Светски ден на крводарителството – македонските граѓани се хумани, даруваат крв и спасуваат животи


Во болниците и во здравствените установи во земјава има доволно количини крв. Во Градската болница „8 Септември“, ситуацијата е стабилна иако поради зголемениот број хируршки интервенции побарувачката на крв и крвни продукти е зголемена. Во светот денеска се одбележува денот на крводарителството. Македонските граѓани донираат крв и се хумани, а во крводарителските акции на Црвениот […]

Фестивалот „Преку езерото“ отвора Конкурс за дипломски краткометражен игран или документарен/експериментален филм


В понеделник, 17 јуни, почнува Конкурсот за дипломски краткометражен игран или краткометражен документарен/експериментален филм, што е дел од годинашниот Фестивал на медитерански и балкански филм „Преку езерото“. Конкурсот е наменет за студентите од Факултетот за драмски уметности при УКИМ и од Универзитетот „Еуропа Прима“ – Скопје, од класата режија за филм и телевизија, а филмот […]

Доналд Трамп и Џозеф Бајден, најстарите претседателски кандидати во американската историја


Поранешниот американски претседател Доналд Трамп денеска полни 78 години, што, според американски медиуми, е пресвртница што ќе ги потсети американските гласачи дека двајцата кандидати на претстојните избори се најстарите кандидати во американската историја. Анкетите на јавното мислење покажуваат дека Американците се позагрижени за возраста на актуелниот претседател на САД, Џозеф Бајден, кој има 81 година, […]

14 јуни во историјата – Германските војски го окупираа Париз


  На 14 јуни 1940 година, парижаните се разбудија од звукот на глас со германски акцент кој преку звучници објавува дека е воведен полициски час од 20 часот таа вечер додека германските трупи влегуваа и го окупираа Париз. Британскиот премиер Винстон Черчил со денови се обидуваше да ја убеди француската влада да продолжи, да не […]

Путин ќе ја запре војната ако Украина се откаже од НАТО и од анектираните територии


  Рускиот претседател Владимир Путин во петокот вети дека „веднаш“ ќе нареди прекин на огнот во Украина и ќе започне преговори, доколку Киев почне да ги повлекува трупите од четирите региони кои ги анектираше Москва во 2022 година и се откаже од плановите за приклучување кон НАТО. Ваквиот договор се чини дека не е почеток […]

За упадот во М-НАВ седуммина добија условни казни


  Основниот кривичен суд Скопје денеска во врска со случајот од 4 јануари во просториите на М-НАВ, на Меѓународниот аеродром „Скопје“, донел пресуди врз основа на предлог-спогодби со седум лица обвинети како соизвршители на кривично дело спречување на службено лице во вршење службено дејствие од член 382 став 3 во врска со став 1 од […]

Нè очекува жешко лето: Жештините веќе ги уништуваат патувањата во Европа


Туристите ги очекува уште едно лето со жештини и екстремни временски услови. Грчките власти неделава го затворија Акропол поради високите температури во средината на денот. Опасни по живот температури ќе ги погодат и САД оваа недела, а технички сѐ уште е пролет. Рекордните температури и екстремните временски настани ширум светот во последните денови најавуваат уште […]

Малолетници со мотори повредени во сообраќајки


Тинејџер со мотор удрил во малолетник, моторџии паднале од мотор, а друг со морот се удрил во автомобил. Летните месеци се резервирани за сообраќајни незгоди во кои учествува мотор, а тоа не е исклучок и во последното деноноќие. Имено, полицискиот билтен нотира четири сообраќајки во кои учесниците ввозат мотор. Во четвртокто, во 16.50 часот во […]

Еуро 2024: Фудбалскиот туризам ќе ѝ донесе на Германија 1 милијарда евра


  Фудбалскиот турнир Еуро 2024 се очекува да ѝ донесе на Германија дополнителни 1 милијарда евра од странските посетители кои доаѓаат да го следат натпреварувањето, кое започнува во петок навечер, покажа новото истражување. Тоа ќе го зголеми економското производство на земјата за околу 0,1 отсто во вториот квартал, според студијата спроведена од Институтот Ифо во […]

Морталитетот лани намален за 10,1 отсто


Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на умрените во земјава во 2023 година изнесува 20.187 и е намален за 10,1 oтсто во однос на претходната година. Поголем број умрени се од машки пол, и тоа 10.640 или 52,7 отсто од вкупно умрените лица. Бројот на умрените доенчиња изнесува 30 и нивното учество во […]

