекти


Владата ја усвои информацијата на Министерството за локална самоуправа за конкретни активности за финансирање на капитални проекти во општините, за кои владата согласно својата програма има план да инвестира 250 милиони евра. За 2024 година на располагање на општините се 6 милијарди денари кои се обезбедени со новиот ребаланс. Досега Министерството за локална самоуправа преку […]