Од денеска струјата по нова, минимално зголемена цена


 Сметките на потрошувачите на електрична енергија на регулираниот пазар, односно на домаќинствата и на малите потрошувачи, од денеска до крајот на годинава, за најголем дел од потрошувачите, ќе бидат повисоки за 0,4 отсто. Одлуката за минималното зголемување на цената во четвртокот ја донесе Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).  Како што посочи претседателот на РКЕ Марко […]

ЕП 2024: Шпанија убедлива против Грузија, следна пречка Германија


Келн – Шпанија ја победи Грузија со 4:1 во Келн и си закажа натпревар со Германија во четвртфиналето на ЕП 2024. Грузијците изненадувачки поведоа по автоголот на Робин Ле Норманд во 18. минута, но тоа само ги налути Шпанците, кои израмнија пред паузата преку Родриго Ернандез, а во вториот дел додадоа три гола преку Фабијан […]

Стопанската комора организира бизнис дружење со најуспешните членки


Стопанската комора на Северна Македонија, на иницијатива на претседателот на Комората Бранко Азески,  денеска во Скопје, организира пикник насловен „Бизнис дружење со најуспешните членки“. Целта, како што наведуваат од Стопанската комора, е преку неформално дружење и пријатна атмосфера, да се разменат искуства, дилеми, предизвици со кои се соочуваат компаниите. 

Многу топло со температура до 39 степени, од утре дожд


Времето денеска во земјава ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од југозападен правец. Во текот на ноќта ќе има локална појава на невреме со пороен дожд, грмежи, силен ветер и град. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 32 до 39 степени. […]

Астрономски календар


Денеска е понеделник, 1 јули 2024 година, 183-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 183 дена.  Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 2 минути, а ќе зајде во 20 часот и 13 минути. Денов трае 15 часа и 10 минути. Месечината, која е во фаза на последна четвртина ќе изгрее во […]