Собрани 1.938 крвни единици во Општина Центар годинава


По повод Светскиот ден на крводарителството Општина Центар ја известува јавноста дека Општинската организација на Црвен Крст Центар од јануари до мај 2024 година, има организирано 41 крводарителска акција во која се обезбедени 1938 крвни единици. Со овие бројки нашата општинска организација значително придонесува во задоволување на потребите за крв потребна за спасување живот. Општина […]

Трансформации на нинџите и сликата за нив во светот и во Јапонија – предавање на проф. Јуџи Јамада


На 17-ти и 18-ти март во 10 ч., професорот г. Јуџи Јамада, ќе одржи предавање „Трансформации нинџите и сликата за нив во светот и во Јапонија“ на Институтот за Етнологија и Антропологија при Природно математичкиот факултет на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје. Професорот Јамада е специјализиран за средновековна јапонска историја и култура на Универзитетот […]

Матијас Енар во Скопје на 50-годишнината на Францускиот институт во Скопје


Францускиот институт во Скопје и издавачката куќа „Антолог“, во рамките на одбележувањето на 50-годишнината на Францускиот институт во Скопје кое е под мотото „Најдоброто од Франција“, ги канат сите љубители на добриот француски роман на интерактивна книжевна средба со еден од најзначајните француски писатели денес и лауреат на Гонкуровата награда, Матијас Енар. Средбата ќе се одржи во среда, 19 јуни […]

Двоен „Златен був“ за „Прозаични стихови“ на Али Асгари и Алиреза Катами на 14. Филозофски филмски фестивал 


Вчеравечер во Кинотеката на С. Македонија се затвори 14. издание на Филозофскиот филмски фестивал. Со проекција на филмот „Златната треска“ на Чарли Чаплин, дискусија со професорот Стивен Фридман и прогласување на наградените филмови, заврши уште едно издание на Филозофскиот филмски фестивал.  Жири-комисијата на 14. Филозофски филмски фестивал во состав на Славица Србиновска (компаратистка), Иван Миленковиќ […]

Митреска: Инвестирањето во човечките ресурси е клучно за градењето силни институции


Силните институции се предуслов за силни економии и правични општества. Највредниот ресурс на институциите е човечкиот капитал, оттаму инвестициите и стратегијата на постојан развој и унапредување на кадрите е суштинска за нивното јакнење. Забрзаниот развој на технологиите, климатските промени, геополитичката нестабилност и флуктуацијата на кадрите создаваат неизвесно окружување за јавните институции. Оттаму, тие треба да […]

Самитот за Украина ги привлече светските лидери, но нема да ја изолира Русија


Светските лидери ќе му се придружат на украинскиот претседател Володимир Зеленски овој викенд на самит на кој ќе се истражат опциите за ставање крај на најкрвавиот конфликт во Европа од Втората светска војна, но Русија не е поканета и настанот нема да ја исполни целта на Киев да ја изолира Москва. Американската потпретседателка Камала Харис, […]

Француските левичарски партии формираа „народен фронт“ за изборите


  Четирите главни левичарски партии во Франција се согласија да формираат „Народен фронт“ (НПФ) за предвремените избори, да водат кампања на заедничка платформа и да изнесат единствен кандидат во секоја изборна единица. Социјалистичката партија (ПС), Зелените, комунистите и Непокорна Франција (ЛФИ) предводена од крајниот левичар Жан-Лук Меланшон изјавија дека постигнале договор по неколкудневни тешки разговори […]

Милошоски, Митревски и Бендевска избрани за потпретседатели на Собранието


  Собранието во рамките на третата седница без расправа и едногласно ги избра пратениците Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ, Јован Митрески од СДСМ и Весна Бендевска од ЗНАМ за потпретседатели на Собранието, кои денеска беа утврдени на Комисијата за прашања на изборите и именувањата. За Милошоски гласаа 69 пратеници, за Митрески се изјаснија 82 пратеници, а […]

Над 44 степени највисоката максимална температура во Грција во текот на вчерашниот ден


Екстремно високи температури биле регистрирани вчера во повеќе делови на Грција, а на островите Крит и Родос, на Пелопонез и во областа Атика, поширокиот регион на Атина термометарот покажал меѓу 43,3 и 44,5 степени Целзиусови, според податоците на Националната опсерваторија и порталот Метео, јави дописничката на МИА од Атина. Од вкупно 500 активни метеоролошки станици […]

Дел од Студеничани без вода


Без вода денеска од 9:40 часот е дел од Студеничани. Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ –  Скопје, прекинот е поради уличен дефект на улица „5“ во Студеничани. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување со работните активности.