Реакции за изборите во Франција: Макрон е на раб да изгуби се!


Партијата „Национален собир“ на Марин Ле Пен синоќа извојува убедлива победа во првиот круг од парламентарните избори во Франција, пишува „Њујорк Тајмс“. За претседателот Емануел Макрон, резултатот од изборите претставува сериозен неуспех, откако се обложи дека победата на  „Национален собир“ на неодамнешните избори за Европскиот парламент нема да се повтори, забележува изданието. Макрон не беше […]

Румен Радев му го врачи на ГЕРБ-СДС првиот мандат за формирање влада


Бугарскиот претседател Румен Радев денеска му го врачи мандатот на Росен Желјазков за да состави влада. Според Уставот на Република Бугарија, Радев додели мандат за формирање влада на најголемата пратеничка група – ГЕРБ-СДС. Кандидат за премиер е Желјазков и самиот го претстави предлог-кабинетот во кој ќе има 19 министри. „Ова е голема одговорност и тест“, […]

МВР: На Табановце се чека поради терористичките закани во Србија


 Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека зголемениот временски период на чекање на ГП Табановце, за влез и излез од територијата на Република Северна Македонија е поради прогласеното црвено ниво на безбедносен ризик од тероризам во Република Србија. Како што стои во соопштението, граничните полиции на двете држави се во постојана комуникација со цел овозможување […]

Американските бази во Европа се во состојба на готовност поради можна терористичка закана


Американските воени бази ширум Европа, вклучително и Германија, во текот на викендот беа ставени во состојба на готовност поради можен терористички напад. Американската телевизија Си-ен-ен објави дека Пентагон прогласил втор највисок степен на безбедност во американските бази, повикувајќи се на двајца неименувани владини претставници. Тоа ниво на безбедност, познато како Force Protection Charlie, се применува […]

Град Скопје доби 50.000 долари за младите да рециклираат


Градот Скопје е добитник на награда од Младинскиот климатски акциски фонд, за отворањето и успехот на првата јавна биотехнолошка лабораторија во Македонија и регионот на Град Скопје со поддршка на УНДП и УНИЦЕФ, кој Градоначалничката Данела Арсовска го претстави на COP28 Локалниот самит за климатски активности.   Град Скопје е добитник на награда од 50.000 […]

Почнува Петровденскиот (Апостолски) пост


За православните христијански верници кои се водат според Јулијанскиот календар денеска почнува Петровденскиот пост во чест на светите апостоли Петар и Павле и му претходи на празникот Петровден, кој секогаш се одбележува на 12 јули. Должината на Петровденскиот пост зависи од празникот Велигден. Овој пост, еден од четирите повеќедневни пости во текот на годината (Велигденски, […]

На сила забраната за изведување градежни активности во центарот на Охрид


Согласно одлуките на локалната власт во Охрид од денеска стапува на сила забраната за изведување градежни работи во централното градско подрачје во текот на туристичката сезона. Забраната ќе биде на сила до 31 август. – Забраната се однесува на просторот јужно од булеварот „Туристичка“ на потегот од „Билјанини извори“ до реката Даљан и на туристичките […]

Јужна Кореја ја издигна демографијата на ниво на министерство – пребрзо се старее


Јужна Кореја ќе формира ново министерство за стратегии за населението за справување со нискиот наталитет и брзото стареење на населението, прашања што се наметнаа како најпредизвикувачките проблеми со кои се соочува јужнокорејското општество. По средбите со владејачката партија, Владата објави план за ревизија на законот за организација на владата со цел формирање на министерство, јавија […]

Каратистите на „Макпетрол“ на Светската младинска карате-лига освоија сребро и две седми места


Сребрен медал и два пласмани на седмо место се резултатите што каратистите на „Макпетрол“ ги остварија на Светската младинска карате-лига. На турнирот што од 27 до 30 јуни се одржа во хрватскиот град Пореч, Стефан Стојановиќ заврши на втората позиција (+84 кг.). Седми во своите категории беа Данило Божовиќ и Витомир Трајковски.   – За […]

Дел од францускиот печат за изборите во државата


Париз – Дваесетте дена изборна кампања не беа доволни за да се смени трендот забележан на изборите за Европскиот парламент на 9 јуни. Главниот ефект од предвремените парламентарни избори, најавени на изненадување од францускиот претседател Емануел Макрон, беше консолидирање на позициите на трите блока кои доминираат на националната политичка сцена и во идното Национално собрание: […]

Бијело дугме повторно во мода : Цензурираната верзија на „Битанга и принцеза“ конечно меѓу фановите


Croatia Records, најголемата дискографска куќа во регионот со гордост ја претставува новата, досега нечуена и невидена верзија на албумот „Битанга и принцеза“ на култните „Бијело дугме“. Четириесет и пет години подоцна, четвртиот, најамбициозен, и, според многумина, најдобар албум на иконите на југословенскиот рокенрол – „Бијело дугме“ доаѓа во ново звучно и визуелно руво. За повторно миксање […]

Стив Банон треба да одлежи 4 месеци во затвор


Вашингтон – Поранешниот советник и близок соработник на Доналд Трамп, Стив Банон, денеска е повикан да се јави во федералниот затвор во државата Конектикат на отслужување на четиримесечната затворска казна изречена поради непочитување на поканата во истрагата на Конгресот за нападот врз Капитол Хил на 6 јануари 2020 година. Судијата што го води неговиот случај му […]

Мишел ја откажа денешната посета на Подгорица


Брисел – Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел ја откажа најавената посета на Црна Гора, а планираните разговори ќе ги има со претседателот на Црна Гора Јакоб Милатовиќ во Брисел. „Се договоривме да се сретнеме во Брисел во вторник (2 јули). Важно е Црна Гора да остане фокусирана на европскиот пат“, напиша Мишел на платформата […]

Договорот за слободна трговија Србија – Кина стапува од денеска на сила


Белград – Договорот за слободна трговија меѓу Србија и Кина стапува денеска во сила чија цел е да се овозможи повластен пристап до кинескиот пазар за производи од српско потекло, јавија српските медиуми. Преференцијалниот пристап на производите од српско потекло на пазарот со повеќе од 1,4 милијарди жители ги става компаниите од Србија во многу […]

Унгарија од денеска претседава со ЕУ


Брисел – Унгарија  го презема од денеска претседавањето со ЕУ, а еден од седумте приоритети на Будимпешта ќе биде конзистентна и заснована на заслуги политика на проширување со порака дека ЕУ не може да биде целосна без пристапот на Западен Балкан во блокот. Покрај проширувањето, приоритети на унгарското претседателство ќе бидат конкурентноста, одбраната, илегалната миграција, […]

По 30 минути се чека на „Табановце“ и „Богородица“


По половина час се чека на граничните премини „Табановце“ за влез во земјава и на „Богородица“ за излез кон соседна Грција, информира утринава Авто мото сојузот на Македонија.  На останатите гранични премини, според информациите на АМСМ, нема подолги задржувања за влез и излез од земјава.  Поради летните одмори, гужви на овие гранични премини имаше и […]

Предавање на Изабел Лорај во Чифте амам


Во рамки на програмата на КРИК 09 – Фестивал за критичка култура, вечерва во 19, 30 чаот, во Чифте амам во Скопје предавање ќе одржи политичката теоретичарка Изабел Лорај. Како што соопштија организаторите на Фестивалот, таа ќе одржи предавање насловено како „Презентистичка демократија: Практика на грижа и квир долг“, во кое ќе се тематизираат сегашните […]

Екстремната десница извојува историска победа во првиот круг од парламентарните избори во Франција


Париз – Според неофицијалните резултати од парламентарните избори во Франција, екстремно десничарската партија Национален собир е голем победник во првиот изборен круг со 33,5 отсто освоени гласови, што значи дека партијата би можела да обезбеди меѓу 240 и 270 пратениците во новото свикување на Народното собрание во анализата на агенцијата Ифоп. Таа партија, чиј лидер […]

Последен ден од конкурсот за наградата „Пегаз“


До денеска ќе биде отворен шестиот конкурс за наградата „Пегаз“, за најдобар необјавен роман во 2024 година. На конкурсот, распишан од издавачката куќа „Арс Ламина“ и Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, можат да конкурираат сите необјавени романи напишани на македонски јазик, наменети за возрасни или за деца. Како што соопштија […]

Без вода неколку улици во Автокоманда


Поради уличен дефект на 16-та Македонска Бригада бб (парк Шума Гази Баба), денеска, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците 16-та Македонска Бригада, Јани Лукровски, Ташко Караџа и Трифун Хаџијанев, во скопската населба Автокоманда. Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 часот до санација на дефектот.